не ја буди, секако бебе од една недела не знае за ден и ноќ, бевте на прва контрола? ако качува нормално не ја буди, гладно бебе секако ќе стане, освен ако нема жолтица па да е успана. како сте иначе
лактамикс чајот земи го помага многу, течности пиј, сок од јаболко и мислам да земеш електрична пумпа може е подобро за стимулација.
Купив од тој чај , земав и електронска но касно видов дека електронска била за веќе од кога млеко ќе ти надојде. Се напив од чајот па капнува малку повеќе
Не сме, во петок ќе одиме, патронажна уште не дојде... Нема жолтица, дури и таму помина без сончање. Добри сме, секој ден е полесен. Денес некако посебно уживав, ќе видам вечерва што ме чека Ако поспијам два пати по два часа ќе сум презадоволна. Вие како сте? Секој ден полесно или потешко е?
@bokace1 биди упорна, не се откажувај, напорно е малце ама се надевам ќе успееш бидете добри, да ти е жива и здрава ќеркичкат и шо побрзо да си дојде дома @Puffy2019 ние сме за никаде со спиењето, вака си е мирничка, ама навечер ми се буди цело време и не презаспива туку си седи здробена сум од неспиње
Дали ви се десило бебе да претера до цицање и да исповрати ама саглам да исповрати? Бараше на 10-15 мин за цицање, и цицаше, му давав, и легна на мене и исповрати. Еден месец е
Барем седи мирна. Мојава вришти не можеме крајот да и го фатиме. Ноќва не остави да поспиеме 2 и пол часа...па сабајлето презаспа пак.
Се случува, се прејало. Пробај ако така многу често ти бара на др начин да го смириш (цуцла, нишкање, шо и да функционира) да несе прејадува
Луѓе кажувајте чаре, од градите ми прска млеко, нормалмо е така или ?Бебе се гуши дури цица, нервозно е, дали е можно да е од тоа, Се прицкам со рака, се молзам пак исто, прска млеко, легната го дојам пак исто.
имаш многу млеко, уште не е воспоставена убаво лактација, освен да се молзиш по малце нема шо друго да правиш, мене совет од болница и од патронажната ми беше да намалам со течности
Бебето ми е 40 дена. Млеко имав многу ми течеше цело дури и кога бебе не беше на гради. Неделава фатив некој вирус имав 39 температура и по препорака на педијатар не го доев 2 дена го тргнав од себе бебето. Се молзев тогаш. Сега го ставам бебето но вришти гладно е , многу малку млеко капнува. Некој со искуство како да повратам лактација
Не знам зошто ви препорачале да не го доите? Во ред е ако сакате да пробате да избегнувате контакт, во тој случај сте можеле да доите со маска, но она што најмногу ќе го заштити бебето во случај на вирус е токму доењето затоа што така ќе му пренесувате антитела. Во секој случај, многу течности и земете чај за доилки (лактамикс) и лактил таблети Бебето често на града, продолжете да молзите за сигнали
Кој нормален педијатар ти рекол да го тргнеш бебето… баш си требала да го доиш, го заштитуваш и му пренесуваш антитела. Освен ако си пиела некој антибиотик, што за вирус не се дава… не знам зашто таков совет си добила. Молзи се и ставај бебе почесто на града и многу течности.
Не пиев ништо освен витамини но дека високо фебрилна претпоставка беше дека е корона и да не го заразам. И кога ми рекоа така искрено ми беше страв да си терам по свое.
Никако не можеш преку млеко да го заразиш, само контактно со уста ќе го заразиш. Друг пат дој бебе, освен ако пиеш антибиотик. Секако сум ја доела и стомачен кога имав, и болна кога бев. Молзи се, бебе почесто на града и многу ама многу течности. Чај лактамикс кај мене многу помага за млекото.
Јас дојам и со антибиотик - цефалексин е дозволен.. не требало воопшто да се одбива од града, ми нема никаква логика. Какви совети даваат лекариве не можам да верувам понекогаш.. Инаку да, лакта микс, многу вода, ако не можеш вода цело време напиј се некој леден чај/негазиран сок и постојана стимулација.
Да и јас во болница, ама ретко кој е дозволен, затоа така пишав. Не знам стварно, делење совети од ракав.