Доење

Дискусија во 'Бебе' започната од bibitri, 28 јануари 2010.

  1. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    4.205
    Допаѓања:
    17.651
    Пол:
    Женски
    4 недели точно до утре.
     
  2. Aschenputtel

    Aschenputtel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    2.243
    Допаѓања:
    9.112
    Пол:
    Женски
    Ист беше син ми. На цицка по пола саат, саат, ќе го тргнев, вреска. Дадам ад, се смирува и спие.
    Со грчевите ептен намали со цицање, а кога добив по 40 дена се одби. Продолжив со ад и терав до скоро. Сега е на кравјо, пие 2 пати од навика да презаспие.
    Ќе се научи на шише, дефинитивно е полесно ако се мрзливи, а моето беше оти и во болница на шише.
    Јас имав млеко, пиев што требаше, џабе кога не одеше. И се откажав и не се каам. Сакав да цица ептен, имав ад божем онака за секој случај, а всушност му беше примарно.
    Не се мачи ако не бива, уживај си со бебето, битно да е најадено и ти одморена. За друго да не ти е гајле што ќе речеле. Не сме помалку мајки ако децата ни пораснале на ад.
     
    На fragaria и Guns N` Roses им се допаѓа ова.
  3. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    4.205
    Допаѓања:
    17.651
    Пол:
    Женски
    Штом ја ставам на града секундарно заспива како комирана, ја задевам, мрдам, ќе ја кренам, ќе ја разбудам, пак ја ставам исто, две минути цица и толку, заспива и си спие, ја легнувам во креветче одма се буди.
     
    На fragaria му/ѝ се допаѓа ова.
  4. EnaEnA30

    EnaEnA30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2020
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    626
    Пол:
    Женски
    И јас бев така првите 2 недели па преминавме на ексклузивно доење, првиот месец качи 900, вториот 700, после за 20 дена имаше само 400 грама качено, педијатарот исто ми рече никако одбивање од доење, секое бебе си има различен метаболизам, детево е весело, активно, плус кака се уште 4-5 пати дневно а сме скоро 3 месеци. На оваа возраст на познати децата по толку им какаат некои за цел месец. Едноставно организам.
    Макар што јас се загрижив многу а и осетив дека ми се намали млекото и давам и ад пак, ама се уште го дојам заради бенефитите што ги има доењето. На почетокот се нервирав многу сега некако сум океј со доењево, плус со ад ем знам дека е најаден ем прима и мајчино млеко. Додека ми е вака океј ќе терам, кога нема да ми биде ќе го префрлам на ад.
    Јас имав многу млеко ми течеше по пижами, мислам дека хиперлактација имав првите 2 месеци и не знам едноставно што се случи наеднаш, мислев дека вришти на града како дел од скок во развој ама мислам дека гладен бил. Најважно е да е детето задоволно и најадено, ако не бива со доење и стимулации, не бива. Пробај да не се оптеретуваш. Количината на млекото честопати е тесно сврзана и со стресот. Колку повеќе се стресираме дали има или нема млеко, поголема е веројатноста да нема. Опушти се, кажи си ако не бива вака ни прво ни последно дете израснато со ад, ништо нема да му фали и ќе видиш како ќе биде.
     
    На fragaria и Aschenputtel им се допаѓа ова.
  5. Aschenputtel

    Aschenputtel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    2.243
    Допаѓања:
    9.112
    Пол:
    Женски
    Да, баш така. Ама, не можев на града да го држам цел ден. Со рана од царски едвај функционирав.
    Не спиеше после цицка, после ад спиеше. Значи гладен бил. Кога не бива, тоа е. За второ ама ич не се потресувам. Бива-ок, терам, не бива- ад и мирна ми глава.
     
  6. arwen93

    arwen93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    530
    Допаѓања:
    703
    Пол:
    Женски
    Малку е еднаш дневно да се измолзуваш. Јас така почнав како тебе преку ден цицаше навечер и давав ад. Ја фатија грчеви и реков не давам веќе ад се напнав и од тогаш еве 4 месеци има само дојам. Ако сакаш повеќе млеко да продуцираш на секои 3 саати измолзувај се без разлика дали цицало бебе или не. Што ќе собереш во текот на денот дај му го навечер наместо ад.
     
    На fragaria му/ѝ се допаѓа ова.
  7. arwen93

    arwen93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    530
    Допаѓања:
    703
    Пол:
    Женски
    Скокоткај за ноџињата, за вратче од позади за да се дојаде. Или пресоблечи ја за да се расони. Ти со толку млеко немаш потреба од ад.
     
    Последна измена: 12 септември 2025 во 22:22
    На fragaria и naturally им се допаѓа ова.
  8. arwen93

    arwen93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    530
    Допаѓања:
    703
    Пол:
    Женски
    Нормално е со тек на време помалце да качуваат на килажа. Се додека педијатар вика дека е океј килажата значи е океј. Како примети дека ти се намали млекото? Колку повеќе ад даваш толку повеќе ќе ти се намалува твоето млеко. Меки гради значи регулирана лактација не немање млеко. И бебе не плаче секогаш зошто е гладно.
     
    На fragaria и naturally им се допаѓа ова.
  9. arwen93

    arwen93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    530
    Допаѓања:
    703
    Пол:
    Женски
    Епа тоа е муабетот кој колку е упорен. Cluster feeding е една од најтешките работи ама штом еднаш се воспостави лактација е многу полесно. На 3,4 месеци бебе ќе се најадува од града за 5 минути.
     
    На fragaria и naturally им се допаѓа ова.
  10. Tulip023

    Tulip023 Активен член

    Се зачлени на:
    4 април 2025
    Пораки:
    119
    Допаѓања:
    181
    Пол:
    Женски
    Истиот проблем го имав, кај мене најмногу помогна да го расоблечам малку, некогаш и само по пелена и така се расонуваше и почнуваше да цица. Многу е мачно знам, но верувај станува многу полесно за брзо време.
     
    На fragaria и Guns N` Roses им се допаѓа ова.
  11. EnaEnA30

    EnaEnA30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2020
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    626
    Пол:
    Женски
    Не се меки гради во прашање, прво негова раздразливост, второ 370 грама за 20 дена на 2.5 месеци е премалку. Од весело бебе до бебе што вришти и плаче цел ден не е дека не е од глад. Друга работа што се стискав на градата и воопшто не течеше млеко. За молзење знам дека не е меродавно зошто при воспоставена лактација не се вади многу, сум пробувала и кога ми течеше по маици млеко, повеќе од 50мл не сум вадела и од двете гради. Прво го ставам на града, па ако е раздразлив давам уште малку ад, не цел оброк, бебето пак си е весело откако почнав вака. Пак го дојам на 1-2-3 саати, на секое кенкавење нудам града за да стимулирам продукција ама не е тоа што беше. Дополнително бев и на консултација со Јасна и она ми потврди дека во тој даден момент немав баш млеко и многу беше слаб млазот. Шише нема врска зошто немаше проблем со шише и града 2 месеци а и пие од најслаб проток. Имав и стресна ситуација која допринесе на количината на млеко.
    Да, дополнително бебето има и брз метаболизам, тоа го спомна педијатарот и ме окуражи да не престанам со доење ама јас не сум ок со фактот да го гледам бебето раздразливо и гладно макар и по цена да ми секне комплетно млекото. Има денови кога чувствувам дека има повеќе млеко зошто голта активно и денови кога го гледам дека се мачи на града. Кога голта активно и се најадува, тие денови тераме без ад. За жал, поретко. Дали стресот допринесе или некоја друга е причината, не би знаела.
     
    На Aschenputtel и fragaria им се допаѓа ова.
  12. arwen93

    arwen93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    530
    Допаѓања:
    703
    Пол:
    Женски
    Стресот може да е причина. Хидрирај се повеќе, јади обилни оброци. Мене многу ми надоаѓаше од чајот лактамикс. Ставај го наизменично на градите лева па десна па ако сака уште пак лева па пак десна. Следи мокри пелени.
    Мајката најдобро знае што му е на нејзиното дете, на 2 ипол месеци може и да се грчеви и да плаче од болка. Барем кај мене така беше, сите ми викаа дека е од глад ама немаше врска не попуштив да дадам ад. Бебето супер качуваше на килажа, сега е 4 месеци и има 7кг на ексклузивно доење задоволна, среќна откако помина периодот со грчевите.
     
    На fragaria му/ѝ се допаѓа ова.
  13. EnaEnA30

    EnaEnA30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2020
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    626
    Пол:
    Женски
    Точно, секоја мајка најдобро си го познава детето. Првите 2 месеци иако качуваше помалку на килажа, не му додадов и ад зошто беше весел и сепак килажата беше на долна граница на нормала. Третиот месец беше прилично под граница и раздразливо бебе. Немаше воопшто грчеви ниту некоја мака абдоминална, имаше даден период гасови ама не се манифестираа на таков начин. Дополнително кога е најаден не сакаше да види града а не пак шише. Сега не е таа ситуација. Како и да е, тоа е што е. Дека е најдобро мајчино млеко е факт, поткрепен од наука. Ама и со сила убавина не бидува. Додека може да тераме вака комбинирано океј, јас сум задоволна со секој подој зошто знам дека и една голтка мајчино млеко премногу значи. Кога нема да е тоа опција исто сум океј и да преминеме на формула. Не секогаш оди се како што сме си замислиле дека треба. :)
     
    На Aschenputtel и fragaria им се допаѓа ова.