Одамна ме немало. Ми треба кураж дека сум на добар пат. И каде грешам. И каде и како да поправам грешките. Се доиме. Цело време, цел ден. Нонстоп. Навечер спие и по 5 часа. Не ја будам. По препорака од педијатар. Искрено, не сум сигурна дека има грчеви, зашто на цице одма престанува да се кифли. Дали од утеха, дали е цело време гладна - не знам. Кога ќе се стиснам тече млеко од градите дури и по 2ч цицање(отприлика по 20 - 30 мин на града, пауза (весело бебе) 20 мин и пак пиштење и следува уште една тура) Не можам секогаш да бројам подои (се губам) зашто заспива на цице после 20тина мин и кога се буди и коа наредно ќе побара ја ставам на др страна. Ме мачи што дење не врзува ни 1ч сон. Некако сум во хаос и збунка. На моменти си велам да не е прејадена. Па после да не е гладна. Се чудам како врзува 5 - 6 часа навечер. После бањање, цицање, малце плачење (давав АД мислев од тоа спие ама и без АД исто спие), думкање и спиење. Насабајле приметувам пократко цица и побрзо презаспива. Тоа ни е како доспивање. Да нагласам дека и само насабајле ги осеќам цврсти и полни градите. Преку ден не можат да стасаат да се наполнат и стврднат. Секоја вечер веќе ме фаќа сафра, ама опасна. Нервоза ме пука после бањање. Цел ден сум како инвалид - „Дај вода“ „Дај даљинско“ „Дај ова“ „Дај она“ „Намести ми перницава“ Од друга страна, убаво ми напредува детето. И тоа ми дава сила. Не знам каков ред да напраам, коа ќе почне да пишти прво нудам цице, само многу често пишти. Буцка моја вечно гладна. До кога би терале вака? Не ми викајте до воведување намирници, зашто психички ќе попуштам нон стоп да дојам. И како ќе излезам некад да прошетаме ако нон стоп се дои. И еве дур го завршам постов, си зацврсти сонот дете веќе спие 30 мин што е успех.
@kukla21 јас користам права од законот ни наш. Саат и пол пауза за доење исто на крај на раб време. Гледај топли напитоци да не конзумираш и по малку одмолзувај се. Јас освен кога ми надојде млекото уште на болница немав проблем. Пред месец дена од топла чорба се преполнав со млеко, а еве сега вода литар и појќе пијам на раб и немам гајле. За неколку дена ќе се фатит темпо за се. Домче нека ручкат дунде к.млеко, јогуртче а после кога ќе си дојдиш лепенче за тебе ќе е, одма маица ќе ти креват
Мало е уште, цицето не му е само за јадење. За утеха, за смирување, за твојата близина му е. Ќе си фати ред некаде вториот месец, најкасно кога ќе поминат грчевите. Ама реално, најубаво е такво доење по желба, кога сака, колку сака, без притисок. Кога спие, легни до бебето и одмарај. Евентуално држи го на стомаче, кожа на кожа кај тебе, ќе спие подолго. Штом ноќе ти спие, супер. А имате добар напредок, па не се секирај, редот ќе си дојде. Првите недели е хаос, особено ако има грчеви.
@TeddyGrey како да се читам сама себе да сакав да напишам неможев подобро. Исто сме цел ден на цице кичма снемав легни ја плаче за 5 мин се буди и се така во круг. Ке си пукнам среќа ја гледам се поправа па еве ќе чекам и од понеделник на педијатар. Првото ми беше бебе секој да посака ова ѕвер ѕверосан е мајчина кукла
Давам Биогаја. Друго не. Утеха сум за грчеви, а? Ни ноќе не ти спие? Такви се изгледа августовски деца.
Да пробаш еспумисан капки? За бебиња се и може 3*1 мл. Ова чисто за да ја исклучиш опцијата дека плаче од меше
@TeddyGrey првите денови од болница се чуваме по цели ноќи сега спие па се буди ете предходната ноќ во 2 па до 4 будни па во 6 стана и толку. А ја легнав во 22. Секој ден различно земајки во предвид дека уште фаќаме ред. Еве сега се успеваме и за еден саат три пати се заспиваме. Ќе си пукнам бе.
А мене ме тешат супер е бебето. Ти беше бетер - муабет од мајка ми. Се тешам сама дека вакви се првите 40 дена. Дека после... Шо знам ... Се навикнуваш ваљда. @fana ќе прашам за капкиве, се надевам помагаат. Иако не е многу плачлива се гледа дека ја мачат грчеви, посебно навечер ова време... А на цице е мирна, не се грчи...
@TeddyGrey не е утеха ама мојот преку ден уште спие како зајаче. Ама па 19:30 20часот е во кревет. Спие цела ноќ, еднаш се буди за млекца. Како помал почесто. Ама важно спиеше. Мала е куклата, ќе фати ред. Околу 3ти месец обично. Сега ја сака твојата близина. Сака да чувствува топлина, да се гали. Продолжете така, супер сте!
@TeddyGrey до грчевите е, и мојата на цице се смирува не се секирај, педијатарот исто ми кажа дека бара утеха во храна оти само тоа знае. Ако си преморена, а гледаш дека е најадена и бара уште да цица, нека ја подржи на стомаче некој и со топла пелена или термофорче, а ти затоа време мавни туш и напиј се чај за доилки и пак јово на ново. Сепак преморува тоа, а за млеко е важно да си одморена. Еспумисан ептен помагаат ефект има за 2 дена, само кај нас се појави ептен течна столица дека малечко бебенце кај вас мислам дека нема да прават проблем. Малата утре полни 2 месеци веќе грчевите намалени има некој ред во цицањето на 2 саати сака, ама ако е вознемирена пак сака и на пола саат. @karak и моето е мало бебе знам како е кога се тресеш на секој грам, ние и дигитална вага купивме ја мериме секој ден.
Дали има некоја искуство со советнички за доење? Сакам да го исфрлам ад па контактирав една таква. Денес ни е прв ден ...
Пак повик за помош! “Благодарение” на шишето, малава подзаборави да цица. Ја фаќа само брадавицата,мљацка со неа во устс,се тегне наназад со брадавицата во уста, се што прави со цуцлата. Боли ужасно! Доењево ми е хорор, со солзи во очи ја дојам. И покрај тоа, трпам се, ама она не се дојадува пошо не голта цело време, цицето за неа е цуцла сега! Градиве полни а она не ги допразнува. Не сакам да го прекинам доењево ама никаков напредок немаме во него Еден чекор напред,два назад одиме. Почнав поретко со ад, ама што фајде кога она на крај е пак гладна и морам да и дадам. Како пак да ја натерам да си цица ко претходно?
а каде спие? колкаво е бебето? по тоа што го пишуваш мислам дека се е најнормално и ние отприлика така теравме до кај 3 месец. за да спие повеќе денски јас ја ставав во слинг или ја држев во раце/лежев до неа. сама не спиеше повеќе од 20-30 минути. малите бебиња често сакаат да цицаат не само затоа што се гладни, туку зошто тоа им дава сигурност, спокој.. уживај во тие моменти и не се грижи се додека убаво си напредува, ќе поминат тие времиња брзо, мене некогаш сега дури ми е жал како сум можела додека дојам и нешто друго да правам, да читам или на мобилен, сега дека брзо цица само ми се ужива во тие моменти и едвај чекам да ме гледа во очи додека цица п. с. кога ќе се воспостави лактација нема да ти се стврднуваат и да ти се тешки градите и по долго време, а млеко пак ќе си имаш
Кога викам спие мислам на спиење во креветче. Тоа во раце не го рачунам. Ноќе спие во креветче. 3 недели е. Кај да најдам слинг? Колку пари е?
јас првиот месец и пол денски мислам скоро и да не спиеше во креветче секако и во раце се рачуна, и кога цица со затворени очи а рацете ако ги поткренеш и паѓаат лесно и тоа се рачуна слингови имам видено тука, јас уствари немам слинг со прстен туку марами, 6м долги ама лесно се научив за врзување, од little frog имам пример ама во Германија ја порачав http://bebesling.mk/kategorija/12
Zdravo na site... vaka sea.. uste od bolnicata bebco ne sakase da fati cice, bradavickite mi se navnatre.. pa zemav od onie lazlivki so maki cicavme edvaj 2 nedeli davav i ad.. sega sme veke recisi 3 meseci go nemam doeno 2 meseci a seuste imam mleko pa me interesita dali mozam i smeam da go dojam?
Прво мора да се охрабриш дека не се гладни и плачат/сакаат цице за да се мазат. Цице е права ствар за се. И за сигурност ќе ги мериш. Јас така се опуштав. Кога одите надвор ќе се опуштиш да доиш било каде. И кратев едно по едно. Едно време давам едно на пладне и едно пред спиење. Го скратив тоа пред спиење несвесно. Едноставно заспиваше на цице и немаше како да и дадам. Со шише или без, исто си спиеше. Тоа на пладне го тргнав со тоа што цело време бевме надвор и мачно ми беше носење вода, термос, дозерки.. па и на пат бевме со авион. Па м'кни стерилизатор, па греач за вода. Мене некои работи ми дојдоа спонтано, а за некои ми требаше да се охрабрам дека има млеко. Од оваа дистанца, чим сега големово бебе може да се нацица и не бара плус, а има бутки за јадење , тогаш ко мало воопшто немало потреба од ад.