Јас не правев така. Јас секако не ни давав ад на 3ч. Давав кога сметав дека е гладна. Кратев по цел оброк и следев како и влијае на расположение, мочање, какање, спиење. Реално јас никогаш не давав многу ад. Повеќе од 3х60мл не сум ни дала ако не се лажам.
Буквално го опиша моето секојдневие кога ќерката беше малечка. Се што пиша е многу нормално и очекувано за возраста на бебето. Продолжи си понатаму така, гледај како напредува, и гледај да се научиш дека ред некаков нема да имате. Барем долготраен. Таман мислиш ред имаш - дошол скок, дошол заб, ... така да.. тоа е. Make the best of it! Колку шишиња добива на ден, колку долго и како е со напредокот. Како што пиша @kukla21 постепено намалување на ад со зголемување на подои. Секогаш прво града, после шише. Давај често или молзи се за количина. Не чекај да е многу гладно - може да е фрустрирачки за бебето и да не сака да се обиде со доење. Понуди пред да побара. За смеење, секако дека смееш. Само ти треба добар план. Во секој случај смееш. Нема проблем со млекото.
@Kaetana Секогаш различно, ама никогаш не давам на 3часа. Пример, во 10 сабајле е од шише, после 3 или 4 пати цице, па накај 3-4 пак шише, па пак е на цице,навечер накај 9 шише, и во текот на ноќта околу 3 обично е пак шишето, измеѓу цица. Некогаш давам 60 после цицање, па 90, навечер по 120мл пие. Ама пак мислам не и е доволно! Денес сме на мерење, до следно мерење ќе гледам да исфрлам повеќе оброци ад да видам само од цицањето како ќе напредува. Не можам од рагадите да се отарасам пошто ми прави нови стално, тоа ме фрустрира, и што повеќе ко цуцла ја користи цицката него ли за јадење. Или јас така си мислам само :?
А голта ли? Се слуша кога влече и голта. Ако не го слушаш тоа, за да не си игра со градата, мораш сама да и ја наместиш брадавицата со дел од ареолата во устата. Така би требало да фати убаво. Знам дека многу боли, јас со првото имав мака два, два и пол месеци постојано крварев од рагадите, детето и крв цицаше плус. Кога ќе фатеше, рикав од болка. Користев силиконски брадавици тој период, ама ги баталив кога зараснаа, полесно е без нив. Со ад млекото ќе си ја намалиш лактацијата само. Биди упорна, нуди града постојано. Значи тоа да биде приоритет. А ад млеко исклучиво после подој, да биде додаток на подојот, ако сметаш дека не е најадена доволно.
Голта првите 2-3мин и после си игра, ако се тргнам за 10-15мин пак сака, па пак исто. Кога нема цицано неколку саати и градите се полни, ептен гласно се слуша голтањето, инаку едвај. Мрзлива е. Знае дека ако се расплаче шише ќе добие ама денес нема Јас стално сметам дека не е дојадена и она никогаш не одбила ад после подој, па после бљуцка. Не ме боли мислам толку рагадата како што боли кога се тегне лево десно со брадавицата во уста,онака мислам крвнички ме влече! Ни кажаа денес да исфрлиме ад ако сметам дека имам доволно млеко,и во наредните две недели да видиме како ќе качува само со цицање, па со Господ напред сега, само да не попуштам пак!
Мајки доилки, дали со доењето се зголемува тежината? Кај мене ептен се зголемува , никогаш не сум била волку дебела. (+18 од тежината пред бременост). Страв ми е да почнам диета, да не ми намали млекото. Што мислите? Дали е дозволена диета во тек на доење?
Некои слабеат други качуваат. Индивидуално е. Јас не мрдав на вагата. Ни нагоре ама ни надоле. Да се отфрли благо, газирано, тестенини, грицки...би било доволно за старт. Нормална, балансирана, здрава исхрана.
Па земај си некои со поголем отвор напред, за да можеш да ја спушташ надолу. Или V израз најпрактично.
И јас се здебелив кога почнав да дојам,незнам зошто така.А исфрлив леб и здраво се хранам,млекото не ми се намали воопшто ама затоа тежината се зголемува.Ќе одам да испитам хормони и тироидна жлезда,сакав и пред бременост да испитувам ама ете време се немаше.
За жал кај нас нема ништо. Некоја спаваќа и прслук само ако најдеш. Во хм има има маици ако имаш кој да ти донесе. Јас како што ти пишаа користев маици нанбретели или широки маици на в кои можев да ги истегнам, а за надвор најлесто кошули.
Не сменив ништо во исхраната, се е исто како и во бременоста. Тогаш доста внимавав, и сега исто. Може дека малку се движев. Мислиш хормоните влијаат на зголемување на тежината? Ама кои хормони? Немам ни јас време, ама и не сакам по лекари и боцкања, смачено ми е.
Имаш во х&м мн убави градници и маички лесни, блузички нарачај си преку некој за провизија, за недела дена ќе ти стигнат. Јас изнакупив од стружанка спаваќи и пижами, и тоа огромни броеви (мм купуваше дур бев во болница) и м'кнев тоа по дома ама зошто ми течеше млеко, нон стоп перење А не беа евтини. Од маж ми маицитр и пижамите најпогодени беа. Прслук прво на нбб земав, ама на х&м е далеку поодбар.
Земав на лиска прслук , ок ми е , ама маици и фудтсни ми требаат за надвор , за пред народ кога ќе дојам.