Кај 9 сабајле, бебе цицаше некаде 30 минути пред тоа. Ќе пробам деновиве таман до утре ќе ми заврши ќе се нормализира. Инаку се хидрирам внимавам на тоа, пијам и лактамикс и лактил. Обично тоа време на сабајле сум вадела повеќе ама се сомневам на тоа дека сум во циклус па промена на хормони има влијание.
Кај мене многу зависи во каков муд сум, колку цицала и кој дел од денот.после 5 драстично ми се намалува, и надоаѓа веќе после 12/ 1 по полноќ. Јас попладне обично пијам еден лакта микс. Иначе наутро, 60-80мл најчесто вадам Сега си ја нарачав школката од хака и ептен ја препорачувам од цел ден доење, од другата града вкупно ми искочи 60мл што е супер. денес треба да ја одтавам попладне, од вчера и денес комбинација и собрав 90мл само од школата без молзење
Кај мене е регулирана лактацијата, а и само првиот месец така ми течеше од града за да собирам. Ќе пробам деновите пак да видам што ќе излезе. Иначе до пред две недели и денски вадев по 80 мл.
Насабајле можам и 100ка а се случувало приквечер да неможам ни 30 за да оставам за да го чуваат. Инаку имам и повеќе од доволно млеко. Замрзнувај си кога ке ги осетиш полни, дури и преку ноќ обично надоаѓа повеќе. Само внимателно не пречесто, јас си направив проблем со мастит од тоа
Школката има и регулиран притисок, не е само од течење туку и стимулира зато и така повеќе собирам не ми тече ни мене толку многу само од себе
Полна сум недоумици, секој ден менувам мислење за доењево и самодовербата ми е расклатена, месец дена има бебе. последниве 9 дена беше претежно на цицање, со дохрана Ад по едно шише дневно, дури некогаш не ни допиваше, а некогаш па и давав мое измолзено. Имаше качено за овој период 300гр. проблемот е што од сабајле имам најмн млеко и денот добро почнува, а веќе накај 13-14 часот почнува маратон цицање, на секој саат буквално. Кризата почнува околу 18-20 часот кога и јас осеќам дека снемувам млеко. Тогаш цица и плаче неутешно, па еве и денес така и дадов АД и фатив одма да се молзам, извадив 20мл од две гради инаку во други периоди знам и по 80мл да вадам.. Вчера плачеше така на града и околу полноќ, иако имав млеко, но веројатно не и тече толку многу и се нервира. има ли и некоја друга вакви кризи и дали проаѓаат? Или мора да сме со Ад за нив постојано?
Ако сакаш успешно да доиш и да откачиш АД - бебе само на града. Ништо друго. Ние кога беше толку мал, многу убаво се сеќавам дека имаше 2-3 дена ( не еден по друг, некад се дешаваше ) кога беше цел ден на цицка закачен. Цел ден значи така и спиеше со цице во уста и прошматкуваше и така стимулираше логично. И ако затераше да заспие повеќе, јас бев утоп и пижами и све лом. Колку пати сум станала со камен тврди гради насабајле зошто од мн мал преспива цела ноќ.. Исто така, 2-3 пати у паника коа плачел така сум ставала пумпа после цицањето едвај 20-30мл сум вадела од двете, што апсолутно не е репер зошто исцицал се и треба малку време да надојде количина. Еве 13 месеци скоро успешно дојам, прво дете, од втор ден дома е само на мајчино млеко. Тоа ти е моето искуство и мој совет
Можно е да се грчеви, не значи дека е до млекото. И јас мислев дека немам млеко на вечер, поточно од страна ми беше наметнато тоа мислење па една вечер му дадов 60мл формула и полошо направив пошто не спиеше со сати од грчеви. Зголеми на течности, чај за доилки обавезно.
Сега измолзувам многу поретко ама еве баш приметив веројатно дека во циклус многу малку извадив од сабајле. Имам и замрзнато ама ќе пробам пак да видам после циклус како ќе биде. Не знам како функционира не сум се заинтересирала знам дека го собира тоа што тече за повеќе се немам информирано искрено. Не знам дали вреди допрва да купувам и тоа.
Количина на измолзено млеко воопшто не е репер за колку млеко имате во градите. И да, нормално е наутро да има повеќе, а како поминува денот да ги осеќате поиспразнети, ама тоа не значи дека се празни. Цицање на секој саат на таа возраст е нормално, claster feeding е тоа, и треба да се препуштите на тоа - ем бебе тоа сака, ем така ќе ги стимулира градите за да произведуваат повеќе млеко. А плачењето не мора секогаш да е од глад, може да е од грчеви, од потреба за близина и сл. Доколку сакате, а верувам дека е така, да доите, бебе на града цело време и не мерете колку млеко имате според измолзувањето Лактамикс, лактил, боза, течности, протеини...
До вчера пишував како ми намали млекото од кога сум во циклус и како одамна не ми тече млеко од градите, сабајлево ја дојам од другата града тече, а само што ми заврши вчера. Значи телото како работи е страшна работа земам пумпа после доење 30 мл. не е лошо. Да ми кажуваше некој на почеток немаше да верувам дека ова доењето е таква филозофија
Стварно е фасцинантно како ни функционираат телата со доењето. Јас исто пишував мислев ми се намалува млекото дека бебка денски се зафркаваше со цицање и почнав поише да ја ставам на града и почесто на двете и за 3-4 дена исто почнаа пак да ми капат градите.
А шо е најчудна работа на едната града осеќам како да е намалено млекото и прво ја нудам таа града, а од другата сабајле тече дури ме изненади. Се надевам сега со цицање и молзење ќе се регулира пак. Навистина е фасцинантно како телото реагира
Фала ви многу за советите. Чаеви, вода пијам премногу. мене ми е само да не ја изгладнувам.. некогаш после цицање кога ќе и дадам адаптирано (секако, ако неутешно плаче), она цело шише го пие 60мл и јас се прашувам што воопшто цицала, ако толку дополнително пие и од шише Имаше денови кога издржавме скроз само на цицање без да дадам АД, ама со шетање дури цица, за да успеам да ја натерам да цица иако не и тече многу..
За да знаеш дали имаш доволно млеко скрати ја скроз формулата и однеси го на мерење за некој период, јас така направив. И мене и ми плачеше и ми цицаше по цела ноќ, испадна дека е cluster feeding и грчеви. Период е, ќе помине и јас бев безнадежна ама еве помина тој страшен почеток.
Здраво мајки, утре планирам да купам пумпа па ми треба совет околу тоа како го чувате млекото. Благодарам.
Дали мислете дека по скоро 2 месеци доење може да се успее да се зголеми количината на млекото и како?
Лично мене лакта микс за 15минути ми делува.. буквално седам пијам чај и осеќам како наплив за 15мин како струја низ градите од ново млеко
Не знам колку можам да давам совети оти на моменти и сама се сомневам колку млеко имам. Лакта микс чај, лактил таблети, течности, гледам да јадам повеќе овесна каша наутро и бебе да цица повеќе најдобар стимулатор. Плус можеш одма после доење пумпа за да дадеш сигнал дека треба уште. Јас еве до вчера бев во циклус и како да ми намали млекото и од вчера и цица од сабајле и одма се молзам не вадам многу ама да дадам сигнал дека телото треба да произведе повеќе. Прв пат денес после скоро два месеци ми протече млеко од едната дури цицаше од другата и сама се изненадив.