Многу убави совети причитајте. Имаше пред некој ден некоја од доилките прашуваше и за будење дали ноќе да го буди доенчето за цицање. Да ќе го будиш/будите обавезно барем до 3-4ти месец. За ова имате и на многуте статии и истражувања зашто да се будат иако убаво напредуваат...објаснето е све .ќе најдете. https://panacea.mk/d-r-stsi-sajkovs...a-bebeto-ke-posaka-da-tsitsa-treba-da-tsitsa/ .Или на Фб оваа страна ви е многу добра и со корисни информации и искуства : https://www.facebook.com/bfmamatalk/
Мамички ние сме две недели и факаме да цицаме ама после доење од 10 мин заспиваме и ништо не не буди ни штипкање ни закачање и спие околу 15 мин и после пак почнува да плаче не е дојадена и и се ремети редот на јадење и спиење Ваши искуства како да останеме будни и да се доцицаме
Ние не сме многу поголеми, немаме ни два месеци, ама од искуство давај и да цица кога сака. Мала е, може нема сила, мрзлива е, може уште не е надојдено млеко па треба да влече повеќе. Млекото ќе надојде убаво после 20 дена, значи уште недела - две бидете упорни. Мојава цица кога сака, на пола саат на еден, на два, максимум издржува два ипол саати. Нека пркнат ќе им правиме ред.
Ќе бидеш поупорна со закачкање, кај нас најмногу успеваше кога го скокоткав за вратчето и го потфаќав одоздола за вилицата
Нека цица кога сака и колку сака. Мала е уште и може рефлуксот ( цукот ) е послаб и ја уморува. Па цица, па прави пауза па пак цица. Со тек на неделите ќе развие Цук и ќе се исцицува наеднаш. Па ќе смени со тек на време и ќе цица на подолго тастојание помеѓу подои. Запамти и дека мајчиното млеко е побрзо сварливо и ако има побрз метаболизам некогаш и на 1ипо-2ч ќе бара да цица. Ќе ја оставаш кога сака и колку сака да цица. Ти посакувам долг и убав доенички стаж.
Па ке морам и така да пробам иако педијатарот ни кажа на два до три саати по 15 мин на града да цуци и дохрана бидејки ние сме поголемки 4300гр. Инаку има сила кога ја фака градата убаво влече ама ке морам да најдам начин да ја одржам будна
Женски неколку прашања Прво тие што доите со силиконски брадавици кажете како ги местите. Јас само ја прилепувам, никако не можам да успеам да ја наместам според упатството. Друго да ве прашам како го чувате измолзеното млеко? Сакам да одам на депилација и мм да го причува па за секој случај да оставам млеко. И има ли начин да се исфрли АД, да биде на ексклузивно доење? Да пробам со одмолзување па да пие тој период мајчино од шише наместо ад ќе помогне ли?
На првото прашање не можам да ти помогнам. Што се однесува за депилацијата млеко молзено можеш да оставиш 4 часа на собна температура, а можеш да го оставиш и повеќе само ако веднаш го ставиш во фрижидер (не на вратата од фрижидерот). Ако решиш да го оставиш во фрижидер, пред давање шишенцето да се стави во сад со топла вода. За прмин на ексклузивно доење секако дека е можно, ама ти треба многу упорност. Најпрво треба да почнеш постепено да намалуваш количина на ад млеко но имај на ум дека и често треба да одиш на мерење за да се види дали добро напредува со намалената количина ад млеко. Пример започни прв ден со 10мл помалку па следи како ќе биди,може порано ќе огладни ама ќе нудиш да цица. Дури и после испиеното млеко може ќе плачи дека му е малку, но ти пак ќе нудиш да цица. Посакувам да успеете
@fana Бидејќи на депилација би се задржала максимум саат ипол до два значи можам да го оставам на собна температура, (така е подобро?). И ако треба да го даде мм треба да го загрее на 37? А за ад искрено се плашам да не останува гладен. Еве прееска го избањав и му дадов ад, си го испи и бараше уште па продолжи со цицање.
И јас само ги прилепував. На собна т. стои млекото до 6 часа максимум а во фрижидер 24 часа. Јас сум пример каде оод Ад целосно преминавме на мајчино млеко ама само со измолзување. Несакаше да фати цице и тоа е. Напорно е одмолзувањето ама се за нашите малечки.
Не, ако е на собна нема потреба од загревање. Затоа треба постепено да се намалува и да се следи напредокот бидејќи само така ќе знаеш дали му е доволно.
Мое искуство- потешко ми беше со силиконската брадавица. Исфрлија ако можеш. Ако ти се брадвиците разранети ставај Ад капки, ќе помине. Подобро е директно на града твоја. Ако си на депилација нека му дадат Ад млеко додека те нема. За да е најаден и д не трчаш дома по брза постапка. Премин на доење секако може, треба да си упорна само. Ќе му даваш да цица прво од двете гради, тука стопираш. Ако е гладен ќе видиш , ќе бара и давај помала количина. Прво цице па млеко. Така секогаш. Кoлку сте на возраст? Ако си имаш ти доволно млеко, ад да откажеш не е никаков проблем. Пробај ако мислиш дека имаш млеко доволно, давај преку ден града само, а навечер Ад. Треба да следиш ти напредок како што ти пишале. За една недела самп на мајчино млеко најмалку 150 гр треба да е напреднато. Се испод мора дохрана плус. Упорност, мајка и уживај во доењето.
девојки, ми се појави млечен блистер на едната града. пробав со пумпа и топол туш да го отпушам каналчето ама не бива. бебе кога цица ме боли ама не е неиздржливо. како можам да го отпуштам каналчето?
Дали некоја мајка дава пробиотик Провен, а притоа се на ексклузивно доење? Слушнав искуства дека е добар, но на него пишува дека е за бебиња на формула.
Хм, не спомна ништо аптекарката... а баш и реков дека само се доиме, и рече во лажиче или во шише малку молзено млеко и ќе раствориш... Едит:да, сега видов, два различни се.
Сега гледам @Annath пишала дека го нема тој кај нас. И на маж ми му го дадоа тој за бебиња на формула што се и искрено јас не ни приметив и му го дадав на бебево некое време, а сме на доење. Ама моево имаше промена во столицата и прекинав со провен се вратив на биогаја.