Ви дојде млаз млеко или капки? Причината е бев многу изморена од раѓањето не можев и не знаев дека треба одма да пробувам, само капки има 5 ти ден сум
Штом има капки имА млеко ставај бебе на гради измолзувај се ако можеш. Чај за доилки, сок од јаболка бистар, леден чај, многу вода додека се воспостави лактација.
Капки,одмолзував мала количина првите денови 5,10мл ,жолто млеко-колострум. Потоа надојде белото млеко и се зголеми количината. Кај тебе поспоро надоаѓа зошто не си стимулирала,но биди упорна ако сакаш да доиш.
Дали е дозволено да се јаде риба за време на доење? Читав различни мислења како не била дозволеа затоа што млекото ќе мирисало...Други викаат сарма, грав да не се јаде, а иде празникот кај што на трпеза само тоа ќе го има и на двоумење сум дали и што смеам да јадам, а што не за да не му пречи на бебчо.
Јас дојам и јадам риба барем 2 пати неделно. Обично јадам пастрмка/лосос ,бидејќи ми е страв од риби кои содржат жива. Мислам дека рибата е нешто најздраво што можеш да го јадеш . Гравот и зелката се избегнуваат поради грчеви кај бебето, меѓутоа ако каснеш малку ,не би требало да е проблем.
Бебето само ќе си стимулира, само упорно на гради. На почеток капки и му требаат. Желудникот му е мал како цреша, не ни може многу да собере. Затоа јадат почесто.
Дозволено е и треба да се јаде риба само не туна зошто најмногу жива содржи. Иначе риба треба да се јаде зошто содржи омега3 масни киселини што е добар за бебето и по хранливо ќе ти е млекото. Треба да пазиш на грав,грашок,леќа,зелка,брокула се тоа што предизвикува гасови. На првото се му сметаше буквално од се имаше мака, додека второво од зелка, индиски ореви и грашок има мака.
Млеко осетив дека ми дојде третиот ден, а пред тоа најверојатно имав колострум ама не сум сигурна дали бебе цицаше нешто, му даваа дохрана во болница, јас исто од премор и шок од пораѓајот немав многу сила да се посветам на доење. Кога дојдовме дома првите 2 недели се мачевме многу со бебе како да фати града и да почне да влече, имав млеко но бебе немаше сила, во меѓувреме се молзев по малце и му додавав после подој. Цело време го ставав на града. После 2-3 недели доби сила и почна само да цица.
2 дена грло ме боли и бев на лекар и ми кажаа со спреј од прополис само да прскам и чајчиња пошто немам температура, ама сега почнав да качувам... Испив парацетамол, чај од ловоров и прегорен шеќер, антибиотик смеам ли и кој? Бебето ми е 22дена и дои
Јас пак, сега имам млеко ама ја цица едната града па заспива и не сака веќе, мислам дека се најадува од толку, дали е океј да чекам па на следна тура да е другата града? Педијатар ми препорача да не форсирам пумпа за да не надојде уште многу повеќе туку да гледам само да си цица, ми е страв да не е проблем ако едната града е полна околу 5 саати.
Кај мене така цица бебе, една града на подој. Сега знае некогаш навечер да сака и од другата иако е ретко тоа. На почеток многу често цицаат. Ако ти е тешко и полна осеќаш одмолзи се колку да си олесниш.
Моето е скоро 6м и во 99% од подоите цица од една дојка. Со другата нема никаков проблем,освен ако почуствуваш да ти тежи и да ти се преполнува. Во тој случај одмолзи малце да ти олесни.
8 ипол месеци е моето и скоро секогаш цица од едната страна, освен ако почне да се нервира од намален млаз па го префрлам на другата.
Кога почнуваат убаво да влечат и како да знам дека и е доста? Имаше жолтица ,па успана скроз едвај влечеше. 4ти ден од царски ми е па веќе имам млеко. Дали кога ќе цица и заспие значи дека и е доволно? Дали дополнително да се измолзувам со пумпа или вака да терам? Ве молам за совети.
Ако има жолтица треба да цица на 2 часа и ако заспива дур цица да ја будиш. Расоблечи ја, помини ја со влажна. Од жолтицата се успани и мора така.
Пред неколку дена почнав да чувствувам чудна сензација во и околу едната брадавица, како чешање и пецкање, повеќе накај чешање, мислев е нешто моментално но како полошо да ми станува. Чудно ја осеќам цела града. Другата града и брадавица сега за сега е ок. Не гледам ништо чудно околу брадавицата ниту пак бело во устата на бебе.. Дали е можно да е кандида само на едната града и ако да што да мачкам, дали поминува брзо?
Не знам дали е кандида, обично се покажува прво во устето на бебе, а после кај мајката. Моето бебе имаше, а јас немав никаква промена во брадавиците. Можеш да се миеш со вода со сода па да видиш дали ќе се смири, исто мачкај ланолин. Ако не помага ова, консултирај лекар.
Во еднава града чувствувам тежина и тапа болка иако на фат не е тешка, редовно ја цица само со повеќе болки од другата. Нема рагади, ниту е потопла од вообичаено, откако ќе ја исцица, не останува млеко баш за измолзување. Нелагодност и товар чувствувам да спијам на таа страна. Страв ми е од маститис па да си прашам за објаснување/чаре?
Маститис не можеш да фатиш ако се празни редовно едино ако имаш некое каналче запушено па да ти прави некаква болка.