Здраво на почетокот и јас така бев кога ја доев малата ја држев во раце потоа ми се виде полесно легната да ја доам и сеа она лежи и јас до неа ем се одмарам јас и немам болки во грбот инаку од што ја држев полето неможев да се исправам, а за брадавиците веќе не ме болат ја редовно се мачкав со маст после подојот и можиш да и даваш да цица без да се миеш претходно
Обично тоа е период од 3-4 недела од пораѓај, кај некои мајки тоа е 5-6 недела, тогаш се воспоставува период на лактација и после нема грутки и тешки гради, но мораш грутките да ги средиш, и јас имам проблем со едната града, зелка, топли облоги, чај за доење правам комбинации и подобро е и млекото доби баш бела боја, претходно беше жолтеникаво, незнам кај вас какво било.
Кај мене до 2 месеци беше така и еве за чудо и сега на 5месеци ми се појавува исто. Додека да се воспостави лактација е обично но мислам дека многу зависи и исхраната. Одмолзувај се по малку да ти олесни и продолжи со облоги мора да помине. Со лесно мајка
Сите позиции ги испробав мила ама боли корне.за брадавици и јас користам ланолин ама немам мака со брадавиците само со градиве.инаку уште малку и три месеци ќе прави малава па се надевам ќе се среди
Majki bebe mi e 2 meseca do sega bese na cicanje so mnogu retka dohrana koga nemozev da ostavam mleko a morav da ispadnam. Ovie 2 dena epten slabo mo nadojduva mleko, mn mi se meki gradite i osekam deka stvarno neka sto da vlece bebe.. toa cica smuka no pri goltanjeto ja osekam deka ustavri ne vleci ili vleci ama mn malku... sto da pravam nezz
Пиј многу течности мила вода јогурт сок од јаболко обавезно јас пијам и чај за доилки лакта микс многу е добар од алкалоид по еден литар на ден и боза пијам по една до две чаши понекогаш и безалкохолно пиво се што слушнав се почнав да пијам и јадам само за млекото.обавезно овесни снегулки пченица варена и павлака скоро секој ден
Јас го имам чајот на бејбилов за доилки и досега убаво се покажува, е сега пијам бааги и други течности ама барем двапати на ден од него обавезно
Мајки пак јас во паника... Овие два дена после подој значи веднаш штом се тргне беба од града, на десната останува како погусто млекце, да не речам како кајмак, се развлекува. На оваа града имам малку ранички и како жолтеникаво засушено. Со другата града немам проблем, ама оваа премногу ме боли при цицање а и двете ме чешаат. Дали е ова знак на некоја инфекција, кандида ли, што е, или е нормално?? Да не и наштети на беба...
Мене знае да ми се појави грутка еве и сега на 5 +. Некако приметив дека додека спијам ако сум малку понастрана или ја притискам градата, веднаш се појавува. Од страв почнав да спијам само на грб, ич неможам така, секој ден се будам укочена, но подобро тоа одколку болките од градите.
Мајки дали покрај доење ги дохранувате бебињата со ад? Станува збор за бебе од 10 дена Го дојам ама мислам дека не му стасува, по цел ден е на града и помалку си цица и ми ги празни градите потоа за да спие морам и ад да дадам. Инаку пијам многу течности и чај за лактација Хумана.
Тука би те цитирала како посоодветна тема за твоето прашање. Тоа што ги празни градите е супер - дава самото сигнал колкава количина му треба. Давање на АД само заради твој впечаток не е правилно. А тоа дека е цел ден на гради е многу очекувано и нормално и не мора да значи дека е поврзано со глад. Јас би причекала прво мерење за напредок - затоа што ако полни пелени од доењето (5-6 на ден) и ако напредува, нема никаква потреба од АД без разлика дали бебето плаче често или бара нон стоп да е на гради или градите делуваат меки...
Мајки едно прашање. Тие што доите и плус дохранување со АД, дали на бебињата им давате дополнително вода или чај и по колку количински ако давате. Фала многу
@Scorpion91 јас се сложувам со ова мислење. И кај мене е исто. И давам еднаш максимум 2 пати ад. Ама не да е грешка... Прво ако се научи на шише не ќе може да цица и да влече мајчино млеко. Веќе забележувам дека кога го земам за доење додека фати и завлече малку се мачи што не беше случај на почеток кога "учевме"доење. Друго, ако му даваш две идентични нешта едното ќе го одбие. Со првото имав таков проблем. Само си го одби мајчиното а си го прифати ад млеко. Тоа па не можеше да ја извлече брадавицата па ајде силиконски па ајде пумпи што ли не и за него тоа беше мачење па логично си го одбра полесното. Ама моја грешка,не бев упорна и пропуштив. Ама како викаат памет за друг пат. Друго сега дојдов од педијатар за 12 дена напреднало 700 гр ме искара прво за тоа што и јас како тебе мислев,после ко му кажав дека така со саати сме на града рече никако,многу погрешно. Бебе цица 20тина мин и доволно му е после еден саат пак. Ако го чуваш со саати на града ќе манипулира со тебе и градата ќе му служи за лажење да подзаспие или да се смири.
чај седиште не,вода давам ама во лажиче еднаш на ден по 3-4 лажички. Колку што сака. Инаку сме 3 недели. Понатака здравје повеќе количински би му давала. Инаку сме повеќе на доење ад давам еднаш или два пати
Еве денес се обидувам да го тргнам од града одма почнува да плаче, му дадам цуцла лажалка ама кратко е смирен, прета мава со раце и нозе и само цице го смирува, а јас неможам до вц да одам ај што јадам во кревет... ми велат така сум го научила е кога го научив 5 дена сме дома, 3 дена одкако научи да цица...
Поздрав девојки. Вие од бебињата не можете да мрдните, јас од гости. Не знам луѓево осет да немале. 2 недели денес сме. Бебе е Супер мирна. Си цица по 15-20 мин, па спие2-3 часа. И така по цел ден, а навечер после прво заспивање врзува 4-5 часа после на 2-3 часа па во 6;30 стануваме. АД до сега 2 пати имам дадено. Гледам на мое да биде. Ептен за криза АД. А и мене патронажните сестри ми рекоа мах20 мин на града. После тоа само што разрануваат брадавици и се учат така. А и вода ми рекоа никако, барем до 3 месеци. Нашето млеко имало се. Ама секој како си мисли. Вчера бевме на контрола. За 7 дена 205 грама што било одлично. Друго се е во ред.
Зошто така зборуваат професионални лица мене стварно не ми е јасно. Едукација за доење - нула. Да, НОРМАЛНО е бебето да цица за да подзаспие или за да се смири, или за да бара топлина од мајката. Мислам која е логиката да даваме пластични цуцли "лажливки" и ние да ги манипулираме бебињата кога можеме да дадеме града која е "вистинското нешто" и нуди многу повеќе од млеко - љубов, топлина, сигурност, утеха... Значи мали бебиња не манипулираат - не ни знаат да манипулираат. Тоа е инстинкт што ги води. Мислам не можат да гледаат убаво ниту да разликуваат ден од ноќ, и мајката ја познаваат према мирисот и млекото. Затоа ја бараат градата. А не дека решиле вам да ви се одмаздат и намерно да не ве оставаат раат. До кога одговарањето на потребите на бебето се карактеризира како лоша родителска постапка, да не речам како слабост на родителот или несоодветно воспитување... Извинете на реакцијата ама стварно вакви совети не се на место. И морам да си пишам.
јас првите 2 недели ако веруваш дури и не јадев,ни за тоа немав време и спас вистина ми беше ад млеко. Ама само 2 пати на ден давав од него. Сега во третава недела постабилизирано е цица 20тина мин. Па или спие или малку е будно. Да истуркам барем еден месец па може ќе можам да го отфрлам ад млеко. Советот што ти го дадов и мене добронамено ми е даден и знам дека е сосем исправно ама во пракса некако не иде. И како за бебе од недела дена да ти речат така си го научила а што требало гладно да го оставаш?? Не,ама стварно луѓево со коментариве врска што си немаат.
Искрено би сакала да ти ја дадам целата сила за да издржиш, бидејќи знам дека доењето може да биде тешко на почеток. Секоја мајка е различна како и секое бебе, па сметам дека треба да правиме сите како што најдобро можеме и умееме. Немам искуство од претходно бидејќи ова ми е прво дете. Моето бебе е сега 11 месеци и сеуште ја дојам, а млеко од вториот месец натаму имав за извоз. Во првите две три недели наизменично се измолзував ( помпав) и доев. На секои 3-4 часа кога беше време за доење, јас се помпав а сопругот ја ранеше со измолзеното млеко. Доколку не беше доволно измолзено млеко, еднаш до два пати во денот давав адаптирано. Тоа траеше околу три недели и според мене беше многу битно бидејќи со измолзувањето знаев точно колку млеко сум имала и колку бебето испило. (во првиот месец треба да пијат 60-90 мл на секои 3-4часа). Можеш да пробаш да се измолзиш за да знаеш колку млеко од прилика имаш и да знаеш дали му е доволно тоа. Откако се воспостави лактација и измолзивав толку колку и беше неа потребно, го заборавивме шишето, само на доење сме и цело време имам повеќе од доволно. Сега маки мачиме затоа што ни шише ни цуцла сака да види.