Имам блистер на брадавицата. Како бело ми се познава и многу ме боли додека цица малата, и одкога ќе заврши со цицање уште пече, боли. До сега сум имала многупати грутки во градите и ги решавав со топла вода и масирање. Но ова прв пат ми се појавува. Сега немам грутка само блистер. Имал ли некој нешто слично и како се справил со истото?
Еднаш ми се има појавено, многу малечко. Го дупнав со игла, и веднаш дадов на бебе да цица. Го разработе каналот, се отвори повеќе и не ми се повтори пак.
Кај мене е само бело, неподуено. Ќе видам дали ќе попушти денес, утре, ако не ќе пробам со игла. Фала ти за споделеното искуство.
И јас имам на едната града. Имав 3-4 сега уште едно. Искрено мислев дека е гној бидејќи бебе е лакома, и ми прави рагади на брадавиците. А на Таа града потешко ми слегува млекото. Ќе пробам со игла Фала на споделеното на искуство
Здраво мајки што да пијам против забоболка а дојам, поручеква имам снимање закажано ама дали ќе издржам незнам
Смееш. Јас вчера 2 анестезии примив за пломбирање, и нормално си доев после тоа. Ако нешто се секираш, може да побараш анестезија без адреналин, и првото млеко после тоа да го измолзиш и фрлиш. Ама не мораш, анестезиите на стоматолог се локални и во премали дози за да има некаков проблем. Јас лично примав анестезии и додека бев бремена, еве и сега додека цица бебе, и немам гајле. Истото го препорачувам и на моите пациенти. Ако вадиш заб и треба да пиеш антибиотик, за тој треба да се внимава зошто многу мал број антибиотици се компатабилни со доење.
Благодарам мила на одговорот јас кога бев бремена правев заб со таква анестезија без адреналин, море како што ме боли да го извадам раат ќе тргам а можам да прескокнам некој подој бидејќи и ад пие малата...
Ве молам кажете лек за болни гради. Пред 3 дена се породив со царски, уште немам млеко, сосема малку, ама градите премногу ми се болни. Дури повеќе од операцијата. Како тежина осеќам. И плус брадавиците многу ми се разранети. Нив ги мачкам со ланолин.
Честитки душо големи да растете, мене само оваа ми беше спасот после подој се мачкаш и немаш потреба да ја миеш брадавицата можиш одма да дадеш да цица, знам боли биди упорна опушти се уживајте и без нервози ќе ти дојде млекото побрзо и секако течности мила пиј јас по 5до7кг пиев л.чај на почетокот ич не ми беше гајле дали ќе сум имала стомак или не, оти некои такви совети даваат не пиј течности стомак ке имаш и оп нема млеко.. Поздрав
Magi Мачкај се ланолин и јас го користам овој на Медела одличен е. Чаеви пиј повеќе пати на денот, јас го пијам тој на babylove од ДМ за доилки е наменет. И почесто ставај го бебе на гради колку и да имаш млеко, така ќе имаш повеќе и повеќе
@BabyT* @koritsaki @Мецаа91 Фала на советите. Повеќе болно ми е тежината што ја чувствувам во градите, огромна жештина. Се надевам доаѓа млекото.
Доаѓа и ставај го бебето почесто да цица така ем тебе ќе ти олесни и млеко ќе имаш побрзо и бебе задоволно...
Како сте доилки? Јас пак да прашам околу млекото. Дали може да се замрзне мајчино молзено кое веќе 2 дена стои во фрижидер? Имам убаво млеко овие дена а да не го фрлам околу 100 мл имам за секој случај. А веќе имам И замрзнато
Во обичен фрижидер може да стои до 24ч. Ако сум грешка нека ме поправи некој, ама мислам дека касно ти е да го замрзнеш.