Доење

Дискусија во 'Бебе' започната од bibitri, 28 јануари 2010.

  1. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.301
    Пол:
    Женски
    Kolkavi ste?
     
  2. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    5.886
    Пол:
    Женски
    Ако сте 2-3месеци па и малку повеќе да знаеш дека е нормало тоа понашање на бебе. Го викаат скок во развој. Друга работа ...може и му е топло и склет го фаќа. Еве тргам од себе, преку ден доењето ми е ич нелагодно од аспект на топлината. И јас и синко сме утоп мокри, дури косата ( има многу коса ) му е мокра зависно на која страна го дојам. Го туширам некад и по 3 пати на ден, а го пресоблакам може и 5-6 пати. Јас искрено после секое доење се туширам зашто дур дојам се осеќам како некој со кофа топла вода да ме полеал. И исто така е фати пушти па и со плачки. Па сега имаме финта која ми помага и на мене и на синко....го ставам во скут и ставам чаршавче меѓу нас, а место главата на мојата рака да ја потпирам му ставам перница голема и така се доиме и верувај полесно поминуваме. Ако пак кенка и прави фати пушти, го кревам некпја минута ќе го избацувам, изгушкам и ќе си помуабетиме и пак го ставам да цица или му мењам страна. И верувам дека оваа побуна е пд топлото и кај вас.
    Во врска со менструацијата ќе ти каже некоја друга, зашто јас сеуште немам. Но, знам дека менструацијата не влијае на млекото.
    За посилните млазови има финта која ја прочитав по сајтовите странски и ја применувам. Пиши на гугле на англиски и ќе читнеш. Ќе се навалиш наназад повеќе и првите минути така ќе доиш. Со самото навалување наназад млекото малку успорува со течењето. Ова е што сум истражила и на тој начин се доиме претежно сабајле кога се пополни градите.
    Со лесно мајка :hug:
     
    На Girl-Rabbit и Poppins им се допаѓа ова.
  3. Mermaid

    Mermaid Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    296

    И јас мислев да не е од топлото ама вчера бевме цел дома, со клима и одржување на температура од 25степени. Пробав и со навалување ама после некое време пак му е цело устиче со млеко и нема ефект. Ч:( Ти благодарам на подршката, не знам веќе што да праам , цица ама не доцицува, нервозен е за време на доењето и навечер спиењето му се поремети.

     
    Последна измена од модератор: 15 јули 2017
  4. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    5.886
    Пол:
    Женски
    Мила читам 1ипол месец сте. Полека верувај периоди се. Знам дека ти е мачно ги поминавме тие периоди, па еве сега нови периоди се и све така ќе е дур не пораснат. Мора да се издржи колку и да е тешко. Јас исто мислев дека не доцицува, дека не се дојадува т.е. дека не е најаден па на секоја контрола бебе беше зачудувачки напредно у килажа. И се чудев како од цицање на рати па и некад по малку така напреднува. Еве го и ден денес цица на рати ( така го викам јас кога цица малку, па за пола саат пак цица и се така хахха ) па еве го машала жив и здрав да е ја дуплираше тежината родилна точно на 3 месеци. Затоа немај гајле оздржи колку и да е напорно и тешко период е. Најбитно е на контрола да се види дека накачува убаво на килажа. Еве го и мојов овие 3 велери е хаос навечер со спиењето, а преку ден по 10мин спие па ја жива ненаспана како зомби сум ама тоа е ќе се издржи. Не посегнувај по вештачко млеко доколку накачува на килажа, немој мислејќи дека така ќе е помирно и че спие да направиш таква грешка. Ова зборам доколку имаш млеко ( а по пишаното и по тоа што имаш јаки млазови значи имаш млеко на извос ;) ) немој да ти каже некој па макар и педијатар ( зашто у пракса им дојде тој муабет ) за да е помирно и да спие као дај му вештачко. Немој, мајчиното млеко ти е најздраво издржи го периодов. Знам дека некад ти доаѓа од мака и нервоза да плачеш па исплачисе ќе ти олесни. Полна му е устата некад и на мојот, јас се зезам дека залиха си прави ;) Па некад ќе се подзадави, испозакашла па и ќе му протече ама ете го супер си напредува. Иначе незнам како го доиш....ако е на саат т.е. на точно 2-3ч тоа ти е грешка голема и затоа градите ти се полнат и млазовите се појаки. Доењето е слободно доење значи : кога сака, колку сака и каде сака !
    Ќе го доиш почесто и по колку сака нека цица и нема да имаш проблем со јак млаз ни со препони гради. Ем ти раат со градите ем бебе мирно и најадено. И нека не те лаже некој дека не се цица често зашто ова не е вештачко млеко па мешето на бебе да му требаат 3ч да го обработи. Мајчиното е живо млеко ( отвори јутуб и глеј ) и мешето на бебето одма си го обработува/сварува млекцето и нема никаков проблем. Еве јас 3мес и 2 недели така го дојам и супер си е. Грчеви синко немал никад нит мака со стомакот. Освен еве све на све 2-3 дена. Иначе све си јадам и све пијам освен алкохол.
    Издржи мајка и пробај примену нешто од пишаново па ќе кажеш дали има подобрување.
     
    На Annath и manako1 им се допаѓа ова.
  5. mamitaa

    mamitaa Активен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2016
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    365
    Пол:
    Женски

    Mermaid нема врска менструацијата со млекото јас добив точно на еден месец од пораѓај и еве сме 4 месеци и немам проблем со доењето или со млекото а си добивам редовно секпј месец. Кај мене дури синко и обожава да цица. Да може цел ден ке си цица не му смета ни жешко ни што се прави жива вода. :D
     
    На Mermaid му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.301
    Пол:
    Женски
    Мали сте уште. Сосема нормална фаза која се повторува на одредени временски интервали кај повеќето од бебињата и се нарекува скок во развој.
    Сега сте околу 6 недели, овие периоди се повторуваат на 3та, 6та и 9та недела и 3ти, 6ти и 9ти месец.
    Софи ти дала супер совети, јас ќе ти кажам само смирено, ќе помине за 2-3 дена, после малку мир до наредната на 9 недели. :lol:
    Нема потреба да се измолзуваш, остави го колку сака да си цица, кога ќе заплаче крени го, утеши го, па стави го пак на града. Цел ден така сме го поминувале. Ама период е и ќе пројде. ;)
     
    На Mermaid, Annath и sofi2107 им се допаѓа ова.
  7. Addicted

    Addicted Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    65
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки. Ве молам за совети. Јас сум мајка на едномесечно девојче и сме на ексклузивно доење, но како и повеќето од вас и јас имам разранети гради. Пробав со ланолин, спреј од невен, крем од Леа мама, мачкање со млеко но нема олеснување затоа што често цица и сеуште неправилно ме гризе, инаку супер напредува. Решив едната града да ја одморам, да се измолзувам, а од другата да и давам додека да зарасне едната. Колку млеко е доволно да и давам на два часа? Пробав и измолзев 50мл од таа града, плус и дадов од другата. Дали тоа не е многу? На колку време и како ги стелиризирате шишињата?
     
  8. Seline

    Seline Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2017
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    3.658
    Пол:
    Женски
    Барам совет, можеби некој имал проблем како мојот.Со полни 9 месеци се доиме уште, или да кажам подобро се доевме без проблем до пред една недела.
    Ги вади горните единици, едната веќе проби, ама секој ден се повеќе ме гризе, дури не ни цица последниве 2 дена освен пред спиење. Ги пробав сите можни тактики, веќе се плашам дека е ненајадена иако имаме и три цврсти оброци, сепак почна да биде нервозна и да плаче,денес е кулминација.
    Исто си мислам дека снемувам млеко затоа што повеќе од 30 мл не измолзувам и градите како да не ми се полнат. Многу ми е криво ако ми се одбие, имав многу млеко, ама луѓе ова не се опишува, таа дури не зацицува туку дирекно ме дрснува и гризе, веќе сум разранета.Кога ќе ја извлечам градата плаче жално со солзи. Помагајте ако знаете чаре.
     
  9. barby

    barby Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2010
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    8.451
    Мајки дали при доење може да се поправаат забите, многу ме болат 2 заба ама ќе мора со анестезија да ги правам, а на едниот треба и да ми го умртват живецот. Не знам дали да одам на стоматолог да не е штетно за бебето, што ме советувате?
     
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.867
    Допаѓања:
    203.007
    Пол:
    Женски
    Слободно оди на забар, може да се поправаат или вадат заби без проблем.
     
    На Kaetana и barby им се допаѓа ова.
  11. Poppins

    Poppins Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    2.705
    Допаѓања:
    5.675
    Пол:
    Женски
    оди без гајле и јас бев пред две нед и тоа 3 заба поправам неделава пак сум и лек и све ми ставаат па неколку дена и антибиотик морав да пијам и док знаат што треба што не и кажуват .. не е опасно за бебувчињата јас и пробиотик и давав за секој случај да не добие проливче ..
     
    На barby му/ѝ се допаѓа ова.
  12. marijaaa20

    marijaaa20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    101
    Пол:
    Женски
    А знаеш дали смее рентген на заб во тек на доење?
     
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.867
    Допаѓања:
    203.007
    Пол:
    Женски
    Смее, со заштитни престилки.
     
    На Kaetana му/ѝ се допаѓа ова.
  14. marijaaa20

    marijaaa20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    101
    Пол:
    Женски
    Секако дека не ми ставија. Сега да се измолзам ваљда. Тука ми кажаа нема проблем и ме ставија. :(
     
  15. Mermaid

    Mermaid Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    296
    Ти благодарам на подршката, мнгу ми значи <3 Ке се издржи :)
     
    На sofi2107 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Mia.milicka

    Mia.milicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 мај 2010
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    205
    Здраво на сите. Сакам да прашам после колку време ви дојде млеко за доење? Јас пред точно една недела се породив царски, но мислам дека немам доволно млеко. Бебуш цица од една града и до 20мин и од друга, но не е најаден (става рачиња во уста, плаче). Му додавам адаптирано млеко да се дојаде. Не се откажувам, прво го дојам па му давам млеко доколку гледам дека му треба. Почнувам да губам надеж дека ќе го дојам. Моментално кога ќе притиснам појако на дојката, излегува мешано бела со прозирна течност. И нема млаз, туку капки само. Не знам како треба да изгледа градс која има доволно млеко.
     
  17. 123baby

    123baby Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2014
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    182
    Пол:
    Женски
    И јас сум породена пред една недела царски, млеко ми дојде после третиот ден, ама дека имам рамни брадавици бебче никако да повлече и сега сме со силиконска. Си земав електонска пумпа на медела и измолзувам и по 150 мл. после подој. Така да моја препорака е да земеш пумпа и ќе видиш колку млеко имаш, ем бебо ќе биде на мајчино.Мислам дека уште е многу мало и не може убаво да повлече, барем мојата е така, многу брзо се уморува, а од шише и е полесно.
     
    На Mia.milicka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.366
    Допаѓања:
    7.838
    Пол:
    Женски
    Не се oткaжувaј. Штo пoвеќе стaвaј гo дa цицa. Мене дури пo три недели убaвo ми нaдoјде. Пиј чaј зa дoилки, мнooooooгу теччнoсти, јaди oвесни снегулки, пaлентa, месo.
     
  19. Arendelle

    Arendelle Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    7.405
    Пол:
    Женски
    @Mia.milicka што повеќе е на дојката повеќе ќе има и симулација за млеко. Ќе дојде пиј повеќе течности. Во аптека побарај чај за доилки. Кај мене исто беше првите неколку дена. Потоа се регулира количината млеко со потребата на бебушот.
    Туку ова моето кутре синоќа заспа цицајќи, додуша тоа се така си заспива, веќе заспа, јас да ја тргнам градата тоа рефлексно кога стисна сите ѕвезди ги избројав. Толку силно апење досега не е било. Сега ме боли, цица а ми се плаче. Се велам да му намалувам подои а тоа па упорно се сака да цица, се тегле, се лути... но ајде да мине летово па ќе се одбиваме.
     
    На Mia.milicka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. lilipus

    lilipus Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2012
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    365
    Пол:
    Женски
    Не се откажувај, бебе што појќе седи на града толку појќе млеко надоаѓа. Јас таква грешка направив со големиот и одвај цицаше и сам се одбиваше постепено а и така ми секна млекото. Подучена со првото, сега со второво бебе има 2 недели упте од прв ден ја ставив на града и после два дена имав саглам надојдено млеко. Сега цица кига сака и колку сака не гледам на саат ниту пак минути. Ќе се водиш по тоа колку мокри и какани пелени има. Не прави грешка не давај АД пошто така ќе ти се одбие, кај мене беше таков случај. Земи чај од доилки од Хип, јас моментално го пијам тој и мн ми надоаѓа млеко од него. Биди упорна знам мачно е ама пак се исплати.
     
    На Lolipop23 и Mia.milicka им се допаѓа ова.