Значи тоа со 10мин од една 10мин од друга како бебе да е робот е најглупавиот совет на свет за толку мало бебче! Тоа може да важи за поголемо бебе со повеќе сила да се најаде побрзо. Моето првиот месец беше само на цицање, иако со силиконска сепак само цицање и цицаше ноооонстоппп. Мм ми викаше да можев да дојам место тебе ќе го доев да те сменам малку. Значи цица и спие во исто време. Или цица па се трга уморно па бара за десетина минути пак. @fana сите поминуваме низ истото. Се плашиме дали имаме млеко и бебето дали ни е најадено. Мислам дека имаш млеко и дека ад не ти треба. Нека виси бебе на града. Така е првиот месец....потоа е полесно
Јас сега се одмолзувам и и давам од шише. Во 3 дена може само 2 оброка да има ад. Во почетокот многу мака имавме силиконски па тргни пушти плачење често јас нервозна бебе и ја отргнав од цицка. Многу ми беше жал кога ќе побараше цицка не и давав ама се одвикна со време. Сега читајќи ве си викам ќе требаше да бидам поупорна. Маж ми ми вика пак да и понудам цицка ама ми е страв пак низ тој период да не поминуваме. Вака знам и точно колку мл ќе испие. Совет?
Мислам никогаш не е доцна Сега имаат повеќе сила да влечат и ќе слушнеш убаво дали голта или не. Ќе ја мериш почесто за да си сигурна Мојот повеќе сакаше да цица отколку шише. И сега незнае да пие Мислам оти нема врска ако даваш ад ќе се навикне на шише и крај. Еве жив пример. Секое дете е индивидуално.
Убаво те советувала Ели. Еве ние се вративме на цицање. Само треба желба и упорност. По тоа што кажуваш, ти имаш млеко да не даваш ад ама дека молзеш никогаш нема да измолзеш доволно. И за ноќни подои ли се молзеш? Ако да, понуди тогаш цице...бебе што знаело да цица брзо ќе фати.... ако решиш ќе ти помогнам колку што можам од она што читав и поминав. Јас скоро секој ден давав по 120 мл ад дневно па сега немам потреба....имам доволно само мое бидејќи бебе цица
Јас бев иста, до 6 недели цело време се измолзував, еднаш во денот можеше да го ставам на цицка или ниеднаш. Ми беше страв не знаев колку пие, да не остане гладен, бев на педијатар и лом ме направија. Од тогаш сме само на цицка и супер си напредува, колку сака толку цица. На почеток одев на три дена го мерев да видиме дали цица, супер беше и си продолжив само со цицање, да ти кажам искрено многууууу полесное. Тие 6 недели мислев ќе умрам од умор и неспиење. Дури се измолзам, па да му дадам да пие, па да измијам се детално, после пола саат пак требаше да се измолзам. Вака кога ќе се разбуди одма цицката и за 10 мин продолжуваш да спиеш. Ти наспана, расположена, бебе задоволно. Пробај @mariz ја испита тероидната?
Денес нa сoветувaлиште ми рекoa немa местo зa кoмпрoмис (дa дaвaм сaмo цице цел ден кoлку сaкa и кoгa сaкa), дa се дaвa aд и мoлзенo бидејќи сеуште јa немaме врaтенo рoдилнaтa тежинa, a вo петoкoт нaпрaвивме три недели. Нa сoветувaлиште нештo згрешијa вo мерењетo и излезе декa нaпреднaлa сaмo 40 грaмa зa еднa неделa, a бидејќи oдaм и вo бoлницaтa Плoднoст тaму велaт декa нaпреднaлa 180 гр зa еднa неделa. Нa првите две кoнтрoли нa двете местa истa тежинa пoкaжa знaчи немa сoмнеж вo вaгите, a oвие две мерењa денес се нaпрaвени еднo пo другo (нa рaзмaк oд 20тинa мин без мoчкaнa или кaкaнa пеленкa и без јaдење). Дoктoркaтa вo Плoднoст рече немa пoтребa пoвеќе oд кoнтрoли oдличнa е, a нa сoветувaлиште требa дa oдaм петoк пaк . Ве гушкaм мaјки
Мајки имам едно прашање дали некој досега имал вакво искуство со бебето ,за два дена правиме 4месеци само на доење сме ,до сега последниве два месеци на еден подој цица од една града по 5-10мин и најаден е супер си напредува.Последниве неколку дена цица и по некое време станува нервозен и почнува да ме стиска со непцињата и да тегне дури и ме заболува ,тегне и кенка истовремено,и тогаш зимам го префрлам на другата града и си продолжува да цица од нејзе нормално и пак по некое време цицање го прави истото ,прво мислев да не снемува млеко ама стискам тече млеко што значи има ,има ли некоја од вас вакво искуство?
моето бебе има 3ипол месеци и прави слично. Цица цица и по некое време фака брадавица тегне и ме погледнува и се смешка. Јас не го прњфрлам на другата града веќе туку го оставам да си дпигра. Кога го префрлав зацицуваше ама кратко. И пак исто, тегнни погледни насмевни се. Па пушти па фсти насмеј се и во круг : ) Најадени се немај гајле
Мојот исто прави, ме гризе со непцата, ја врти главата, се скубе, ги тегне ушите. И јас мислев немам млеко, ама кога ќе се тргне од цицка уште шприца. Сега најдов решение кога цица му пуштам музика на телефон, да гледа во телефонот за да цица. Мајки лд кога ќе се воспостави ред во цицањето ви тече млеко од градите измеѓу подои. Јас цело време носам влошки за гради и стално полни се, дури и на маица ми протекува низ нив
Се нервира оти почнува да тече побавно, ама не му се секирај за брзо време ќе свикне. Ќе имате одвреме-навреме такви периоди, што од заби, што од скокови во развој, ама минливо е, млеко имаш тоа да не се сомневаш. @barby мене до кај 6-7 месеци ми течеше така измеѓу подои, а и додека бебуш цица од едната, мене од другата ми течеше. Како почнавме со немлечна храна и се проретчија подоите престана да ми тече.
Прашањево ќе го поставам овде зошто дојам, па не знам више како да реагирам. Се соочила ли некоја со алергија за време на доење. Прво почна само ноќе и се повлекува дење, сега еве не може никако да се смири. Бев одма на лекар не е од храна, педијатарката па вика од хормони. Ми дадоа креми ама ништо не помогна. Не знам веќе што да правам нервира страшно. Се прават големи пликови и по 2-3цм, или пример цела бут исипан едно до друго. Мислев да не е и од ноќното потење ама и тоа не е. Не помага ни ладење ни ништо. Некоја слично барем искуство, или да сте пиеле апчиња за алергија додека доите?
Добро фала ви многу јас па се секирав зашто ми се нервира синко. @barby Мене така млеко ми течеше само на почетокот првите две недели ,а сега ми е се има случено само еднаш кога несвесно во спиење му имам дадено два пати по ред да цица од иста града ,и едната ми се има преполнето со млеко и цела пижама ми беше мокра од млеко .
Беше на дерматолог да видиш што може да биде? Да не пиеш/јадеш нешто за лактација што не си го пиела пред да се појави алергијата? Инаку по описов ми личи на уртикарија, ама не знам што би можело да биде. За антихистаминици и доење да видиш педијатарот што ќе ти каже. Обично не се препорачуваат, ама ако се нема избор, да ти посочат дали постои таков лек што е безбеден при доење, бидејќи има повеќе видови.
Пиев чај, ама го прекинав зошто мислев од тоа е. Ама еве не е. Викаат хормони, може долго да ме држи. Од доењето демек. Незз ни јас веќе. По интернет ништо не среќавам за овој проблем. Ќе прашам пак задутре педијатар. Не се издржува.
Пак јас. за алергијата ми дадоа лоратадин, само тоа смеело, па се средив. Него сега прашње за доењево. 2 месеци сме, досега цицаше на 2 саати по пола саат и повеќе, си цица лакомко. Сега еве веќе на 3 саати некогаш по 15 мин некогаш повеќе. Синоќа цицна 15 мин па за саат време пак цицна 5-10 мин и спиеше ноќеска од 10 до 03:40. Да напоменам дека чат пат знае и да си бљуцне заурдено, па си викам таман и е. Си кака мочка одлично. Вие што мислите? Некако нагло ми смени па ми падна чудно. После сме на орропед, постои шанса да ја видиме и докторката па секако ќе си ја прашам ама сепак сакав искуства од мајки.
Пo мoе скрoмнo еднo месечнo искуствo мислaм декa aкo не е вoзнемиренa и aкo имa пoлни пеленки е вo ред. Не е рoбoтче, чoвече мaлo е не се зaмaрaј сo времетo кoгa сaкa кoлку сaкa некa си цицнувa.
И јас така мислам, и мајка ми вика оставија. Весела си е срцка да може би проодела ама пуста мајка увек се секира.
Кажете финта како да остане будно додека цица,до сега менував гради и го будев...тоа штипкање не функционира :/
Мајки кои се одмолзувате, откако ќе го извадите млекото од фрижидер, независно од замрзнувач или обичен, како го загревате, на која Т треба да биде??!! И ако одите некаде и треба да се даде млекото, како се чува?? Има термос некаков за шишенца или?? И се одмолзав од едната града (бидејќи беба една не празни не па двете, а гради фул) од шишенцето млекото го ставив во специјални ќесички и го замрзнав. За одмрзнување како, каде се остава, колку време му треба да се одмрзне?? Прочитав само дека треба да се искористи во рок од 10ч.. А и ова, во обичен фрижидер млекото може да се чува и во шишенце и во кесички така?? Знам има и чашки..