Доење

Дискусија во 'Бебе' започната од bibitri, 28 јануари 2010.

  1. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.608
    Пол:
    Женски
    Утре прави две недели. Таа уште на 8 дена ме напна со АД. Мислам дека треба да се даде време. Нема сила да цица сам не доведува до иста килажа. Доведува до константно паѓање. Иста килажа значи дека му фали само малце плус. А за тоа малце би го оставила да се бори. А не да му се даде на послужавник.
    А не да се стави мајката под стрес - утре доаѓам во 11… ако паднал или нема качено, готово. Одиме со шише.
    Ама ко што гледам сѐ ми е со ултиматум со него, па што да не и ова.
     
    На Girl-Rabbit и Lolipop23 им се допаѓа ова.
  2. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.608
    Пол:
    Женски
    @Lolipop23 фала за пораката! Сѐ знам. Знам и дека доени деца не напредуваат секој ден исто. Денес може ќе падне 10 гр, утре ќе качи 30.. теоретски сѐ си знам. Ама доаѓа патронажната со вага и вика мора да го мерам. Симнал 20 грама. Проблем. Јас знам дека не е проблем, и уште толку се нервирам кога некој ми крева паники а не треба. Сѐ ми е јасно и со ќерката. Почна да качува тек после 2 недели. На 27 дена (4 недели) стигна родилна. Па што. Пелени полни.

    И сѐ си знам теоретски, ама кога некој доаѓа и те паничи секој ден, и ти објаснува ко да си ти идиот... Не знам.
    Затоа пишувам дека сум скроз исфрустрирана.

    @EvieBabe јас така од Ремедика со ќерката се вратив и давав само да цица. Нон стоп на гради. И покрај маки со качување, на крај си се наместија коцките. Би пробала на твое место само со доење - па види, пелени треба да полни. И ќе видиш кога ќе ви е некое следно мерење. Барем на недела дена да е. И сега тоа го правам. Давам само да цица. На моменти сум бескрајно позитивна дека ќе се среди и ќе тргне. На моменти ме фаќа нервоза невидена. Ама не сакам шише да давам. Кај него сум скоро сигурна дека ќе е проблем.
     
    На Girl-Rabbit, Lolipop23 и EvieBabe им се допаѓа ова.
  3. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.917
    Допаѓања:
    203.161
    Пол:
    Женски
    @Kaetana прво честитки, да е живо и здраво синчето!
    Како второ, знаеш дека си на добар пат, не се откажувај. Штом фаќа да цица, и осеќаш дека имаш млеко, ич не давај ад млеко. Продолжи, дај фора до полни 4 недели, еве 6 нека бидат. Искрено мислам дека брзо ќе почне да качува и ќе надополни се што пропуштил. Шише секогаш може да дадеш.
     
    На Lolipop23 и Kaetana им се допаѓа ова.
  4. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.872
    Допаѓања:
    28.580
    @Kaetana
    Честитки, да е жив и здрав синот!

    Ќе го споделам моето искуство со малата ќерка, нешто слично минавме и ние. Мелко имав, бебе нане па нане, не можам да го разбудам. Уште од болница беше така, дома продолжи да си спие.
    Ја будев на два часа и нудев цицка, убаво фајќаше ама за брзо заспиваше.
    Беше мрзливо бебе, како твоето.
    Ама ти знаеш и подобро од мене дека треба многу упорност. Јас би настојувала да биде буден додека цица, за стварно да цица а не да дреми на града. По малце ја скубнував малата за да не заспие цицајќи, ја миев со ладна водичка по лице... се само да биде будна додека цица а не по две голтки да ми заспива. И мислам дека тоа беше најбитно, тоа што водев сметка да биде активно цицање а не голтни па заспи.
    И навечер будев обавезно, често нудев града. Како расте бебето така повеќе сила ќе има за да цица, нема да спие толку, па ќе биде полесно.
    Исто како тебе паѓав во очај дека е спанка, и исто мерев често, и си плачев умислувајќи дека нешто страшно се случува оти бебето е спанко. Ах хормони, виновно за се!
    Се доевме до 15 месеци, супер напредувавме, и мото спанко бебе беше буцаво!
    Ќе успеете и вие! Ти знаеш како, само упорност и често нудење града! Подразбуди го кога ќе заспие цицајќи за пак да продолжи да цица а не да нане со цицето во муце!
     
    На Kaetana му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.301
    Пол:
    Женски
    Извини, не те разбрав убаво, јас мислев ти го мериш нон-стоп, тоа патронажната да ти била.
    Јас мислам да се водиш по твојот инстинкт, ако тој ти вели дека со бебе е се во ред и дека ќе ќе успеете, тогаш не дозволувај друг да те поколеба. Ако пак навистина чувствуваш дека нешто не е како што треба тогаш дохранувај и со АД додека не пркне малку, да почне посилно да влече. Ќе даваш со шприц 1-2 пати во денот, не би требало од тоа да се одбие.
     
    На Kaetana му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.608
    Пол:
    Женски
    Денес беше да го мери. Кренал 40 грама. Малце е, знам, ама не сме на трки. Ете, не стои, и не симнува. И тоа е напредок. Пак не е задоволна, пак ме напнува со нормата што викала дека до 10… макс. до 14 ден морал да ја врати родилната.
    Да дадам шише додека ја врати родилната и тоа да е што побрзо. Викам со шише помалку бара да цица. Мрзлив е и ми е страв дека ќе се одбие. Вика дај да качи па после ќе му ја мислиме за доењето. Е не оди така... Викам шише знаеме дека е добитна комбинација. Би сакала да му дадам време со цицка. Ете, мислела да дојде во среда, ама морала и утре да го мери. Леле, не, дојди во среда слободно. И пак ултиматум. Ако до среда не качува доволно, морало да се направи нешто. Мислам вака со притисоци ништо не бива. И јас не сум луда да оставам дете да гладува. Ама не сметам дека е фрка голема и дека има толкав простор за паника. Ама нормата...
     
    На Girl-Rabbit и Lolipop23 им се допаѓа ова.
  7. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.903
    Допаѓања:
    14.586
    Пол:
    Женски
    @Kaetana чисто онака да прашам, нешто задолжително е да ја слушаш таа што ќе каже? Супер што иде да го следи бебето, и ако сакаш совет да ти даде, ама ако рече треба дохрана а ти не сакаш да дадеш, ќе ти направи проблем?
     
  8. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.500
    Пол:
    Женски
    а зошто да не се даде дохрана ако треба?

    Надвор од цитираново сакам да прашам нешто се надевам е во склоп со темава.
    Дали за време на доење е дозволено поправање на заби со анестезија? Исто и вадење со анестезија? Ајде чекав да се породам не смеело во бременоста ама веќе еве пак почнаа да болат и ставив заболек оти ни парацетамол ни ништо од тоа не ми помага освен Аналгин. А за одложување не можам веќе.
     
  9. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.903
    Допаѓања:
    14.586
    Пол:
    Женски
    И јас истото го мислам. За џабе не ги носиме децата на мерење, ако има потреба од некаква промена во рутината на време да се реагира. Мене лично воопшто не ми се свиѓа тоа форсирање на цицање кога постои ад (особено кога мајките имаат проблеми со цицањето), а прашањето го поставив чисто информативно, ме интересираше како е во западниве земји политиката.

    И случајно се погодив стоматолог па можам и на другово прашање да ти одговорам :)
    И за време на бременост и за време на доење дозволени се стоматолошки интервенции, со поголема претпазливост првите неколку месеца и на крај во девети. Се додека е уредна бременост без никакви проблеми, поправање и вадење заби се прави слободно. За доење исто, зошто локалната анестезија нема ефект на млекото. Јас лично си пломбирав заби во 9ти месец и сега додека дојам, со обична анестезија. Ако сакаш да си попретпазлива, може да бараш анестезија без адреналин и првото млеко после тоа да го измолзеш и фрлиш. Ама не мора, јас си доев нормално, уште не ми беше ни пуштена анестезијата. Ако треба лекување на заби или антибиотик, за тоа повеќе треба да се пази.
     
    На Girl-Rabbit и marchi-cool им се допаѓа ова.
  10. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.500
    Пол:
    Женски
    благодарам
     
    На Spidy му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.608
    Пол:
    Женски
    @Spidy не знам дали е задолжително. Немам искуство ни јас до колку е инволвираноста нејзина околу целава работа. И мене ми е прво дете во странство, па не знам баш како оди. А искрено сум многу зачудена за нејзината реакција за АД, затоа што овде се повеќето строго ЗА доење кога има услови и можности. Се породив во доење-френдли болница каде што бебето 2 дена не доби ништо додека не ми дојде млекото - цицаше цело време и живееше од колострум.

    Малку не е во ред пишаното - не ти се свиѓа форсирање на доење кога постои АД... Ако мајка сака да дои, зошто да не даде сѐ од себе за да успее во тоа? А никој никого не форсира. Јас не сметам дека е форсирање доење туку за мене тоа е "нормалната" опција. Не дека ако некој не сака да дои имам против, негов избор. Само чудно ми е некој да ми се чуди што сакам да успеам во она за што сме биолошки еволуирани да го правиме. А за проблеми со цицање - зависи каков е проблемот. За некои проблеми оправдано е АД а за некои нема потреба. И да, мерење секој ден едноставно е непрактично. Се покакало, не се покакало - ете ти разлика од 20 грама. И ако викаат просек 20-30 грама дневно, не значи стварно толку. Просек е, нели. Така да... Од тој аспект мерење секој ден и заклучоци донесени на база на 4-5 дена се неосновани.
     
    На Girl-Rabbit, Annath, Lolipop23 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.903
    Допаѓања:
    14.586
    Пол:
    Женски
    Со се што кажуваш се согласувам. Мојот став е од аспект дека до сега не сум слушнала докторска препорака никако да не се дава ад. Не сметам дека вештачкото млеко е полесен избор, баш напротив, доењето (кога нема компликации) е далеку поедноставно од стерилизирање шишиња, вриење вода, финансиски трошок... И секако ги поддржувам мајките кои сакаат и се трудат да дојат. Само премногу коментари против вештачко млеко се изначитав од кога имам бебе, како АД да е најголемо зло на модерниот век. Сакав да кажам дека има и некои кои не размислуваат така. Јас никаков проблем немав со доењето, барем не физички, па еве полека ги заменувам подоите со вештачко млеко. Едноставно кога бебето јаде три оброка, не сметам дека има потреба да цица. Не викам дека сум јас во право, и дека сите треба како мене да размислуваат и прават. Ама едноставно вештачкото млеко за мене е уште една алатка која можеби на некој начин ќе ми помогне во секојдневието, исто како и пумпата за млеко, релаксаторот или хранилката. Не дека не може без нив, ама ако ги сметам за потребни не гледам зошто да не се користат. Така го гледам и вештачкото млеко како дохрана, едно шише на ден не е крај на светот.
     
  13. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.608
    Пол:
    Женски
    Еве јас ги прашував дали ќе му дадат нешто на бебето затоа што втор ден беше а јас немав млеко. Ми викаа - не е жедно. Нема потреба од дохрана.

    Што е полесно - и тоа е субјективно. За мене во моментов тоа е шише. Но знам дека не секогаш полесното е и вистинскиот избор.

    АД не е најголемото зло. Треба да сме среќни што постои и што ја поминавме добата на оризова вода и сл. Но, АД-то е најзлоупотребуваниот метод на дохрана и кога воопшто не треба - прво било заради профит, а после е поддржано од неукост како и од желба да се стигнат некои норми пример...
    Тоа е она што јас не го поддржувам. Давање АД кога не треба.

    И не е проблем да го искористиш АД како помош во секојдневието кога ќе ти притреба. Но да го замениш комплетно мене ми нема логика. Тоа е како аналогијата со релаксаторот пример - може да ми помогне кога бебето плаче а јас морам нешто да завршам. Но сепак не смее комплетно да ја замени мојата прегратка.
    Е ако не сакаш повеќе да доиш, ти е мачно, не уживаш - тоа е друг муабет.
     
    На lackygirl, Lolipop23, cinderella5 и 4 други им се допаѓа ова.
  14. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.500
    Пол:
    Женски
    2-3 дена додека мајката нема надојдено млеко бебето е гладно? Јас така лошо разбрав или како? И после детето намалува килажа. Па како да не намалува? И јас да не јадам ќе почнам да слабеам зар новороденче така го третираат?
     
  15. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.898
    Допаѓања:
    34.102
    Пол:
    Женски
    @Kaetana јас немав хебаме па се сама си правеве.Она е таму да те посоветува и да ти помогне не да ти прави стрес.Можеш и да и кажеш да не доаѓа веќе.Кај нас исто во болницата не и дадоа ад се додека по 48часа дете ниту беше мочкано ниту какано па јас сама си побарав да ми дават ад.Прво ја доев 15-30минути и оти немав млеко после викнуваше да плаче.Па барав ад.По неколку мл,10мл ад бебето се смируваше и почна да мочка.Кога дојдовме дома оти немав млеко пак цицаше по 15-30минути и давав 10мл ад.
    Штом добив млеко не даваав веќе.Никогаш не сум доела подолго од 30 мин .Си се тргав.После почна сама да се буди да си бара да јаде.Имав среќа што имав "бруст кинд" (така ја нерекоа во болницата и ја скараа уште првите денови дека мора да заработи млеко со тоа што ќе цица(facepalm)).
    Јас би реагирала исто како тебе зошто да давам флаша кога можам цице, ама би гледала да има барем еден подој со шише дали ад или мајчино.Колку да сум сигурна дека има пиено млеко-јадела.На мене градите не ми шприцаа и цело време се прашував дали имам млеко(facepalm)
    Туку побарај совет ако не се чуствуваш сигурно и од некој друг.Имаше во мојата болница група го викаа "Still cafè" каде се собираа мајки со бебеиња и си помагаа една со друга , а имаше и советник.Не сум била оти немав пробрем со мојата ама мислам дека секогаш има нешто што може да научиме.Гушки и не се нервирај јуначето не е мрза, ама нема ништо послатко од сонче:hug:
     
    На Girl-Rabbit и Kaetana им се допаѓа ова.
  16. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.301
    Пол:
    Женски
    Браво штом почнало да качува. (fingers) Не знам колку имате уште за да ја вратите родилната, ама нормално ако се 200г-300г не може да се очекува да ги врати за 2 дена. Ако продолжи да качува по 20г-30г дневно тогаш не грижи се на добар пат сте. За патронажната не знам што да кажам... после ќе му ја мислите на доењето... од такви погрешни совети многу деца се одбиваат од цицање...од старт треба да се мисли на доењето, а не отпосле кога ќе се навикне на шише па нема да сака да фати града. :x

    Во првите 48часа новороденчето си има резерви од мајката и не му е потребно ништо за да преживее. Во сите бејби-френдли болници нема АД млеко туку се оставаат бебињата по 24 часа со мајките за да го исцицаат колострумот и да стимулираат надоаѓање на млеко. Во болници каде што е пракса од старт да ги дохрануваат децата (како Чаир на пример) голем е процент на мајките што имаат проблеми со доењето.
     
    На Kaetana, Lianna Anna и Annath им се допаѓа ова.
  17. BirMelek

    BirMelek Популарен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    2.673
    Допаѓања:
    14.780
    Пол:
    Женски
    Јас отсега кројам планови да го избегнам шишето во првите денови. Во болницата каде што ќе се пораѓам, најадена ми ја носеја ќерка ми. Или донеси ја гладна, остави ја со мене, млекото уште слабо надојдено, каналите неотворени, па таа ќе си заспие на цицка . Ќе дојдат по 10 минути ја земаат, нели 10 минути подој само што е глупост, ќе видат не јадела и ајде 30мл ад. Така ми направија огромен проблем со цицањето, сега се надевам поискусна ќе бидам, па нема да ми треба нивната помош толку. Освен што ќе ги терам да ме ставаат на пумпа за стимулација и бебето да се носи постојано на града. Ќе се борам максимално, ама кога @Kaetana си мачи маки, што да очекувам за себе со прво полууспешно доење зад себе :(
     
    На Kaetana му/ѝ се допаѓа ова.
  18. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.500
    Пол:
    Женски
    мене ми рекоа дека додека бебето за прв пат не се покака не се дава ништо макар тоа да е 24, 48 или 100 часа. Јас еве не сум знаела
     
  19. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.301
    Пол:
    Женски
    Ех ех, од каде сега такви дезинформации. Кој тоа ти рече? Медицинско лице?
     
  20. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.500
    Пол:
    Женски
    акушерка каде што се породував