Доење

Дискусија во 'Бебе' започната од bibitri, 28 јануари 2010.

  1. Searcher

    Searcher Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2017
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    136
    Пол:
    Женски
    Веројатно, бевме на педијатар не е многу напредната, а и рече дека изгледа има жолтица. За два дена сака пак да не види а во текот на тие два дена рече интензивно доење... а како кога млекото ми се намалува... :sweat: што да сторам да ми се врати...
     
  2. Igle

    Igle Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.728
    Допаѓања:
    18.443
    Пол:
    Женски
    Не ти се намалува млекото. Не гледај по количоната што ја одмолзуваш, таа е скоро секогаш помала од тоа што бебе може да исцица. Ставај бебе на цицање, топло е сега. Расоблекувај го пред цицање да се расони, нека цица, штипкај го ако заспива после минута цицање...важно е бебе да цица, ти млеко имаш. Течности и осн ти треба и верба дека ќе се доите успешно
     
    На makedonkamak, Searcher, Lolipop23 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Leo_29

    Leo_29 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2017
    Пораки:
    1.351
    Допаѓања:
    5.025
    Пол:
    Женски
    Млекото уште не е ни убаво надојдено. По 20-30 дена веќе ќе знаеш дали имаш млеко. Млекото се прави "со мозокот" преку тироидната жлезда. Не се замарај со тоа дали имаш или не. Имаш, но бебето треба да го влече. Уште е мало, малку влече. Цел ден нека виси на цице. И цела ноќ. Кога спие, дреми и ти. И пиј течности, бар една чаша во еден час. И буди го. Ако има жолтица, со цицање најбрзо поминува. ;)
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Lejlaah

    Lejlaah Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2018
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    1.100
    Пол:
    Женски
    Мамички може темава не е соодветна за тука ама еве прв пат и ја да се најавам. Прашање е за тие што се со царски а мчеко немаат што правите и што пиете за да дојде ?
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  5. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    16.530
    Допаѓања:
    180.800
    пред колку време си породена?
    земи си чај за доилки од хип или од билна аптека стојанови исто чај за доилки пиј вода бисти сокови биди колку толку релаксирана ,одморена и без стрес
    Кај тие со царски и првородки покасно доага млекото стрпи се
    измегу ставај бебе нека цица и дохранувај со ад млеко
    млекото ке ти надојде тек 5-6 ден
     
    На makedonkamak, Seduction, didisi и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Mari-Ja

    Mari-Ja Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2016
    Пораки:
    1.518
    Допаѓања:
    15.090
    Пол:
    Женски
    Лежи со бебето гушнати по цел ден ако имаш можност, со "вгнездување" најмногу надоаѓа млеко. Спиј, одмарај, гушкај се со бебе, нека ти спие на гради, ќе дојде млекце. Нека ти е живо и здраво :)
     
    На KidA, Lejlaah, Lolipop23 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.279
    Допаѓања:
    226.782
    Пол:
    Женски
    сок од јаболко мене ми помогна .
     
    На Lejlaah и gjoker4e им се допаѓа ова.
  8. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.860
    Допаѓања:
    32.474
    Пол:
    Женски
    Пиј многу течности , и измолзувај се малку по малку и ќе надојде млеко.
     
    На Lejlaah му/ѝ се допаѓа ова.
  9. СноуБол90

    СноуБол90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2017
    Пораки:
    302
    Допаѓања:
    855
    Пол:
    Женски
    Луѓе мене млекото на почеток дури само протекуваше од што имав многу денес 3 -та недела одкако се породив . Бебо вришти од глад веќе 3 дена а не сакам на ад да биде,млеко ми снемува,едвај измолзувам 20мл на ден а пијам хип за доилки,пијам мн јогурт млеко течности Ама џабе :( совет некој?
     
  10. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.202
    Пол:
    Женски
    Сте го мереле? Вриштењето не мора да значи дека е од глад, баш сега почнуваат грчеви.

    Тие 20мл што ги одмолзуваш не се мерило дека немаш . Кога се доите пеиметуваш ли дали и каки голта?

    И најдобар совет за подобра лактација е- почесто ставај го на цицка. Одмолзувај само ако имаш потреба.
     
    На Kaetana, Dalia93 и makedonkamak им се допаѓа ова.
  11. СноуБол90

    СноуБол90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2017
    Пораки:
    302
    Допаѓања:
    855
    Пол:
    Женски
    Тоа е тоа, малата не голта не се слуша ништо дур голта,дур цица се нервора што не и тече и плаче а кога и давам од измолзеното од шише нит плаче ништо...
     
    На didisi му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.202
    Пол:
    Женски
    Тогаш правете контроли со мерење на две недели како напредува. Штом ти можеш да ги измолзиш и тие 20мл мислам дека имаш млеко.
    Пробај со топли облоги пред доење за да ѝ надојде побрзо млекото. Има некои бебиња едноставно се мрзливи да цицаат.
     
    На Dalia93 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. СноуБол90

    СноуБол90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2017
    Пораки:
    302
    Допаѓања:
    855
    Пол:
    Женски
    Дај боже да е до тоа, мн се
    Плашам да не ми прекине млекото :(
     
  14. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.301
    Пол:
    Женски
    Нема шанси да ти прекине млекото ако го ставаш бебе на града. Ти се регулира сеуште лактацијата, градите ти омекнале затоа, а и бебуш е во првиот скок во развој, па затоа плаче и одбива да цица.
    Неколку работи што можеш да ги направиш за да ја зголемиш количината:
    -ставај го почесто бебето на града, што почести подои, толку повеќе млеко ќе се создава;
    -одмолзувај се после подој и тоа 10-15 минути после последната капка, на празно, за да стимулираш создавање на повеќе млеко;
    -одмолзеното млеко не го давај со шише туку со шприц капнувај му на бебето во уста додека цица, ем тоа нема да се нервира, ем ќе стимулира лактација;
    -внесувај доволно течности и храни се редовно и разновидно;
    -одмарај многу, кога спие бебе спиј и ти, сонот е многу битен за создавање на млеко;
    -немој да даваш вода или чај на бебе;

    Терај вака и за најмногу 5 дена ќе имаш резултати. По услов да не дадеш АД и измолзеното млеко да не го даваш со шише. Во меѓувреме следи број на мокри и какани пелени, треба да има 5-6 мокри пелени и 3-4 какани пелени. Ако можеш носи го и на мерење за да си пораат.
     
    На sofi2107, duffi, Skorpija25 и 3 други им се допаѓа ова.
  15. DaenerysT

    DaenerysT Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2016
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    597
    Пол:
    Женски
    На 3та недела синко пиеше по 20-30ml млеко (приметив кога давав ад навечер, зашто навечер не сакаше да цица, немаше сила и трпение веројатно) а јас не можев да измолзам ни 5 капки. Чим со молзење вадиш 20, бебе сигурно може да извлече повеќе. Што значи имаш млеко. А толку и им е доволно на почеток.
    Истиот проблем го имав и јас. Навечер не цицаше никако. Гради премеки, чиниш цела града ја шмукнал во уста, нервозно влече, се фрла и пушта града и прета со ноџињата едно па друго напоредно. Плус кога давав ад локаше дури се задавуваше од што беше гладен. Грчевите се со нешто слична плачка, ама ќе препознаеш ако се црвенее и двете ноџиња ги собира кон себе и потоа ги исправува цврсто. Претпоставувам сама си приметуваш дека вришти од глад. На крај ако немаш друго решение слпбодно дади ад. Знам како ти е, дека не сакаш, не ти е јасно како може да имаш па да снемаш. Меѓутоа не си снемала верувај ми. И не слушај никого и не се оптерерувај дека ако дадеш едно шише ад во такви моменти ќе ти се одбие. Нема да се одбие, еве јас сум чист пример за тоа. На глава ми се качија лелеее немој ад, зашто му даваш не е убаво, ќе ти се одбие бла бла. Он шмука шише јас плачам, секоја ноќ. На 30ти ден, точно 4та недела прв пат заспа без шише и од тогаш не фати. Само трпение, чекај да му дојде силата на бебче за влечење. Не плаче од што немаш млеко, туку нема сила да си повлече а многу му се спие.
    Не сакам да ме сфатиш дека промовирам ад, во никој случај, темава е за доење и поддршка. Точно знам како ти е, сакаш да доиш и точка, ти се темни кога ќе помислиш да дадеш шише. Истата бев и јас, месец дена плачев и не можев да се помирам. Меѓутоа бебе мора да биде сито без разлика на се. Пробај трик, дади неколку голтки измолзено или ад колку да се смири дете, тргни шише и стави одма цице. Зашто многу гладно бебе тешко се смирува и не може да цица. Во краен случај дамо трпение. Веројатно е првиот скок така што ќе помине. Само не се нервирај тоа е најголем непријател на млекото. И не слушај околина. Изолирај се од секаква негатива околу тебе. Со лесно :)
     
    Последна измена: 13 мај 2018
    На *Лорена* и СноуБол90 им се допаѓа ова.
  16. Lejlaah

    Lejlaah Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2018
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    1.100
    Пол:
    Женски
    Како разредувате хумана за шриц. Помош ве молам..
     
  17. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.246
    Допаѓања:
    118.867
    Пол:
    Женски
    Не сфатив мајка? Малку поконкретно?
     
  18. Lejlaah

    Lejlaah Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2018
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    1.100
    Пол:
    Женски
    Бебчето ми е 5ти ден. Доктор ми рече со шприц да го хранам. Е сеа земав хумана има како се користи ама не ми е јасно колку и како за еден шприц да направам
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.
  19. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.388
    Допаѓања:
    183.476
    Пол:
    Женски
    А ти кажа колку мл да даваш со шприц? Прочитај во упатството, ама мислам дека му доаѓаше една мерна лажица на 30мл вода. После со шприцот ќе земаш од млекото и внимателно ќе даваш. Не можеш да раствориш млеко само за еден шприц, ако тоа ти беше прашањето.
     
    На Lejlaah и fana им се допаѓа ова.
  20. didisi

    didisi Популарен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    1.969
    Допаѓања:
    3.686
    Ako ti e da davas so spric za da ne se odvikne od grada mesto sise ne se zamaraj ne se odviknuvaat
     
    На kukla21 и Lejlaah им се допаѓа ова.