Не не каква кутија. Доктор ќе прашаш колку да даваш. На два месеци некои деца имаат 5 кила некои немаат ни 4 на таа возраст (конкретно Ева на точно 2 месеци имаше 3900). Не може да пијат исто сите, не се роботи, секое е различно.
Синтоцинон или окситоцин хормон те боцнале. Се дава при пораѓај за контракции на матката, тоа е всушност провокација што викаме и при доење за секреција на млеко.
Сигурно ...јас при пораѓајот не добив ништо..не ми ставија нит систем..може требало за да се среди сигналот за млеко Знам само дека после тоа многу ми олесна...
И јас ништо не добив. Кога почнав да напињам на боксот сестрата проба да ме боцне синто ама ми ја запуши вената и не ми ја стави инекцијата. Наредната ноќ градите ми беа камен тврди, пробав со облози ама некако слабо ми течеше, имав и покачена т. Пред одење сабајлето една сестра од неонатологија дојде и ме фати да стиска, умрев од болки. Среќа се среди се, инаку готова бев мастит да фанам.
Јас купив бебидол од Mothercare. Ќе прашам и во Waikiki за маички штом викате дека има, јас немам видено.
Комбинирано доење и ад. 90 пие кога пие само ад. Пробав 120 повраќаше и ја болеше меше. Со 90 е задоволна си спие и не повраќА.
Dobiv podarok pernica za doenje,ne mi e udobno, dali ima nekoja posebna polozba, tehnika?Slusnav deka ima mnogu zadovolni...
Каква доби? Ај женски што сте задоволни од перноцоте за доење, ќе може ли слика да ставите и од каде е?
Јас со првата ќерка ја искористив на старт, додека го добијам "фатот". Доколку легнати на спална се доите можеш и тогаш да ја искористиш. Стави ја перницата позади бебушка, во долж, да биде потпрана/налегната врз нејзе додека цица.
Мајки, ве молам споделете искуство, после колку време од операцијата ви надојде млекото? душа ме боли што еве после 36 саати од царскиот млеко нема, бебето гое дохрануваат ама сепак го мислам цело време да не е гладно
И мене, 3ти или 4ти ден. Ама убаво процица кога си дојдовме дома. Во болница го дохрануваат, дома само на цицање, и редот си го фативме и млекото си надојде.