Ме ставам, ставам бекутан за бебиња што е, ама не ми помага, затоа прашав дали смеам. Ке издржам, морам
Мајки со анестезија морам итно да вадам заб а не стигнав да се одмолзам повеќе од еден оброк.. после колку време смеам да дадам да цица, на доење сме само? инску сме 3 месеци
Дали би имало некаков проблем доколку има роса или капки вода во шишето и пумпата, да стои во фрижидер измолзеното млеко ? Можно е да се расипи?
Девојки на левата града најгоре пред пазувот имам како грутче,беше поголемо се излозив се намали ама не изчезна.Дали има простор за паника? Инаку не ме боли, не е црвено немам ни температра.
Се измасирав се одмолзив и дадов да цица веќе го нема,до сега ми се полнеле ама грутки не ми се направиле,се испаничив. Среќа брзо го средив.
Јас бев полна грутки, толку многу млеко надојде уште во болница дур бев, јас со саати се масирав и молзев. Бев како зомби од неспиење. После синко доби сила и се влечеше, и фала богу не фатив мастит
Мајки што сте на комбинирано дали може да ми кажете според опаковката на Ад млеко колку млекце треба да пие бебе од 4 месеци? Треба да оставам ноќно време бебе ќе одам на блиска свадба ќе ја надојам пред тргање и да знам ориентационо колку да оставам молзено за да пие ако се разбуди меѓувреме
или 90 или 120 мл,и јас сум на блиска свадба имаме 3 ипол месеци ама некако немам поверение фа го оставам па ќе го земам со мене
А што е со оние мајки што не сакаат да дојат, што одлучиле бебето да го хранат со ад бидејќи едноставно така одлучиле? И тие ли да бараат рецепта од педијатар?
Уф, дискутабилно. Постојат и мајки што имаат млеко, а одбиваат да дојат од х причини. Секако нивна работа, ама ова според мене е немерливо за да некако се спроведи.
Него мене друго ме задеси. Мислев мастит, блистери, запушени каналчиња се нешто што се случува на почеток кога не е воспоставена лактација, ама не. Вчера едната града ми беше проблем, денес другата. Ноќеска пак ме разбуди болка на допир/притисок, само на еден дел од градата. Ја опфаќаше и дел ареолата и пола брадавица. Забележав и црвенило, топлина на болното место. Ја форсирам цел ден, ама многу боли кога фаќа. Мека е, не насетувам грутки барем вака површински. На мастит не ми личи.
Јас кога добив мастит со црвенило тоа ми беше најболното нешто во живот и цела недела имав црвенило и ме болеше иако немав грутка. Кога имав грутки ги масирав и не беа болни т. е. без црвенило.
@Annath ако можеш да видиш. Мислам дека има безбедни анестезии за трудници/доилки. И мене ме чека ова само нема да е итно. А снимање на заб како се прави дури се дои? Доволно е неколку часа да не се дои или како?
На нив не размислив ич, искрено. Ова повеќе го има Милена објавено во смисла можеби на тој начин повеќе ќе се обрнува внимание во клиниките околу моментот доење, ако треба државата да ја плаќа дохраната. Јас секако мислам дека тоа нема шанси никакви такво нешто да се спроведе.
Два вечери по ред градите не ми се полнат како претходно, т.е. кога ќе станеше бебе во 2 навечер, и двете гради ми беа полни и тврди на допир, бебе исцицуваше една и му беше доволно.. сега се помеки, има млеко ама на бебе му требаат двете да ги исцица за да му е доволно.. што се има случено?! Не ми е јасно.... бебе 1.5месец
Се има воспоставено лактација веројатно. Таа се воспоставува 6-12 недели после порагај, и градите омекнуваат и произведуваат онолку млеко колку има побарувачка бебето. Кај мене се случи тоа покасно и испаничив, мислев снамувам млеко. Еве линк https://bebo.club/nestajanje-mleka