Мамички ајде ве молам ваше мислење.. Имав млеко во двете гради бебушот цицаше и од двете. Наеднаш левата ми остана тврда и поголема десната ми е мека и помала.. И сега не сака од десната да цица се нервира, ве молам за совет.
Некои жени не можат да измолзат многу едноставно најубав вакум прави бебето. Јади овес, вода, сок од јаболко, чај за доилки од билна аптека сигурно ќе се зголеми, после доење со пумпата 20 минути молзи па 10мин пауза па пак 10 минути молзи па 10 минути пауза, така се стимулира за повеќе млеко да имаш, но запамти дека колку ќе измолзиш не е репер колку млеко имаш.
Напорно е многу. Јас сум на свое и во иста зграда живеам кај што ми е работата. Тодлерката е во градинка секој ден, попладне заедно кога сум со двете, ги анимирам и двете. Бебе плаче и ми е во раце, даде со играчките си игра па јас стојам со бебе до даде. Бебе наутро го чува свекрва, јас се качувам за доење или кога немам работа, дома сум си со неа. Шише одмолзено оставам, во случај да закаснам, дохрана несака. Мн е напорно.. Минус 18кг сум
Трети скок хаос,денес цел ден плаче и нервозно цица сега заспа гладен Смирен е само во тоалетот додека е уклучена пералната. Ад се кара со шишето и само прстите ги шмука
Девојки можеби прашањево не е во соодветна тема ама не знаев каде да го поставам. Кога да очекувам доаѓање на менструација,еве 5 месеци како сум породена немам добиено сеуште,на доење сме?
Фала ти. Но не го препорачувам ова никому. Да не сум во ситуацијата во која сум, како би си седнала дома 9м ехееее. Не е ни моево ок, ама сите опции се разгледани и морам да работам. Не спомнав да стигнам за дома да пишам. Расфрлано ми е, прескокнуваме играчки, секогаш ручек нема, има и прженици набрзински и мачканици. Ама јбг неможе се да е идеално
Не можеш да очекуваш бидејќи не знаеш кога ќе дојде. Мене некаде околу 50 дена после породувањето ми дојде, се изненадив многу како што седев на петоседот и кога станав гледам крв на него, а ниту болки ништо немав.
Фала ти најмногу, навистина преубаво ми објасни и одговори на се што ме мачеше.Ќе пробам и јас така, па макар да треба да собирам млеко и во тек на цела недела.Фала најмногу, многу ми значат ваквите одговори Фала многу на одговорот.Среќна си што успеваш да извадиш толку млеко.Баш и јас навечер пробувам додека спие бебе, ама тешко оди. Дури се надевав да измолзам повеќе за да можам да и дадам и на ќерка ми која има две години и која за жал не успеав да ја дојам, а јас едвај успевам 30 мл да измолзам
Јас користам буквално се од dr.Hauschka, од млеко, тоник, крема за чистење од бадем, маска, серум, лабело и кремата од рози.Почнав да ги користам уште во првата бременост и до сега не сум престанала.Некои производи им се поскапи, ама буквално вредат секој денар.Предобри се и апсолутно безбедни, како за во бременост така и при доење.
Да се надоврзам бидејќи сега прочитав,дали на Биоблас од Лук шампонот несмее да се користи? Се води како природен.