@Annath ми чистеа забен камен на предните заби, па сега ме боли тоа место. Што можам да мачкам - гингивал?
Од што има врска кога имаме повеќе млеко, кога помалку? Деновиве како да имам повеќе, ми тече од нигде никаде. Инаку сме на комбинирано.
Мамасити, се чувствувам во стомакот како да ќе добијам, имам такви некој тегоби. Прашање како ви влијаеше менструацијата врз доењето? Што да очекувам. И како да се справам ако наидам на проблем синко да не сака да цица во случај ако добијам...
Јас веќе неколку месеци имам циклус, никакви реакции од бебе немав, си цица најнормално. Мое мислење е да не мислиш на тоа дека ќе има некакво влијание. Не мора да значи дека ќе му пречи или слично. Помалку грижи, подобро за двајцата .
Дали случајно, незнам али два три дена пред добивање цицањето ни беше борба, многу слабо ми јадеше, со лажење и финти фаќаше. Али сега бар знам он ми најавува кога доаѓа тетката
Јас добив на 40 денови, плачеше не цицаше и од тогаш се бориме со цицање секој ден ама фала богу не се откажав и добро си напредува имаме 3 месеци
Јас добив пред еден месец, еве сега пак сум со циклус,ама промени во цицање не приметувам, за некој ден 5 м ќе прави малата
Мојот цицољубец не прави разлика ич, си јаде стандард пред циклус. Земајте комбинација од Ca+Mg од плодни па до циклус. За кандида што правите? Има бели точки околу уста и на газето, не ми дава да му проверам внатре во усте, а ни да го исчистам со сода. Ајде хелп малку. Педијатар рече само со сода да чистам, ништо не даде од капки. И градите да ги промивам со вода и сода?
Јас добив после месец дена веднаш по пораѓај и само поосетливи ми беа брадавиците, ништо друго не ми се промени. Првите два-три месеци имав блага болка, сега па воопшто никаква промена не осеќам.
Мамички моето бебе се заборава да цица со саати ,ќерка ми ги изреѕчи подоите после 4 ипол месеци,а син ми на 3 само сака да е надвор и да разгледува,комшиите кои се во пензија секој ден по колку пати излегувам со двете деца со количка колку со кола . Сега бев на педијатар има ставено 380 гр за 15 дена што е супер.само ме чуди ноќе многу ми се стврднуваат двете гради и веќе цела недела се молзам,вадам секоја вечер различно ама битно баткото спиее до по 5-6 саати
На син ми му помогна Дактанол гелче. На газето немаше осип, ама на образите и устето имаше по некоја точка. Нистатин мачкавме 7 дена и го снема ама брзо се повтори и со Дактанол го средивме.
Јас лично имам приметено кога јадам повеќе и покалорична храна тогаш имам повеќе млеко. Еве деновиве сум на режим и осеќам голема разлика. Режим велам не бутам во уста чоколадо од 100г и слично.
Изгледа има врска. Деновиве и јас јадам малку поубаво (имам време да зготвам) и одма има разлика во количина на млеко.
јас два дена ниту јадам ниту пијам бебе се откорна на града,инфузии примам после секој подој пие по 60 мл некогаш помалкуу,сега цицаше и си заспа денес сум малку по при себе