Devojki, poiskusni doilki, ima li vistina vi toa deka kafeto namaluva laktacija? Go procitav na srpski forum
@AngelOfArh имам прашање за тебе како најискусна во одмолзувањето и замрзнувањето на млекото. Јас откако фатив мастит почнав да се измолзувам после секој подој. Прво го фрлав млекото, но искрено грев ми падна и почнав да го замрзнувам, па може ќе ми се најде за понатака. Дневно се собираат околу 200 мл, кои ги собирам прво во една тегличка во фрижидер, а потоа ги ставам во ќеса па во замрзнувач. Ок ли е на овој начин, зашто собирам млеко од повеќе молзења, може 3-4, па се плашам да не го контаминирам така млекото??? Друго што сакав да прашам е какви ќеси користиш за таа намена. Прашував кај нас во повеќе аптеки и немаше никаде, па порачав од нутривита на Лансинох но многу скапи ми се видоа 440 ден за 25 ќеси, скоро 20 денари му доаѓа за едно ќесенце кое собира само 180мл.
Можеш од повеќе молзења, слободно, ама не во иста тегла да мешаш тазе молзено и ладно од фрижидер, олади ги и двете во фрижидер, извади ги убаво измешај со кружни движења ама не со тресење, ќе се нафати како бела кора горе, тоа е масното во млекото, доле е водата и е сосем нормално, соедини ги во кесичка и терај. Прочитав дека на Кангару биле најефтини, ако имаш некој да ти донесе од Бугарија или во Лококроко да прашаш дали би ти услужуле. Иначе и јас на Лансинох ги користам, на Нук биле малце поефтини, ама пак тука некаде околу 400.
Јас имам прашање... Колку милилитри треба да се даваат на штотуку родено бебе и како ќе знам колку исцицало? И го дојам и се молзам па млекото го додавам. Е сега за молзеното млеко е лесно, но што е со ова другово? И колку е нормалното напредување во должина и тежина по месеци?
Штом доиш и се молзиш претпоставувам имаш доволно млеко, ако е така не треба да се замараш колку, како исцицало. Го оставаш да цица колку сака и тоа е тоа. Евентуално ќе пратиш брзо да не заспива со цицање па ќе го штипкаш за увце, ноџе, раче. Значи бара цице- даваш цице и не мериш, не гледаш не се оптеретуваш Тежина мислам над 700 гр месечно е ок, а должина по 2-3 цм месечно,имаш табели на нет побарај
Devojki pomagajte, malata mi e stara skoro 1mesec, na majcino mleko e, na poslednoto merenje si imase kaceno na kilaza, denovive mn mi place, cica pusta i place epten, celo vreme cica i celo vreme place, vase mislenje ima li potreba od dohrana, kolku pati na den i po kolku?
Мајка така беше и моето бебе цица и плаче цело време и земавме дохрана, ние користиме хумана 1 и обично на 2,5 - 3 саати и давам или зависи кога ке побара некогаш и на помалку време не гледам на саат колку поминало, за дозирањето ке си видиш на кутијата како треба и според возраста ке гледаш. Јас така правам а за доење немам мн искуство да ти кажам што да правиш.
Напредокот треба да биде во просек 600-800 г месечно првите три месеци, Под тоа е малку. Инаку, нека цица колку сака, кога сака, само да не заспива, тогаш ќе го будиш да цица. Следи го и види, нема правила колку мл ќе исцица. Колку му треба и сака, толку. Штом има накачено тежина, нема потреба од адаптирано млеко. Се работи за скок во развој, за кој треба да имаш трпение да го поминете. Неколку дена ќе ти прави така, цицни пушти плачи, ама ти упорно враќај на града. Можеби и грчеви се во прашање. Кога ќе помине оваа фаза, измери го пак, ако не напредува, тогаш советувај се со педијатар.
Мајки кои имате искуство исклучиво со молзење... На колку време се одмолзувавте и како го складиравте млекото? Погоре прочитав совет да не се меша во ист сад ладно од фрижидер и тазе измолзено, зошто? Педијатарот ми кажа дека можам од две три молзења да собирам во сад во фрижидер и за 24 часа да го искористам....
Во различни садови ќе го собираш, пример јас молзам во стерилни чашки за урина од 120мл, молзам 60 мл ги ставам во фрижидер поназад не во врата, после 6-7 саати молзам да речеме пак 60мл ги ставам со новиот сад до стариот во фрижидер. Кога ќе се двете млекца ладни ги спојувам и замрзнувам. Ако ги оставам во фрижидер ги користам наредни 48-72 часа, викаат може и повеќе но не ми е сигурно, фрижидерот ми е башка стар и не ми е сигурно
Прилично корисна статија за доилките, особено прворотките, сите дилеми околу доењето, имањето млеко и како настанува, прочитајте. http://superbeba.com/2015/01/28/kako-nastaje-majcino-mleko/
Благодарам за искуството. Не знаев дека треба да се спојуваат кога се со иста температура... Јас морам да молзам почесто немам доволно млеко,а бебе исцицува само по 10ml затоа што природно имам тесни канали па само со електрична пумпа на најјако успевам да извадам по 30-40мл на молзење....
Прочитај ја статијата погоре и ќе видиш дека бебето сигурно влече повеќе од 10мл, а ни најјаката пумпа не може да извади колку што може самото бебе. За каналите топол туш или пак стој над тенџере со вода што врие, пареата ќе ги отвори убаво. Знам дека е тешко и мачно, особено прворотка зашто си, ама прочитај, не мораш до крај, на почетокот е многу убаво објаснето.
Ах што све пробав.. Три пати меревме подој на по една недела, прв пат 5мл, втор и трет 10мл. Имам дијагноза за градите и најверојатно е тоа за жал. Неможе да извлече, ем имам рамни брадавици и со силиконска го дојам. Пробав све што можев едноставно не успева... и со топло и со облоги.... чаеви,течности... но нема.. но не се откажувам, повремено го ставам на града по 30 мин но знам дека не влече. Да..после мерените подои со пумпа влечам уште 20-30мл...
А без силиконска не фаќа воопшто? Имаш поддршка, знам дека се обидуваш за повеќе, ама здравје.... и тоа што го имаш давај му го. Мене ми беше многу тешко со првото, дека не цицаше доволно, па морав дохрана да му давам. А со пумпа ништо не можев да извадам.Ти барем нешто вадиш со пумпата, кај мене буквално ништо не излегуваше.
Фаќа ама не ја задржува долго, се трга неможе убаво да се закачи. Среќа електрична пумпа земав на заем, со рачната ништо не вадев...
Молзи се во различни садови, стаклени теглички, чашки за урина, шишенца... Па спој ги на идта тт. Но не е рокот за употреба 24часа,туку една недела. Млекото во фрижидер може да стои и една недела слободно. На собна 6 часа а во замрзнувач пола година. Мој слвет набави си убава пумпа и терај. Поминав низ ова, 9м се молзев, знам совршено добро како ти е. На почеток се молзев на 3ч, па на 4, па на 6 и на крја веќе и 2 пати на ден, ама бебенце има уште за пиењр млекце, од тоа што смрзнав.
Леле алал да ти е! Цело време го одржуваше на мајчино? Браво за упорноста и истрајноста,сега гледам дека воопшто не е толку едноставно како што звучи... Само за чување во фрижидер и педијатарот мој и друг во систина што го прашав кажаа до 24 часа... секако немам многу голема количина-се што ќе измолзам го конзумира во тек на истиот ден..