Мајки, да ве поздравам за прв пат во оваа тема. Четврти ден како сме дома, бебето е веќе 7 дена и одма ни почнаа проблемите со доење. Ќе фати брадавица, ќе повлече 2-3 пати и нервозно се трга, се тресе, ги мрда ножињата. Полека и упорно некогаш стигнуваме до 10-15 мин на брадавица, ама цицањето едвај да е 5 мин. Десната града ми беше тврда и млекото само си течеше на почеток, но сега градата е многу мека и смалена. Пијам вода, 3 вида чај за доилки (денес сум испила околу 3л вода, а претходно околу 2л). Денес, со пумпа за измолзување од едната града собрав околу 20 ml млеко, а од другара едвај 5-6 капки. Ептен сум загрижена, сакам да дојам и да не давам дохрана (инаку имаме и дохрана од 40 ml препорачано од болница). Дали ми снемува млеко?? Ве молам за совет, мислење....како да постапувам?
Веројатно немаш време да читаш нагоре какви совети имало. Многу е рано. Бебето е мало и нема сила да влече. Цел ден држи го на града. За пола саат, за саат... цица 5 мин, 10 спие, пак цица спие и така. Млеко по 20тина дена убаво ќе видиш дали има или не. До тогаш, спиј, јади, пиј и дој! И кога имаш време читај наназад во темава. Гушкајте се
Читав, стигнав до 90та страна, но бавно ми оди. Немам многу време, точно и затоа си прашав . Инаку, сум една од тие што се читаат, и овде на форум, но и странски сајтови и статии. Цел ден да го држам? Ќе пробам, ама тоа си спие по 2-3 саати и некогаш дури не можам да го разбудам. Да го будам почесто? Дури и ако спие?
Нека си спие. На 3 саати буди го. Бар до 40 дена буди го. Нека ти спие понекогаш на гради. Читај ги потазе, од 300 страна наваму. Јас првите две недели се чувствував ко морж. Лежев, јадев. Лежев, дете на мене спие. Лежев, дете цица. Си плачев. Мочав. Јадев. И од почеток. Помина некое време, фативме ред. Не се секирај. Уживај со бебе.
Да, буквално цел ден. Кога и да заплаче нуди града. Пауза меѓу две доења да е 2 часа ако спие буди го обавезно. За да имаш млеко спиј заедно со него јади овесни снегулки со јогурт, кромид, супи, пиј сок од јаболко. После доење по 5 мин на града молзи се и не се оптоварувај со количината која ќе ја измолзиш тоа додади му го на бебе со шприц(не со шише). Вака ќе зголемиш лактација бебе ќе добие на сила и се поубаво ќе влече. Тешко е многу, знам, а и мачно. Трето но најважно стрес на минимално ниво. Поддршка ќе ти сме ние тука не мајка ти и не свекрва ти. Нивното знаење се однесувало за тебе и за мт. А за твоето бебе што е најдобро знаеш само ти. Јас снемав млеко поради тоа што ги слушав мајка ми и свекрва ми. Опушти се, гушкај го бебето, уживај, свари си кафенце, слушај си некоја музика што те расположува... Ќе успеете со упорност
Не мајка, никој не ми се меша, со сопругот сами се грижиме за бебето. Знам дека тука ќе добијам поддршка, затоа и ви се обратив. Фала ти за објаснувањето. Се трудам колку што можам, но бебчево многу спие, одвај ја будам. Ќе видиме и д-рот што ќе каже на првата контрола.
Буди, ама ќе почне почесто и сама да се буди. Намалувај ад ако даваш и ќе видиш резултат Мене по првата контрола многу глуп совет ми дадоа, среќа сменив педијатар и бебе процица. Демек ќе и даваш ад колку сака -30, 60, 90. Толку мало бебе се заситува од толку млеко и фала богу нема да цица. После Станка ме опраи - ќе даваш ад ептен ако плаче бебе, ќе осетиш гладно бебе. Ја ставаш на цице "да дреме" и после дај АД. Тој период си купив перница за доење оти ми тежеше на раната. И ти си царски, штеди се Јас по спиењето осетив разлика дека повеќе цица. Ем побрзо се буди, ем повеќе време и требаше да заспие т.е. убаво да се нацица за да има услови за спиење. Кај кој педијатар одиш?
Давам само по 30 ml дохрана, и се мислам и тоа да не и малку бидејќи речиси и не цица, само повлекува 2-3 пати. Ќе пробам се, само да ни успее доењето. Фала многу за советите. Ќе одиме кај др. Антони Христовски, кај него ни закажаа на излез од болница.
како што читав малите бебиња може да спијат долго ако се гладни за да зачуваат енергија. моево ако заспие гладно се буди отвара очи и пак презаспива, ми се чини ко да нема сила да се разбуди. некогаш ја оставам да се изнаспие ама после се буди со многу плач знам веднаш мора на цице затоа секако пробувај да го будиш, и по расположението исто ќе приметиш дали е гладно. не знам кај нас дали има од оние вагите точни за изнајмување? може да се мери бебето пред подој и после, да се види колку исцицало.. мене ми викаа по 15 мин од страна минимум, значи 30 вкупно на едно доење.
Ми рече да зголемам дохрана на 60ml. Чуден ми беше....веќе ми закажаа втора контрола. Можам да го сменам? Предлог за подобар? Имаме, да. Може и од тоа спие подолго.
Откажи. Кажи сакаш кај друг. Јас така направив. Ти реков ќе ти зголеми ад. Не е поентата да зголемите ад, туку доење, а воедно и бебе да не е нервозно. Јас продолжив кај Станка. Да не ме охрабреше ќе бевме на ад.
Ааа мајка сега вака ќе ти кажам и да ме слушаш за да доите. Ова ќе звучи многу грозно, знам. Ќе ја кубиш косичката ќе го скокоткаш ќе го штипиш ќе го малтретираш буквално! Мора да се разбуди, мора. Капи го, со ладна вода лиценцето помини го. Ти е жал, знам ми беше и мене. Исто ќе даваш и гликоза со шприц (од на аптека ќе купиш раствор гликоза за инфузии). Го будиш даваш да цица, пр во 12ч во 13 часот даваш 10мл гликоза во 14лч пак да цица. Така додека си легнеш. Навечер не мора гликоза само дои го. Ова ми го кажаа на неонатологија. Мораш да го будиш за полесно со течности да ја преброди жолтицата оти само со течност ќе се намали билирубинот. Ве
Iskustvo iMav I jas so malava za zolticata .. ja razbuduvav uste sto se ne I pravev za da cica. I glikoza obavezno.. sto pocesto doenje tolku podobro..
Спие поради тоа ама секако дур се толку мали намалат долго. Со моето маже имав исти сугестии меѓутоа една докторка веќе во пензија ме посоветува да не давам АД туку да го ставам на цице и да спие дури зошто за физиолошка жолтица помага само мајчино млеко и сонце. Јас си пиев д витамин додатно и го вадев по кратко на сонце. Не се секирај секако ќе имаш доволно млеко, ако воведеш многу АД може да не се стимулира градата. Млекото доаѓа само со стимулација, топол туш, течности и релаксација. Се согласувам со @kukla21
И моето бебе исто спиеше цело време.. ама буквално цело време. Се мачев да ја разбудам, а то изгледаше исто како што опишуваш. И секоја прилика ја користев кога ќе кемкаше ќе ја ставев на града. И јас на почеток немав многу млеко. Не додавав ад. Ова траеше негде до кај 3 недели. А што ми велеа на двете гради ќе го ставаш едвај успевав и на едната. После ретко ја разбудував. Сама таа на 2 сати или помалку стануваше. А мене млекото изгледа ми се намалило зошто добив денес менструација. Па еве сега се зголемува полека полека. Дали некој се соочил со намалување на млеко заради добивање?
@Mimmi39 види ако имаш некој да ти покаже како правилно да го држиш бебето кога се доите. Асална патронажна, патронажна од систина или некој што брзо доел. Или па види на ју туб Цело вебе сврти го накај тебе. Брадавицата стај му ја на горната усна, накај носот. Само нека ја фати. Што поголем дел да му е во уста на бебето. Придржувај ја градата одоздоле со твоите прсти, а со палецот или показалецот направи му простор на бебето да диши (кај носот). Иако бебето може и во други пози да цица, задржете ја оваа додека ја усовршите до максимум. И уште ова, ако ти се врти со телото нагоре, а само главата кон тебе, врти му го телото и залепи го до тебе. Што повеќе да се заштитиш од рагади, кои веројатно ќе ги има секако. Мачкај ланолин, веќе знаеш. Пиј, јади и спиј. И не се нервирај.