Штом ти се тврди градите имаш млеко. Ти не можеш да одмолзеш толку колку што бебе може да исцица и не се оптеретувај со тоа. Штом напредуваат супер е
Форсирај цицање. Масирај под топол туш пред цицање. Зелка по цицање. Не оставај да те болат. И не форсирај чај. Пиј течности колку ти се пие. Јас по една чаша чај дневно пиев. Ти види според тоа колку мислиш дека ти треба. Вода пиј. Јогурт со овесни. Кромид мези во салатата. Не претерувај, конзумирај ги секој ден по малку.
Stom ti se bolni i tvrdi, gradite ti se prepolni so mleko (pola litro sigurno imas i vo dvete zaedno!). Toa sto ne mozes da izmolzis ili ima psihicka vrska ili pumpata ne e soodvetna ili ti se zapuseni kanalite. Dali koga cicaat bebinjata gi slusas koga goltaat i dali posle podoj ti splesnuvaat gradite? Grutki imas li?
Одма после 2 недели од раѓање, по препорака на педијатар @Coco31. Од тогаш цица еднаш ноќе, сама кога ќе се разбуди. Ако напредува добро, нема потреба од будење
Како знаете дека бебето цица доволно? Ние сме со дохрана, млеко имам и малата фати веднаш ама поради тоа што се роди 36 та недела ни дадоа и дохрана, ама не знам дали доволно цица од мене. Качува на тежина па педијатарот првин ја намали дохраната од 3 на 4 часа, па сега со последниот преглед рече да продолжиме со доење кога сака и да и даваме дохрана на секои 6 часа. Сега цицаше и дадовме дохрана и пак сакаше да цица и после дохраната.
Вечно прашање на секоја мајка. За жал не кожеш да дознаеш дали цица доволно. Индиректен показател се вагата и мочканите пелени. Нека цица кога сака
Како што ти кажал педијатар, нека цица кога сака Некогаш цицаат и за утеха, некогаш се гладни. Прати само мочкани пелени да има и мерење на педијатар да пратите колку напредува.
Мајки како го факате редот со цицањето? Ние сме мали имаме само 10 дена ама малиот некогаш се случува по цел ден да е на града ако е кенкав и неќе да спие. Ќе цицне ке одморе па пак. Незнам како ќе излезиме од дома, неможам да застанам ба сред улица да го дојам, ај да сме некаде у кафана или на гости без проблем ќе се завртам о покријам ама на оример коа ќе се шетаме ако врисне? Може смешни ми се прашањата ама бебе ми нема никаков ред со цицање. Некој ден цица на 3 часа ама некој ден цел ден сака во раци и се тегне да го ставам на града. Ќе се научиме ли на ред?
Ќе се научите. Некогаш само што цицачи ќе излезете и на прва кривина ќе сака да цица тоа е и храна и вода и се за бебето. Полека ќе се среди. Давај да цица премало е за ред.
15+ е малиот мој и 15мес секој месец се фарбам. Само ќе гледаш да не ти е во близина дур си со фарба на глава за да не те чепне и да не мириса фарба детето. Кога се фарбаш фарбата не доаѓа до циркулацијата ( крвта ) освена ако немаш отворени рани на глава. Се фарба само површински и затоа за некој ден почнува милиметарски да никнува корен да се познава. Фарбата не доаѓа до котикулата т.е. до коренот на влакното. Слободно фарбај си се
Болат да ама мене ме боли многу повеќе кога го ставам бебето на града и постојано се измолзувам не ја ставам на града
И јас право да ти кажам подзаборавив Фала што се сети. Таман ми завршува пакетчето, утре ќе земам од овие.
Ај да се убацам во темава. Подготовки нешто пред доење треба? Зедов ланолин на саносан од дм, случајно здогледав па ај си реков да пробам. Некој ми имаше спомнато ад капки дека се користело. Вие што користите? Друго прашање чај за доилки, на хип добар е? Градник за доење од кај да земам, ама да не биде прескап, а убав.
Доволно ти е ланолин, можеш да почнеш да мачкаш еднаш дневно. Помагаат и масажи на брадавици, кога ќе се тушираш со фротирско крпче. Чај за доилки може но и немора. Но подобар е оној од билна аптека-Лакта микс. Ако имаш "соработка" од бебето дај боже да не ти треба чајот За градник неможам да те советувам, моите се малце поскапи. Некој ги фалеше од Стружанка градниците (400-500ден), но ајде некоја што има ќе ти пише. Немој да зимаш само од тие на Пенти, максимално нефукционален, мојот отиде во канта.
@Feodora мачкај ланолин уште пред пораѓај, колку толку ќе ти ги омекне брадавиците, иако не очекувај да не те болат на почетокот. Ќе издржиш иако боли многу, ама кратко трае, за среќа. Можеби недела-две додека се навикнеш. Ад капки не сум користела, не можам да кажам. Чајот на хип е одличен, и јас го пиев на почетокот, ама почни со пиење после пораѓај, не пред. Убав е и нема шеќер. Градник за доење јас земав од Лиска, одличен ми се покажа. Поевтина варијанта имаш во Сара фешн и Пенти. Се надевам ти помогнав