Давав на секое плачење на бебето, безразлика колку време поминало од претходниот подој. Знам колку те боли и знам дека е многу исцрпувачки да доиш 24 часа, но тоа нема да е така секогаш, ќе потпорасане и ќе се заситува побрзо. Доењето само со упорност успева. Со лесно
Колку сака кога сака. Јас и кога ќе се успие будам и нудам. Досадна сум знам ама опседната сум дека бебе е гладно. Инаку пробај со пурелан на медела. Одличен е и многу ефикасен. И тоа што ти тече млеко сега ќе се регулира понатака според потребите на бебе. Јас на почетокот се водена се будев ама сега ептен ретко ако му прескокнам оброк на бебе ми се случува да ми протече. Туку дали на некој друг му се случува да почувствува жежење во градите како струја да врви?
Кога надоаѓа млекото такво чуство ко струја се јавува. Т.е кога ти се полни градите и е време за цицање.
Мајки незнам дали ми се губи млекото или немам Добра лактација првите недели градите тврди камен вадев дури по 70мл одмолзено млеко сега неможам ни 10мл плус градите ми се меки бебе цица ама незнам дали и тече се плашам многу да не го изгубам млекото почнав да пијам чај да доилки што да правам незнам што да пијам уште нешто за да надојде убаво.. макиве никогаш не завршуваат
Откако ќе се воспостави лактацијата спрема потребите на бебето градите се меки. Јас се молзам додека го дојам, тогаш најмногу млеко можам да измолзам. Чај за доилки и Лактил капсули ми помагаат за повеќе млеко (може е сугестивно ама и тоа е нешто)
Мајче , опушти се вака си штетиш и себе и на бебе * пумпата не е мерило за млекото , бебе може да цица напредува предобро , а ти да одмолзиш 10-20 *штом се меки ,воспоставена е лактациа * бебка плачлива ли е , полни ли пелени , како напредува , по тоа ќе се водиш , не по пумпата *пиј си течности многу , одмарај кога она спие , биди смирена тоа е се што ти треба
Штом ти се меки значи си се прилагодила лактацијата на бебе. И јас со ел пумпа едвај 30 мл вадам и ја баталив. Слушнав дека биле и штетни. Ставам бебе што е можно почесто и подолго на града и мислам дека тоа е најдобра стимулација. Исто пијам чај од хумана и мн течности. И јас сум цело време во страв да не е бебе гладно па знам да дадам и ад некогаш. Тоа е нормален страв на сите мајки ама прати бебе и пелени и се ќе е ок.
Полни пелени..понекогаш е смирена кога е на града понекогаш пишти плаче неможам да ја смирам па и давам ад Иначе ноќе по 3 пати и давам ад ама планирам да намалам ама се плашам да не остане гладна одмарам кога она спие пијм многу течности и чај за долки сега за сега веќе не се одмолзувам читав дека е и штетно па секој 15 минути до пола саат ја ставам да цица понекогаш и до 2 часа зависи како е расположена беба
Ох значи да не се плашам многу сум среќна што ја дојам тоа ме прави да чуствувам дека сум мајка и дека имам должност кон мало човече многу сум среќна дај боже да надојде повеќе
Шишенце веќе ја научија во болница а баш им реков дека со шприц ќе биде поубаво додека ми надојде млеко ама тие од систина од прв ден со шишенце и ете ти сега нема ниту брадавици мора со силикони
Мајки бебињата плачат за цицето. Не за глад. Туку за вас. 9 месеци биле внатре во вас. Сега се надвор. Ако напредува не давајте шише туку издржете. Уште ми е свежо колку е тешко на почеток се, ама упорност и трпение е најбитно. Јас давав едно шише на ден и благодарение на советите тука, после 3 недели го откачив и тоа. Млеко не знаев дали имам ама бебе висеше на града нон стоп. Мислев нема крај висењето на цице, а сега си викам камо пак да цица по 40мин или 1ч.бар да одморам.
Да, само со нане не претерувај, може да го намали млекото. Една шоља дневно можеш но почекај малце да ти се стабилизира лактацијата, ти си тазе доилка