Напиј се пивце слободно. Све остало како што ти пиша Дани иде 100%во млекото. Имаш за тоа на сите медицински истражувања на гугле.
При молзење нокеска приметив крв од брадавица,сега сабајле како напукната да е на едно место и ми е страв да ја ставам пумпата.А на другата брадавица како жолтеникава течност.И звонам на докторката да ја прашам ама не ми крева.Што да правам дали да продолжам да ја молзам?
Жолтеникавата течност е најверојатно колострумот. Молзи слободно. А за распуканата брадавица земи ланолин или друга маст за брадавици, брзо ќе заздрави. Слободно молзи се од двете гради, не прекинувај за да одржиш лактација.
Мајки дојам 2 месеци. Сабајлево бе разбуди голема болка во левата града, точно под пазувите. Вака мека е градата, немам згрутчување, нема тт а просто боли не се пипа. И дадов пред малку да цица од таа града, цицаше нормално. Од што може да е? Слично искуство?
Мајки, утрово едната града ме болеше премногу... сега допирајќи се сфатив дека имам огромна грутка...што да правам? Немам темп, а и немам нешто многу млеко, 40мл измолзев од таа града сега...
Прво стави топла вода на градата , и потоа масажа за да попушти малку. И молзи колку што можеш да пробие каналот.
Ако те боли, или ти е распукана земај маст стави. И слободно давај и да цица од таа града. Може и полесно така со цицање ќе се пробие каналот ( ако е на таа града )
@Igle и мене ми се случи 2 пати. Ми помага термофорче масирам со него. После го ставам бебе да цица од таа града и се средува. Исто без црвена града и температура. А и болно е.
Сум заспала на градата станувам цела тврда камен. Едвај се измолзев болки ненормални. Ставав лист пд зелка сега на еден дел само ми е тврда ама и многу боли. Вчера тт 39.2 денес 37.8. Црвена ми е. Ја масирам од денес ппчнав и цефалексин да пијам. Ама пак мо стои тврдо на тој дел. Некој совет друг. Леле коллу боли ова значи немам зборови. Вчера една пријателка божем да ми ппмогне рачно да се измолзам ќе се онесвестев од болка. Пребледев цела и оставив Се измолзувам само со пумпа
Стави ладни облоги ако ти жежат и мачкај со свинска маст ако имаш. Ако цица бебе стави го на града, најубаво трга млеко од се, само олабави малку бласавица и ареола. Пиши како си
Поискусни мајки ќе ве молам за совет. Бебето ми е 9 дена и сме на мајчино со дохрана. Вака имам млеко ама дојам со силиконски. Бевме на преглед 2 дена после испис од болница и само 10грама накачило за 2 дена со подој на 3 часа и 45мл дохрана. Проблемот е што нема жутица а бебето само спие. Ја будам за јадење и поспано ми цица 20мин. Се секирам дека не качува на тежина, што да правам нормално ли е да е толку поспано?
Здраво мајки ме фатило една безвезе настинка па ме интересира што треба да се напијам, сабајлево испив Аналгин, ми помина главоболката, сега пак имам температура и ми се гади. Смеам електролит алвоген за бебињата да се напијам?
Доењето е толку важно што би било убаво да бидеме спремни уште пред породување. Во смисла да се едуцираме и информираме за се. Има едукации во Скопје, со вежби со се, во Лулка организацијата, и имаше уште една, само да ми текне.