Исто и во нашата фамилија се прави овој лек од одамна. Секогаш имам дома една тегличка, меѓутоа на периоди сум, некогаш јадам, некогаш со месеци заборавам. Периодов морам пак да почнам ради превентива. Сабајлево доручкував ајвар со многу рен, така ми е најслаток. Во комбинација со прополисот и веќе ми е подобро на грлото.
Ад му давам. 2 месеци сме. Јас се ќе издржам не е проблем тоа, проблем е што не сака да фати му ја ставам во уста и му се гади плачи зајдува цел ми се витка во раце. Секако сум пробала од седење, лежење, со перници, со шетање, на светло, на темно, на затемнето, со музика, со пеење, со галење, зборување, кога е гладен, кога е сит, кога плачи, кога е радосен, кога спија... Не сака. В болница првите денови цицаше ама немав доволно и многу падна на тежина и мораше АД да му се даде, првиот месец цицаше по цел ден ад само еднаш давав. По 3 тата недела ми дојде циклусот и млекото ми се намали не течеше повеќе и бебе беше нервозно не цицаше а беше гладен и само плачеше и Тогаш му беше и првиот скок во развој и беше ептен нервозен. Одвај 1-2 во денот фаќаше сега не сака ни еднаш. Пијав мн течности чаеви дома имам од сите за доилки се што сум видела сум купила ама ете не успеавме. Зедов и пумпа електрична си реков барем ќе се измолзувам ќе му давам ама повеќе од 10 мл нема. Сега ми е страв да не ми се случи нешто со градиве дека има уште млеко. Најмногу од се сакав да го дојам ама не успеавме.
@Belabelinakinder со рефлукс беше малечкото така? Како те советуваа за доење? Ако немаат редовно и доволно стимулација градите се намалува млекото, или да цица кога сака, или измолзувај се редовно поради состојбата.
Го поминавме и тој период знам дека е стресен. Јас искрено не дадов ниеднаш Ад ама синко 1наш неделно го носев на педијатар и си качуваше и по 1200месечно. Тоа ми беше репер дека сепак не е гладен. Кога че почнеше така да се треска од земја го кревав и не му нудев наредни 10мин цицка дур не се смири и кога ќе се расположи и ќе е смирен пак ќе пробав и се така у круг. Поготово 3тиот месец ми беше пеколен жива ненаспана и нервозна ама истуркавме. Добив јас точно на 5 мес кога праеше синко и искрено баш читав за тоа и немав паника за дали ќе имам или нема да имам млеко, зашто имаше појаснување дека малку ќе смени вкус млекото и послабо ќе тече, но сепак не се осети никаква промена. Рачунај дека е тешко и периодот кога вадат заби. Ова ти кажувам за да имаш претстава дека допрва доаѓаат и други потешкотии, но ако бебе ти накачува на кг немаш простор на паника. Ти си го навикнала на шише каде му тече полесно и сепак е флаша не е цицка. Афтоматски му ствараш еден вид на аверзија спрема цицка од која треба да шмука и да дава поголем напор за разлика од шише. Ем со самото давање на Ад млекото нормално дека ќе намали. Колку повеќе цица бебе толку млеко надоаѓа. Ако ти му даваш да цица само 2 пати во ден како што те разбрав...како сакаш да имаш млеко. Башка доење е кога сака,колку сака и каде сака. Мојот е 6+ и ден денес некад и на 1-2ч цица. Ама онака 5 пати че повлече и толку ама битно стимулира постојано надоаѓање на млеко. Еве го вади заби и хаос сме уста не отвара, вришти, температура качи, зајдува, се треска од земја, се кубе, се гребе, буквално ме турка и ми се провлекува од раце ама верувај со 300та маки пак нудам да цица. И 5мин и толку ќе е доста па макар на секој пола саат. Еве сеа таман почна повлече 3пати и зајде и го дадов на мажми со него да заспие па ќе идам дур спие ќе му дадам у сон. Ама јас Ад не дадов никогаш и кога буквално сум била на крај со нерви, ми идело да вриштам од неспиење и неговото понашање, ми идело искрено да зеам Бромергон и да престанам да дојам и да почне со Ад за да сум посмирена и раат да сум, ама никогаш не го направив тоа бев упорна и го изначитав цел гугле Не ме сфаќај погрешно само ти ја доловувам сликата на доилки. Но,ова се однесува нормално доколку бебе си накачува на кг. А за да знаеш дали накачува и му е доволно само мајчино, 1на недела ќе издржиш и нема да даваш Ад па ќе видите на мерење како напредувал таа недела. Со лесно мајка.
Да така беше се молзев на почетокот сега едната брадавица ми е за никаде не ми тече кога е молзам му давам да цица ама не редовно зошто гледам само да се најаде и да не поврати зошто ако го оставам да цица 20 минути само тоа му е малку па мора дохрана и ми повраќаше
Ако не се лажам живееш во странство. Мислам дека кај тебе има групи за поддршка со официјални и сертифицирани лактациски консултанти или во најмала рака претставници на ла лече лигата. Размисли и од тој поглед за поддршка во доењето. Сепак поинаку е кога некој ќе дојде дома и ќе ти даде совет. Знаеш дека молзењето не е репер за тоа дали имаш млеко или не. А кризи во доењето постојат во повеќе старосни периоди на бебето. Не знам како е со напредокот од раѓање па наваму и дали е само на доење или на комбинирана исхрана...
Fala ti Sofi, bas ke napravam, zasto bas imam mnogu problem i so grlo i so krajnicite, od Septemvri do leto se lecam grlo... @Lolipop23 borov sirup nema, no imam doma med od bor, e sega neli za doilki me se preporacuva med zasto moze da bide alergen za bebe, no mislam deka veke sme golemi 10+ cica samo nasabajle i mavecer, pa nema da ima reakcija od medot.
Мамички ние мислам дека најдовме некој "ред" со цицање во поглед на тоа дека цица малку подолго(5мин повеќе) и почесто. Но имаме друг проблем, т.е стариот, не ждрига, секогаш скоро спие после цицање, ја држам исправено или со грбче или со стомаче и ништо, спие. И ми повраќа. Ајде не беше страшно ќе бљуцне малку, но два пати вчера и денес ми поврати многу. Се исплашив Буквално цело млекце што го цицала цица, се тргна и поврати. Мислиш едно шолче Од што може да е тоа? Прејадена е? Нешто не и е добро? Ви се случило ли? И друго, често ика, и обавезно после секое цицање Дали не правам нешто правилно? Што да правам да и олеснам? Како да престане? Да лежи, исправена, да и дадам да цица или не? Не сум паметна како да постапувам Цица 10 до 15 мин дали е тоа доволно? Се слуша дека голта и тоа лакомо, односно мене ми тече убаво млеко. Имаме какани пелени, можеби не многу ама во едно деноноќие 5-6 сигурно, а мочкани секако. Според тоа како поврати, барем сигурна сум дека цица ама цело време се прашувам дали правам сé како што треба
Да знам дека има групи и има предавања, уште во болница ми кажаа ако имам некаков проблем да им се обратам бесплатно е, ама јас незнам убаво јазик и неможам да им објаснам немам никој овде кој да ми помогни-преведи. Бебе е 2 месеци. После 3 тата недела ми дојде циклусот и ми намали млекото не му течеше убаво и беше многу нервозен тогаш му беше и првиот скок во развој не сакаше да цица. По цел ден му нудев града и само 1-2 на ден фаќаше да поцица малку зајдуваше од плачење кога ќе му понудев да цица цел ми се виткаше во раце, секако пробав и морав АД да давам. Првиот месец супер си напредна после падна на тежина малку и почнав повеќе да го дохранувам. Сигурно се навикна на шише дека полесно му тече и сега не фаќа воопшто да цица му се гади кога ќе му ја ставам брадавицата во уста и зајдува од плачење. И сега е само на АД јас пак нудам секој ден ама неќи. И жал ми е да го гледам како зајдува веќе и психички попуштив а кога и да стегнам млеко капнува. Изнајмив и пумпа на медела како што ми даваја во болница, си реков барем ќе измолзувам и ќе му давам да пија мое млеко ама повеќе од 10 мл неможам да измолзам.
Мочканите се поважни од каканите, а богами и какани имате во добар број Пелените укажуваат дека добро цица. За бљуцкањето е во ред, ама повраќање не. И тоа што не ждрига, совет од паничар, ама не е на одмет да прашаш педијатар. Да не е рефлукс...
И нас ни се случува. Тоа го викаат повраќање во млазови. Не е ок ама 3 педијатри прашав, нишо само да не е секојдневно и долготрајно. Ако е 1-2 на неколку дена демек нишо страшно. Битно да напредува. Да ја одморам од цицање ако бљуцка и тоа беа советите. Ние мака мачиме со грчеви ептен интезивно па и со цицање сме тешки, спиење исто ама се трудам колку можам да и помогнам у све.
@Цвет88 Ми поврати така три пати досега. Два дена по ред, па пауза еден ден па пак. Последно вчера. Не е многу ама воопшто не изгледа добро и првиот пат се вкочанив Се надевам нема да се повтори. А и штом е таква работата најверојатно не може да се направи ништо. Туку после секое цицање ика, не знам зошто. И не знам како да и помогнам. И неколку пати токму поради тоа икање ќе бљуцне. А и досега дали неколку пати ждригање. Секогаш спие после цицање спие, ја држам исправено ама ништо. Кога сме кај спиењето да прашам. Понекогаш, преку ден спие и по два до три часа. Треба ли да ја будам или да ја оставам да спие? На колку време треба да цица? Има ли правило некое? Да повторам дека цица 10 максимум 15 мин и заспива.
Десетина дена имаме Мислам дека имаме некој ред. Пишував погоре опширно, да не се повторувам со долги постови А во ред е на два до три часа ( иако не е секогаш така) по 10мин цицање?
Ако полни пелени, а гледам дека полни, значи се најадува. Вагата што вика? Чим имаш млеко убаво, нека си поспива јога има потреба. Ама не повеќе од 3ч
Мислам дека за бебе од десет дена е сосема во ред цицање десет минути се додека полни пелени и добро напредува.синко до месец цицаше така па качуваше по 40гр. За ждригањето и кај нас иста приказна, еднаш од десет пати ќе ждригне. Икавме скоро после секој подој до пред една недела, сега проретчи. Ништо не му помагаше, на крај ќе се расплачеше и му поминуваше. Мислам се е нормално освен тоа што ти повраќа во млазови. За тоа најубаво да се консултираш со доктор.
@Вереничка Не се плаши, прашај педијатар. Мало е уште. Ние сме 27 дена и мака мачиме. Грчеви икање бљуцкање на секое доење. Сака нон стоп да цица. Плаче за у раце. Ја научи баба и, па ја сеа мака иам. Верувај сабајле плачев зошто детево ми се тресеше од болка од грчевите. Ќе помине се...да пркнат малце. Јас од нервоза почнав без воздух ноќе да останувам. Сеа сама у соба таа вришти а ја зјапам у телефонот зошто не можам по раце више. Тоа е слатки маки се.
Оф зборувај ми за ноќите и за држење во раце. Дење спие ноќе ме гледа, очи отворило а мене ми се затвораат Пеам, шетаме, мирна е, ако ја оставам во креветче плаче. Знам дека е рано за навики и биоритам и тоа е. @wannaBeMomma Обично преку ден, едно спиење обавезно и е 3часа. Млеко имам, ја слушам како голта. Какани пелени. Не сме биле на педијатар уште. @Ano Мислам дека да ждригаше немаше толку да бљуцка и да повраќа. Не знам како е најправилно да ја држам? Ама што кога спие она. Со икањето се нервирам, па уште и мм кога ќе ми рече направи нешто како од мене да зависи. Се надевам само не и е мачно. А вие на колку време цицавте/те?
@Вереничка Исто...а првата недела беше срце.не можев да ја разбудам. Сеа поише од саат не спие. Ова состојба е од неделата.
@Вереничка во една книга прочитав дека и икањето е знак дека е најадена.И мојата ика постојано ќе ја подржам за раче и престанува.И ја сакав да прашам колку време е доволно да цица бебе од скор 4 недели.Мојата различно цица,кога цица 10 мин мислам не е најадена оти заспива на цицка