Јас со првото бев со триста мудс секој ден што се вика. Седам и плачам и не знам што ми е. Лично не се замарав со распореди за спиење колку што повеќе за доење да е на 2.5-3.5 часа зависи кој период од денот. Еве сега сум со второ и пак јово наново исто ко прво само помалку се тресам. Тешко да се воспостави ред на толку мало бебе но секако е убаво некоја рутина ако ништо друго за ти да си поспокојна. Ако можеш да шеткаш излегувај рано сабајле или приквечер барем пола саат. Мене тоа ми беше лек со првото и едвај чекам да заздрави ранава скроз и да почнам и со женскава да акам по населба. Дома да се шекне човек. Не си ставај на душа што викаат, ќе си воспоставите ред полека полека. Верувам дека правиш најдобро што знаеш и можеш.
Ne znam koga I kako da pocnam iako jademe kasi na cicka e nonstop 200% e zavisna od mene 7+ meseci sme
Ние сме 7++ имаме доручек и ручек воведувам полека, и цицаме нормално, ама ад со очи не сака да види… плаче ко да ја колам…
Градите ни празни ни полни ги осеќам Така што по тоа не можам да се водам. А со цуцла да, успева. Често морам и да станам плус да и одвлечаѓ внимание. Ама ова се ме мисли најмногу дали убаво се најадува, особено сега на топлово.
Истиов проблем го имам и јас ама се гади од цуцла скроз ми одбива, строго до цице да е… кога ќе заспие на цице едвај успевам да ја тргнам
Не сум дала ад, не ни пробав да воведам. Си цицаше пред работа и после ко ќе се вратев. Исто страствен цицач, кога бев дома цел ден беше обесен на цицка. Кога не бев дома си јадеше се најнормално.
Бебе е 4 недели, почна да цица од пред 3-4 дена, пред тоа никако не сакаше ама бев упорна, пиеше формула и мое измолзено. Денес е ептен разврескан, претпоставувам дека се грчеви и од 11-12 попладнево никако не сака да цица, се бори, се тегне, ептен плаче, плаче и он и јас со него ви се случило? Се плашам скроз да не ми се одбие а само што почна
Матам вода не дека иам пробано, но чисто како идеја, да и ставиш една бисквита у ад-то? Чим јаде така, пробај вака... Посекако на пример Џиџи бебе ставаат у млеко за пиење...или какви бисквити и да јадете...
Пробувај десна лева десна лева града, малце да го збуниш... Меше топло да е, контакт кожа на кожа... Олабави, искулирај, знам дека е напорно но оно го осеќа и твојот стрес. Затоа, мммм-кај, диши, мирисај бебе...
Само за тебе да те прочитам дојдов во темава. За малку и јас ќе потклекнев ,мислејќи немам млеко дека меки гради. Среќа на Гак сестри што и да се што ги хранат ми предложија да не и даваат Ад да пробаме и нормално ме стисна сите ѕвезди ги изброив ама потече. Мака со десната има додека да и пушти ама дојдовме дома измолзев со електрична колку да направи отпуст и после си исцица. Мм па вика шо се нервирап ти големата ја научи после 2 недели да цица сеа за два дена .
Бравос од одма фатила … ние со силиконска само за сега, пробувам по неколку пати дневно да и пикнам цице во уста и без ама инаетка е ептен мојава, само со медела сака. Денес земав и чико по препорака дека е подлабок хватот со нив демек побрзо да се најадува и трансферот на голо цице бил полесен со нив па ќе видам што ќе направиме. Генерално не ми смета мене и со силиконска да ручкаме … се додека ми е најадена. Не знам дали има некои недостатоци други вака медицински од користењето на силиконска брадавица … една од сестрите ми рече демек поспоро јаделе не знам што… секако е на саат /саат ипол на цице по 30-40мин така да тоа е тоа
Јас уште не сум стигнала до АД, сва среќа, инаку нема ни да прифати, нема никогаш пробано... И од тие кашите со АД повраќаше ради кравјо протеин, а од кашите на Холи со козјо АД уопште не сакаше. А зошто не се молиш, туку воведуваш АД? Чисто информативно прашувам зошто се мислам и јас што да правам ако би. Пробај со бисквита чоек, нема што да изгубиш. Мојава грицка бисквити си ручка. Кај и да е и ти ќе дадеш.
Пиши те молам како ќе си задоволна од чико, моево само со тие на медела фаќа, на голо никако, ама чудни ми се на медела некако, ми паѓаат а и знае сам да ја вади од што се нервира