Нема на што, да поминува поскоро. Мене од затнат канал ми е температурата, не сум болна. Ама ставај си, ппдобро да пробаш да го заштитиш.
Јас ставав и облоги со ладна зелка колку да се земе топлината ама дефинитивно секогаш ми помагаше упорна ама баш упорна масажа/измолзување со рака и пешкир. Не дека игра некоја улога пешкирот ама ќе го наводенев и некако посилно можеш да правиш масажа отколку директно со рака. И упорност додека не истече млекото. Се надевам веќе и ти поминало.
Сѐ што треба правам, не ми е прв пат да фатам за жал. Бебето почна пак да ме гризе дур цица, ја суши брадавицата, се затнуваат дупчињата и не тече низ сите како што треба. Од тоа се има затнато канал. Цело време го имам овој проблем, веќе трет пат ми се случува во 9+ месеци. Болка во градата веќе немам ама сум како некој да ме тепал. Ме боли секое мускулче и главата страшно. Нефункционална сум, едвај го кревам. Па како за инат синоќа цела вечер правеше акробации, лазеше во сон, се подигаше на оградата од креветчето. Пет саати немам неповрзан сон, не можам да гледам буквално.
Здраво. Десетина дена мака мачевме да фатиме града, цело време бевме на шише, прво со ад, откако почна да надоаѓа префрлив на моето. Дури денеска мака мачење успеа да фати града и цицаше подолго време, но откако цицаше повторно измолзив 120мл. Како да знам дека убаво е најадено, и да не давам пак од шише бидејќи сакам целосно да го исфрлиме.
Ако не плаче бебе, полни пелени редовно значи е најадено. Ред на цицањр не барај до кај два месеци, сега може да цица на 20мин а може на 2 саати, само кога кр наголеми ке си направи ред. Како што ти надоаѓа сега млеко одмолзувај се само да ти олесни немој скроз и тоа после подој. Никогаш не можеш да одмолзеш колку што може бебе да исцица. Тоа ке исцица колку што му треба, а ти со одмолзувањето правиш да организмот произведува повеќе млеко од што бебе може да исцица и ке си направиш проблем. Ако осетиш тврди болни гради одмолзи малку колку да ти е полесно тебе.
Дали можеби некоја знае колку мл би требало да пие бебе од 5.5 месеци, зборувам за измолзено мајчино млеко во шише? Најдов некоја формула ама според килажатa, кај што вика дури и до 1.2л на ден Да напоменам, периодов воведувам и вкусови
Многу е тоа, околу 900мл треба да пие. Тоа што воведуваш вкусови нема влијание. Тек кога ќе имате оброк со соодветна грамажа можеш да скратиш едно млеко.
Мајки, ми останаа ампули окситоцин купени од Грција за одпушување затнати млечни каналчиња Доколку некоја има потреба нека ми пише дм
Аха, а тоа значи кога ќе има цел оброк и се крати еден млечен, овие околу 900мл остануваат само распоредени во остатокот од хранењето? Или ова е, да кажам, максимумот?
Еден оброк ќе замени едно млеко што значи милилитрите ќе се намалат. Ова 900мл е отприлика, за таа возраст од 750 до 900-1000мл на ден е очекувано да пијат, ама нели секое дете е различно. Ќе си осетиш по детето колку му е доволно. Исто така на почеток треба да јаде по 120-130гр цврст оброк за да се смета дека тој оброк заменил млеко. Многу често не јадат по толку или јадат ама пак бараат и млеко. Ќе си го следиш него, само ќе си покаже.
Жени помагајте. Се молзам од вчера, вчера и дојде млекото уште не сум ни пуштена од болница. Ама проблемне што не можам да домолзам, тежат градиве. Почнав рачно, па со пумпа. Бебе нема почнато да цица што од што цело време или јас примам инфузија и кога ќе заплаче не можам ништо да направам па идат и го земаат, дење пак го зрачат за од жолтица. Што да правам со градиве, мизерија сум уште со зелки шо не ме видоја кај шо се редам тука. Некое чаре ако знаете кажете ве молам. Главата ме боли после молзење ненормално многу исто чаре и за тоа ако знаете. Веќе и како животно се осеќам не како човек
Топли облоги или туш пред молзење ќе ти помогне. И кога молзиш не ги измолзувај скроз до крај зошто уште повеќе ќе ти се создава така млеко.