Па по побарувачка, на 2-3 часа. Мојата нема уште оброк, оброк, па обично и после 1 час од јадење пак цица. Навечер, заспива околу 8и30 со цицање, и станува 2-3 низ ноќта
Еве ме тука пак, главна сум во темава… когс ќе ми текне дека од стслно сум си мислела дека доењето е толку природна и едноставна работа ама мојава глумица има други планови За една недела правиме 2 месеци. Нашата доенечка приказна почна со силиконска брадавица првите 25денови потоа успеавме двете си фати цице и си продолживме да се гушкаме голо на голо Е ама кога си мислам дека се е супер нели мора нешто да искочи да ме забимава да не е монотоно Денес попладнево вришти на града ќе цицне ќе пушти се врти цела прета… вториот пат почна и хистерично да вришти кога ја стсвив на гради после бањање Видов не видов целата стресена одмрзнав 100мл о дадов со филипс авент шишенце сњгс пред да легне за да ја успијам. Измеѓу ми текна дс пробам со силиконска да видам дали ќе направи разлика .. и луѓе фати и цицаше. како е можно да се врати пак на силиконска а да вришти од цице после цел месец успешно прекрасно директ цицање??? Има чи некој вакво искуство… целата сум потресена не сакам да престане да цице директ мн послабо ми напредуваше со силиконска Од страв се напив и лакта микс зошто се испотресов и да не ми снемува млеко па се љути …
Мислам дека случајно се погодило да фати со силиконската. Ние сме година и уште знае некад насабајле така да плаче да се треска кога ќе почне да цица, го смирувам полека и продолжува. А имам млеко насабајле камен ми се градите..не знам зошто така
@Baby warrior скок да не е? И мојот често плачеше во цицање, а сега во 4ти скок така се однесуваше со одбивање за цицање. Пробај да ја смириш со нишкање како за заспивање па полека наместии ја градата. Инаку и јас мислев дека доењето е природно и супер лесно, ама не било баш.
А страстен цицач е … ама глумица невидена од прв ден .. скроз знае да изненади / леле и на година ли уште знаат вакви глупости да покажуваат Не сме, го чекам вториот скок од наредна недела според wonder weeks, мада и за првиот ми беше малце пореметено, родена е 39та полна а нели апликацијава рачуна по термин / значи една недела кај нас плус минус Луѓе сега во 11:45 се подразбуди побара да цица ја земав и наместив цице си цицаше 10мин и си заспа сега како ништо да не било Се смирив малку сега
Мојава женска исто неколку пати се има десено да вришти на града и да не сака да фати. Скоро секојпат ми успеало да и дадам прво цуце малку да се смири додека уште ја држам во положба за цицање и кога ќе се смири и го тргам и одма ја ставам на града. Друг трик ми е во шприц си имам чајче бекутан и и капнувам капка две и одѓа се тепа да фати. Пробај нешто може ќе ти успее. Неколку пати сум морала да ја исправам да се смиро ќе ја прошетам низ соба малку нишкање тапкање и пак пробуваме цицање. Дали дека второ и посмирена сум. Со првото вака инфаркти добивав.
Ќе си цица пак нормално не се секирај и не паничи одма нареден пат, ете така се погодило. 6+ сме се случува деновиве да цица и цело време кенка, се врти, се лути прета па не сака од една па ајде на друга па се тегнеме а веќе и тежок е и по некое време фаќа убаво и си цица. Заби ли се скок ли е не знам ама има такви периоди
Леле инфаркт баш, она плаче јас плачам, шетам по дневна ја смирувам тапкам по газе ја гушкам, се соблеков скроз, нејзе ја соблеков кожа на кожа, се смири па пробав пак … пак почна да вришти, маж ми гледа од страна, стана ќе ми прави чај за млеко, па сјде го испив и така помина попладнето, па вадев замрзнато млеко и давав се стресов скроз Chat gpt вика дека почнуваат да работат непцата и дека може да е нервозна и од тоа … за една недела правиме 2 месеци, малечка ми е некако сма ајде може и тоа. Не ми е ни важно пто е, битно да продолжи да цица… преемотивно ми беше ова, сега разбирам зошто плачат при одбивање жени еве апдејт од ноќва сега завршивме втор подој све по пропис нормално чекам дс раздени да видам дали ќе биде се нормално и кога е разбудена или ова вака дека сонлива не знае што прави
Честито втор скок, цицаше само ако ја дојам во раце и тоа одејки брзо низ стан, ако застанам пушташе. Ќе мине за недела две ќе се врати на старо. Само во тој скок толку ми одбиваше цицање.
Леле сабајле станавме ја доев едно 10мин и оддеднаш се засркна ја дигнав искашла ждригна и се смири, да продолжиме ја ставам на другото цице кога врисна, нејке да фати за жива глава пак изгледа се исплаши од тоа што и залетнс млекце па пак со силиконска продолживме сабајлево Аууу мислиш дека е почнат втори скок по раѓање а не по термин една недела поранко а? Мн ми е стресно ова одбивањево на јадење пошто е со страшен плач и претање, ќе се мрднам
Вероватно едно од нештата што осознава во вториот скок е и страв од задушување сто посто се исплаши сабајле од тоа што и залетна млеко иско и претходно и се случувало неколку пати неделно ама сабајлево беше драма
И јас мислам ви почнал втор скок дека и мојава е родена 39та па сите 4 скокови до сега по раѓање не фатија (една недела порано од што викаше ww). Патем и мојава урлаше во 2 од скоковите на цицање . Она ми одбиваше лежечки на спална да цица морав на перница за доење цело време и тоа баш зајдуваше кога ќе ја легнев морав да ја гушкам и со цуцла да ја потсмирам пред да се убедиме на перница да цица. Со среќа биди трпелива тежок е тој скок ама се издржува, менувај позиции нуди цуцла ама не ти требаат силиконски <3
Да така почна и оваа мојава кога ќе размислам пред некоја вечер лежиме на спална и секогаш цица така навечер, пред некоја вечер почна да ржи да прета да кенка и си помислив дека нешто не е наместена па ја подместував јас се дигав менував стрсна ама ова од вчера дефинитивно е скокот почнат пошто и сабајлево ми повтори исто вриштење при цицињње. Сега се шетаме во маало спие цело време, кога ќе ја вратам дома сега за цицање ќе видиме што ќе биде
Женски вчера од замрзивач извадив две кеси едната 100мл ја испи а другата 80мл ја ставив во обичен фрижидер, колку дена смеам таму да ја чувам? Утре треба да излегувам попладнето, ок би било да ја стопли таа да и ја даде маж ми?
Жени ми треба совет. Малата ми е три ипол месеци само на доење сме. Прашањето ми е кога одмолзувате за да оставите бебе на некого колку вадите? Бев на фризер, пред тоа се измолзив ама одвај 30мл. вкупно од двете гради иначе вадев 100 на сабајле без проблем. Имав замрзнато оставив да и дадат. Дали има врска тоа што сум со менструација знам дека тој период се намалува еве и додека сум во циклус и давам од двете гради да цица инаку од една си се најадуваше. По колку мл вадите на молзење?
Кое време од денот вадеше? Зависи колку си се хидрирала, колку си одморила, колку бебе си исцицало (а цицаат и они секогаш различно). Пробај молзи сабајлечки по станување од спиење, јас сабајлечки најмногу сум имала... А можно е и од циклусот да имаш намален проток, јас приметував разлика во млекото кога ќе добиев (а си добив одма).