Доење

Дискусија во 'Бебе' започната од bibitri, 28 јануари 2010.

  1. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.622
    Пол:
    Женски
    Ставете го садот во фрижидер или преточете ја содржината во пластична кеса и чувајте ја во замрзнувач.Мајчиното млеко во фрижидер може да остане 5 дена – а можете и да го замрзнете во текот на тие 5 дена. Во замрзнувач млекото може да стои 2 до 4 месеци.

    Важно (Одмрзнатото мајчино млеко мора да се потроши за 24 часа. По овој период мора да се фрли).
    Еве нешто во врска со тоа.
     
    На Presrekna му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Presrekna

    Presrekna Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2019
    Пораки:
    2.195
    Допаѓања:
    12.939
    Пол:
    Женски
    Фала. Значи може.
     
    На BabyT* му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.608
    Пол:
    Женски
    Внимавај да е добро наместено на града.
    Тоа што веќе се разранети - мачкај. Ама и со разранети брадавици на добра позиција боли само првите неколку секунди.
     
    На Мецаа91 и Magic13 им се допаѓа ова.
  4. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.397
    Допаѓања:
    18.643
    Дали има доилки што пијат Еутирокс за тироидна жлезда?
     
  5. SexyGirl2

    SexyGirl2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2017
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    454
    Пол:
    Женски
    Мајки мене градите многу често ми се стврднуваат и полнат со млеко и кога цица малата шприца буквално. Додека едната града ја одмолзувам другата повторно се стврднува. Посебно е проблем ноќе. Бебето си се нацица и си спие 3-4 часа, а мене во меѓувреме ми се наполнуваат,и стврднуваат и ме болат. И ноќе морам да станам специјално да се одмолзувам. Дали многу ги одмолзувам па дополнително ги провоцирам да лачат млеко...Дајте ми совет дали треба и колку често да се одмолзувам и дали да се одмолзувам што поголеми количини? И уште нешто едната града ми е почесто тврда, а другата ми е мека и со таа немам толку мака и дури кога се одмолзувам потврдата шприца со млеко, а другата не толку.
     
  6. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.622
    Пол:
    Женски
    Одмолзи се колку да ти олесне, ќе се среди лактацијата после некоја недела. Искористи сега да си замрзнеш некоја количина на м.млеко, ќе ти претреба некогаш, потоа тешко ќе можиш.
     
    На SexyGirl2 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.207
    Допаѓања:
    13.655
    Пол:
    Женски
    Јас
     
  8. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.397
    Допаѓања:
    18.643
    Какви препораки доби од доктор?
    Јас имам слушнато дека 2 часа по пиење на таблетата бебето не треба да цица, сеуште не сум се консултирала со ендокринологот, кај и да е ќе се породам.
     
  9. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.314
    Допаѓања:
    12.982
    Пол:
    Женски
    Да, два часа не треба да цица. Ама мене ми се случуло и после еден час да цица, особено на почетокот. Мало е, што да му правиш, си бара. Инаку ништо лошо нема да се случи, само може да биде похиперактивно.
     
  10. Leo-nora

    Leo-nora Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    1.971
    Допаѓања:
    1.271
    Пол:
    Женски
    Imam citano, slusano.. od pivo (bilo kakvo- skopsko,amstel,dab..nebitno) nadojduvalo mleko? Ili greska imam razbrano..
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  11. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.207
    Допаѓања:
    13.655
    Пол:
    Женски
    Јас прашав два педијатри уште во болница кога се породив рекоа тоа нема врска слободно дој си. Бев скептична и закажав кај ендокринолог и гондобив истиот одговор дека нема врска тоа, терапијата да си ја примам бидејќи имам потреба од тој хормон, а еутироксот не се растварал само првите два часа туку цел ден и слободно да си дојам без страв.
     
    На Martka, Мариаа., Bozica1980 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.917
    Допаѓања:
    203.161
    Пол:
    Женски
    Да, надоаѓа млеко, ама за доилки треба безалкохолно. Има по маркетиве.
     
    На Lianna Anna и koritsaki им се допаѓа ова.
  13. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.987
    Допаѓања:
    108.489
    Пол:
    Женски

    Истото ми се случува и мене. И се измолзувам , колку да ми олесни :) потоа пак се полнат градите, па таман бебе ќе стане и ќе си цица :)
     
  14. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.608
    Пол:
    Женски
    Од самото раѓање фати цицка. Два дена во болница влечеше и стимулираше. За тоа време живееше од неколку капки колострум. Ништо не доби цел престој таму. Вториот ден вечерта дојде млеко. Од тогаш цицаше цело време. Не качуваше ама престана да симнува. Си дојдовме дома. Почна да симнува. Ама не многу. Патронажната на глава ми се качи. Да дадам ад. И тоа од шише. Тој сѐ повеќе спие. Не знам дали е жолтица (таа вика дека не е - не личел многу жолт)… или штеди енергија со спиење, затоа што не внесува доволно млеко, или едноставно бебето е такво. Дадов еден ден шише, ама после се предомислив. Зошто да давам кога не симнува туку стои. Нека стимулира малце.
    Почнав јас да нудам цело време. И да го будам. Пелени полни па не бев никогаш засекирана дека е дехидриран. Цело време го будам, на цицка со сласт со заспива. Го оставив да поплаче малце денес, си плачеше 20 - 30 минути и после на цицка одма си заспа.

    Еве навечер го дојам. Од 3 почнуваме, еве го 4.30 тој уште цица и спие. Барем голта па не сакам да прекинам подој. Ама како да го дојам на "2 или 2.5" саати кога само подојот навечер со будење и натегање да фати цицка трае саат и пол.

    Не знам веќе што да направам. Се пумпав за количина, ама ни мое млеко не ми се дава со шише. На оваа мрза мислам дека шише е огромна закана.

    Зборував и со мојата Ла Лече Лидерка, беше до кај мене, ми рече дека нема уште простор за паника. И ете не се паничев. Ама после 8 дена тој е на иста килажа од болница. И не симнува ама не ни качува. Денес моча ама се нема искакано. Знам дека доени деца и до 10 дена е ок да не какаат. Ама одма си поврзувам и со тоа - дали добил доволно млеко.

    Мене ми течат градите, блузи правам лом. А бебе спие, ко да немам бебе дома. Дури језиво ми е да помислувам или пишувам такви работи. Ќерката исто не качуваше одма, тек на 27 дена некаде ја врати родилната, и после полна да качува убаво. До тогаш исто имаше мака - ама мислам дека имав јас мака со количина која таа успеа со активно и често цицање да ја коригира. И плачеше нон стоп. Активна беше.

    Сега не е проблем количина иако со ова темпо ќе стане. Проблем е неактивност на бебето. И покрај сите обиди кожа на кожа, гушкање, цел ден на мене да е и на гради... Немаме напредок.
    Се надевам дека утре ќе биде. Инаку губам надеж дека со бебево ќе успееме.

    А толку бев среќна и надежна што во болница имавме прекрасен старт и што ништо не доби освен града.. и што успеа да стимулира млеко...
    Не знам. Борба ми е и овој пат доењето, и сум уште толку фрустрирана што толку се посветив на едукација, ама ете. Не бивало да сум во приказните "ете си фати, си цица и си качува..."
     
    На Мариаа., Girl-Rabbit, snegulkata и 6 други им се допаѓа ова.
  15. LoveHope

    LoveHope Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2015
    Пораки:
    1.371
    Допаѓања:
    4.172
    Пол:
    Женски
    Мајче честитки за малото ѕверче, живо здраво нека е!
    Сите имаме различни искуства со доењето, некои ќе ги прочиташ 8месеци се се на града, членката Freemind, некои не сакаа да фатат па се откажаа, сите различно.
    Јас, зборувам за себе имав не толку солиден почеток со доењето.
    Бебе многу малку качуваше на килажа, јас не давав ад се со цел да цица. Лошката исто ја галев, скокоткав, кај увце кубев за да се буди да цица. Не се секирај, треба време.
    Убаво си кажа полни пелени, не е дњхидрирано. Треба време малку за да се средите и малото и ти. Тоа сега на цице топличко, гајле нема, 3 саати ќе си седи бе. Имаш млеко, нема откажување. Нажалост свеки, мама, патронажна сите попуваа многу. За второ си знам како. Видов сега, второ ти е ова. Остави ги бројките. Некои кажуваат кило, некои 600гр.
    Исто како цвеќињата. Како викаме-додека земат замав.
    Гушкајте се, давај цице не откажувај. Ќе се буди малото, ќе си дојде се на место!
     
    На Girl-Rabbit, Lolipop23, Lianna Anna и 4 други им се допаѓа ова.
  16. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.038
    Пол:
    Женски
    Мене ме буни делот каде си советувана од хебамето да дадеш Ад. Што е она што го гледа? Што ти кажува зошто да дадеш Ад?

    Почетокот секако е фрустрирачки за сите. Кај тебе со доење, кај други неспиењето нема правила. Не се притискај себе си и онака имаш хормонски вулкан, големко дете и бебе. Ќе се среди набрзо се.
     
    На Girl-Rabbit, Kaetana, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.608
    Пол:
    Женски
    Кога дојдовме дома имаше симнато пак. Демек да се молзам. Се молзев ама полна да стагнира - да не симнува ама да не ни качува. Епа за да качувало, а да сме ми е стрес да се молзам на секое, да дадам АД додека да качи родилна па да го укинам. Демек ќе се ојача и ќе цица повеќе. Но, што правиме кога млекото ќе ми е недоволно затоа што не стимулирал? Што правиме кога ќе добие само цицка без шише? Не кај сите деца шише и цицка функционираат паралелно. И секој ден е со вагата и паники ми крева. До сега требало да качи. Е не се сите бебиња исти.
    Не е за давање АД, како што пишав, не сакам ни мое молзено со шише да давам. Убаво цица кога ќе фати. Ама додека се накани да се разбуди и да фати - вечност.
     
  18. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.038
    Пол:
    Женски
    Она значи смета дека малиот нема сила да цица сам. Ти си убедена дека може, но го мрзи. Килажата стои во место .
    Така изгледа од страна поставена твојата ситуација.

    Дај му време на малиот да цица, но ако и третата недела и четвртата стои вагата јас би уклучила паралелно и ад.
     
  19. EvieBabe

    EvieBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2019
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    2.551
    Пол:
    Женски
    Ние сме денес 5 ден; фала му на Бога, иако царски, колострум имав уште пред пораѓај и продолжи да си тече во болница. Малово мое иако минијатурно, завлече од прв ден и цицаме секој ден, гледам дека додека цица на устето и се собира млекце. Ама, слично како @Kaetana, и моево јагне е мирно, скоро цело време нана па не знам како ќе знам дали е нацицана или не. Они ми викаат Ако спие, ако е мирна значи е сита, ама она секако си спие. Плус од вчера малку жолтица има и тоа бетер ја прави поспана.

    Деновиве овде гледам ја дохрануваат бидејќи е мн мала (2200 се роди малку порано), па морало дохрана ама млеко имам и не знам сега за дома што да правам, дали да давам ад ако ми речат - прво бебе ми е, башка посебни услови дека е мала родена и не сум паметна што да правам.
     
  20. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.301
    Пол:
    Женски
    Иии јас имам пропуштено дека си се породила!!! Да ти е живо и здраво синчето, големо да расте и многу да ве радува!!! :inlove: :l: :sun:

    Мила, што да ти кажам што веќе не знаеш. Ако некој овде е експерт за доење тоа си ти.
    Јас вака од страна би ти замерила за пречестото мерење. Јас моите и двете деца прв пат ги измерив на полн 1 месец. Значи единствено што претходно ме интересирало е пелените, дали се полни и дали мочкаат редовно. Тоа е најдобар знак дали бебето цица или не. На месецот син ми имаше качено 450г, а ќере 1кг. Синко веројатно почнал покасно да качува, можеби дури и после 20тиот ден, со оглед на малиот напредок. Потоа си напредуваше просечно, а беше само на доење. Муабетот ми е, да сум го мерела и јас толку често ќе сум испаничела и ќе сме завршиле со АД.
    Дај си уште некој ден, буди го почесто, внимавај да не ви е многу топло дома па да го тера на спиење, расоблечи го голо за цицање и закачкај го нон стоп, носи го надвор на свеж воздух да се рассони убаво па дај му да цица.... Ви држам палци! (fingers)
     
    На Girl-Rabbit, koritsaki, emkaemka и 2 други им се допаѓа ова.