Не задолжително, но јас не би советувала да не се замара. На мало бебе кое сеуште нема сила да влече му е потешко да цица отколку да пие од шише. И јас би била претпазлива.
Дали некоја имала проблем детето да сака да цица само од едната страна? Какви може да се последиците? Еве веќе месец дена може има никако не може да се намести на едната страна и кога ќе почне да се буни и да плаче автоматски ја префрлам на другата од таму си цица без проблем. Инаку бидејки сме 16+ веке не цица многу па не чувствував некоја тежина во градата ама денес си реков да се одмолзам да ми олесни колку и да нема многу млеко знам дека не е убаво така и забележав дека млекото има жолтеникава боја како на почетокот. Инаку само малку извадив немаше многу а и онака општо не можам да напипам грутки фала богу но голем период е да не цица затоа почнав да се загрижувам. Ако некоја од вас имала слично искуство или е поупатена да ми објасни што значи ова и што да правам и со кој лекар би се консултирала дали со општ или можеби гинеколог незнам :/
Не е проблем ова, на многу им се случува, и ќерка ми имаше омилена града Некаде на 8-9 месеци си одбра да цица само од десната, и до нејзини 16м цицаше само од една. Млекото постепено се намалуваше иако и јас одмолзував на почеток за да не се преполнувам. Ставј и ладни облоги.
Бебо мој цица само од една града од пред 2м да има, сега е 6м. Резултат имам гради со различна големина, уствари имам цице и дојка, зависи од која страна ќе ме погледнеш друга мака немам, ама и ова е доволно Тогаш приметив дека бебо не цицал од едната града и само ја шматкал, пробав да вратам лактација не бидна, проблем со неа во однос на болна, тешка, мастит немав, сама си спласна, млеко имам сеуште во неа, ама не ја одмолзувам никогаш, едноставно се доиме само од една града. Совет некој конкретен не добив, освен да внимавам да не добијам мастит, многу бебчиња има што имаат омилена града и успешно се дои, па да не се грижам. Твое бебе е 16+ месеци па ти и воопшто немаш што да паничиш, ќе одржувате лактација само од една града, додека се доите се доите и тоа е тоа
И мене бебчево само на лева ми дои. Десната ми е мн згрутчена и повлечена и боли. Што да правам не знам
Внимавај ќе добиеш мастит. Вие сте на почеток, следува период на хиперлактација, мораш да се измолзуваш од таа града. Плус уште е мала, има шанси да фати и од двете.
Благодарам на одговорите добро е значи нема да има проблем. Да, ние сме големи не паничам, само се замислив да не ми напраи проблем ама супер што така ќе си тераме не ја мачам да пробува да цица од другата страна
Денес бевме да мериме килажа.. само 300г за 14 дена Ми рече дека ако за две недели не направи барем 350г дека ќе треба дохрана... Имав млеко за близнаци да дојам ама со маститот и температурата се се смени преку ноќ.. млекото намалено, градите меки и не прскаат повеќе. Што да направам за да се врати? Дали некој успеал да го врати млекото?
Колку сте месеци? 600/650 гр месечно не е така лошо како што си мислиш - за доенче зборувам. Млеко стимулирај повеќе со пиење на течности мн и здрава исхрана како и ставање на бебе да цицат колку што можеш повеќе, колку што бебе цуца и може да извлече ништо неможе. Колку што имаш побарувачка на млеко толку имаш и понуда на млеко. Битен момент е дали осеќаш дека влече млеко и дали голта, исто и колку полни пелени има. Само смирено и позитивно, со мислење и нервоза полошо си прајш на млекото.
2 полни месеци. Голта првите 2 мин на секое повлекување после на 3 4 повлекувања. Бара да цица на секои 20 30 мин.. се трудам да сум позитивна да не се притредсувам многу .. ама И пелените во овие два дена бас не му се какани.. инаку какаше обавезно по 6 7 пати..
Битно се мочканите пелени кај доенче, не каканите. Можно е да се воспоставила лактација па затоа ти се меки градите , значи не значи дека немаш млеко . Не се најадува затоа бара на 20/30 мин. Гледај закачкај.го да цица континуирано подолго време, додуша и мојава беше таква, на саат време и се пријадуваше а мн малку тргаше. Сума сумаре, период е, како и да цица ќе смени за одреден период. Нареден може ќе цица подолго време и така во круг . Битно е ти да пиеш течности и да се храниш здраво. Чим си го гледаш детето весело нема ти што да се нервираш и да размислуваш за АД. Друго, можно е да го мачат уште грчеви па да бара утеха кај мама , а да не е од глад .
Течности, одмор, и што помалку стрес. Измолзување и после подој, а нека цица кога сака, колку сака. Секое одење под туш пушти жешка вода колку што можеш да издржиш, масирај ги градите и молзи. Ќе има ефект. Пелените е битно да се мочкани, какани мање више. Почесто какаат на почетокот, после поретко. Ако слушаш дека голта, имаш млеко. Мислам дека нема да имаш потреба од ад млеко.
Уште да прашам.. ако пијам течности, масажи топли тушеви облоги, да јадам многу.. да ја дојам често.. за колку време ќе се зголеми количината? Колку време треба?
Додека доиш треба сите овие работи да ги практикуваш, значи година, две... Тоа не значи да се тушираш на секое, но да јадеш здраво, да пиеш течности и да си одморена секако треба. Нема време, невреме. Биди сигурна дека имаш млеко. Бебето ќе си го направи другото.
јас не би експериментирала со чаево осбоено не со маточина зашто има мнгоу смирувачки ефект (да не речам седативен).