Ок е, не дека не, ама мислам дека ако имаат доверба во педијатар не е лошо и со него да се консултираат, мое мислење. Мене на пример ме спаси мислењето на педијатарот, а ми помогна исто многу и Наташа од форум (Доење со љубов). Педијатарот го познава бебето, го гледа што му е маката, ќе види како цица, како изгледа подој, а вака онлајн, не знам, може е до мене, не ми е тоа тоа.
@DaisyDoo ќе ја означам, има искуство со Јасна. Доаѓа и лично дома. Колку наплаќа не знам. Со Наташа имам искуство, супер е ама онлајн само
Супер е Јасна, ептен стручна. Мене Наташа ми ја препорача оти ми требаше помош на лице место. Ако си од Скопје консултацијата и беше 1500 денари тој период, за од друг град наплаќа плус нафта и патарини мислам, нормално. Пиши ми слободно ако те интересира нешто плус.
После колку дена од пораѓај ви надојде млеко? Вчера сабајле породена, бебе одма фаќа цица ама уште немам млеко.. првиот пат кога се породив мислам дека одма ми надојде. Сеа некако у мисла се стаив...
После неколку дена ми надојде млеко иако бев природно породена, имав по некоја капка само. Пиев многу течности, чај за лактација пиев и од тоа ли не знам ми надојде млеко
Мене ми надојде млекце втор ден од царски . Мислам дека многу големо влијание имаат течностите и чајот за доилки. Инаку девојки бебуш ми е стар 7 недели. Синоќа врзa 4 часа без да цица и дури се загрижив . Дали е тоа нормално и дали да го будам или да го оставам да спие ? За еден месец нспредна 1.700 гр.
Majki, jadete li mlecni proizvodi dodeka doite? Da ne se alergicni na laktoza ne se jadelo,tocno e ili ne? Prashanja koi me macat
Лактозата ја има во млекото на сите цицачи, вклучувајќи го и мајчиното, така да нема врска дали ти конзумираш млечни производи или не, лактозата посекако ќе ја има во твоето млеко. Може да се нетолерантни на кравји протеин, и во тој случај исклучување на млечни производи од диетата на мајката помага.
Да Кај првото дете се појави на 3-4 месеци, еден месец избегнував млечни производи потоа пробував постепено и се беше ок. Се среди каката. Педијатарот се сомневаше на некој тип алергија од млечни производи