Доење

Дискусија во 'Бебе' започната од bibitri, 28 јануари 2010.

  1. ☁сон☁

    ☁сон☁ Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    404
    Пол:
    Женски
    Супер, јас на нук сега не можев нигде да најдам силиконски, земал мм на авент сега, па од утре ќе ги пробаме дома :)
     
  2. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.397
    Допаѓања:
    18.643
    И јас имам на Томи типи некако не ми се лепеа,не сум баш задоволна.

    Новороденче 7 дена старо колку милилитри млеко треба да пие?
    Патронажната ми вика 40мл а педијатарот 60мл?

    Капките Д3 + К1 им ги давате директно во уста или во млеко?
     
  3. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.462
    Допаѓања:
    183.587
    Пол:
    Женски
    Ја имам силиконски на Чико, немам проблем со лепење.

    Нуди цицка често. Нема правило колку. Некогаш ќе е повеќе некогаш помалку. Следи и ги пелените, ако полни пелени значи си цица доволно.

    Капките директно во уста и ги давам.
     
    На koritsaki, Sofi.ja и Kaetana им се допаѓа ова.
  4. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.897
    Допаѓања:
    14.581
    Пол:
    Женски
    На контролата кога бебе имаше 1 месец, и јас прашував за млекото, ама за цицање, ми рекоа 60 мл во еден подој. Не знам дали е истата количина и за АД.
     
    На Sofi.ja му/ѝ се допаѓа ова.
  5. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.366
    Допаѓања:
    7.838
    Пол:
    Женски
    Може ќе звучам смешно,ама да ве прашам како доите "агресивни"бебиња. Значи буквално ме штипе, ме мава, ме гребе, на едната града цица,другата рака ја пикува во мене и ме тегне за другата. Нозете качени на мене, клоца. Кога ја дојам легната бидејќи така заспива, се врти на стомак и на колена цица. Па ќе си заполза, па ќе се врати. Искрено, веќе ме нервира некогаш. 10ипол месеци е. Пробувам и да и намалувам веќе, ме преморува , имам и друго мало дете дома. Знам дека.е најубаво искуство, знам дека е најздраво, не сакам да ја одбијам уште, ама некогаш не можам да издржам. Или јас сум многу нервозна па се пренесува на неа,или едноставно такво "лошо "бебе е.
     
    На srekice му/ѝ се допаѓа ова.
  6. NEA

    NEA Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    332
    Допаѓања:
    531
    Пол:
    Женски
    Имам 3 дена тт 38-39 и ми кажаа мастит. Работава е што мене градата не ме боли, не е црвена. Пробувам да ја одмолзам зашто малиот не смее да цица - земам лекови, нема ни 5 капки. Свекрва ми шроба на старински со топла вода - само како црвчиња засирено млекце излезе и потоа престана а ја намачивме градата добри 3 саати стискање :( ми дадоа апчиња да ми престане млекото. Чаре?
     
  7. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.500
    Пол:
    Женски
    Ако ти дале апчиња не смееш да молиш.
     
  8. Happyinlove

    Happyinlove Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    10.838
    Пол:
    Женски
    Лејдис дали после 6м односно после вклучен оброк,следниот подој ви останал на исто време или сте одложиле за пример 1 саат? Дали ги држи повејќе ми е прашањето тој оброк на пример ако доручкува во 9:00 следниот подој кога ви е?
    Бидејќи мене константно ми се меки градиве освен ноќе кога бара на 3 и пол саати да цица ако се успие на 4 саати камен ми се полни што значи според градава тогаш е гладно... денски аларм точно на 2 часа цица. Па си реков дали ке направиме растојание од подој до подој
     
  9. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.608
    Пол:
    Женски
    Ние сме уште во борба со качување тежина. Ама во борба досега невидена. Со ќерката имавме мака, ама веќе околу месец "фати ред" и почна да си качува во рамките на тие 20-30 грама дневно просек. Со неа знаев дека проблем веројатно беше количината кај мене, со оглед што немав на почеток доволно стимулација. Но во првите 2-3 недели се борев за да се снајдам со доењето, таа беше гласно и исто така борбено бебе, цел ден на гради, и после 4 недели сѐ се среди. После месец си тргна работата и натаму немаше никаква мака.

    Со синчево немам одговор. Енигма. Надвор е од сите правила. Ај на почетокот беше успан и имаше мака со жолтица. Фатот му беше секогаш добар. Со секој ден добива и на сила. Вчера месец направи, буден е доста, дури и некој скок ко да го има фатено, знае да ќенка, да плаче, потсеќа на ќерката...
    Жилаво дете, се врти од една на друга страна, прета и мава со нозете и панталоните ги соблекува од претање...
    Ама сепак, напредок испод "норма".
    Па нерви кинев затоа што вчера имавме преглед кај педијатарот, а јас дома веќе го измерив и видов дека во цела недела има едвај 30 грама напреднато... Па рикав и плачев... Затоа што се изначитав секакви причини за некревање килажа кои не се резултат на немање млеко или мрзливо бебе... И секако, коса ми се крена. Наеднаш сакав да немам млеко и тоа да е причината...

    Но, вчерашната посета ме остави со подзината уста. Напредок: 20 грама во една недела. Докторот и сестрата скроз опуштени. Јас целата прашалници.
    Е добро де. Сѐ е ок. Продолжи да го доиш и биди скроз опуштена. Ама викам напредокот.. нема што да се секирам. Не симнува, полека качува.. измери должина и обем на глава - пораснат 2.5 цм во должина (секако има простор за мала грешка).. и плус нешто во обем.
    И вика - мене не ми е важно само што ќе каже вагата - мене ми е важно и бебето.
    А бебето е будно, жилаво, добро изгледа, размрдано, викате моча, кака, цица и слушате дека голта.. нема да остане на 3 кила. Ќе порасне. Не е ни прво ни последно бебе кое не се однесува "према нашите статистички очекувања".

    Не знаев што да речам. Наеднаш, мислам дека се почувствував најсреќна на светот што имам педијатар кој знаев дека е прекрасен за сите работи од искуството со ќерката.. но што плус се покажа дека е толку breastfeeding-friendly и ми делува охрабрувачки.. што душа ми се кине дека го губиме на крајот на годината (нема веќе да работи општа педијатрија).

    Направивме муабет дека синчето може и да се рачуна во предвремено родени према овулација па не е чудно. Јас се пожалив дека многу повраќа. Последно време се дупнува од бљуцкање. Да креваше и да бљуцка, немаше да се секирам. Ама не крева а обилно бљуцка.. рече ќе пратиме за рефлукс.. ама кај мали бебиња е тешко да се открие дали е рефлукс или заболување што резултира со рефлукс. Ама ќе го следиме. И да е рефлукс, најубаво е да е на доење ако има рефлукс (мајчино млеко малку се задржува во желудникот и брзо се вари па не ги оптеретува дополнително како АД).

    Јас во меѓувреме со купив и апчиња од грчко семе, па пијам од тие. Ако во случај е количината во прашање (а знам дека не е).. ама ај. Може самодоверба некоја ќе ми дадат или некој пласибо ефект.. гледам да се опуштам максимално и да не рикам со саати ко будала.

    Бевме на болница вчера заради превентивна контрола за кила на препони.. среќа нема. Има само вода во скротумот кај тестисите, ама не била проблем - требала да се среди до 2 години. Ама да го набљудуваме кај препоните за отоци.

    Понеделник сме на кардиолог и ортопед. Се надевам сѐ ќе е во ред.
    Патронажната ми предложи остеопат или хомеопат...
    Инаку родилна должина ни е утната, па немаме референца колку се родил. Ама тежината не верувам дека ја утнале.

    Во секој случај, ако ја тргнеме родилната настрана (3390) и првата недела земеме дека падна до 2990... А вчера беше 3180... Во три недели качил скоро 200 гр.
    На месец ни родилна не е вратена... (facepalm)
    Знам, за повеќето тука може сум "блесава" што вака терам, и досега требаше да се откажам.. но, на бебе кое вака цица како што цица, и кое го слушам како голта, кое моча, кака, бљуцка... И знаејќи дека има бебиња кои не се по калап на статистики... Решавам да сум смирена и упорна. И да терам најзеновски напред. Имам уште надеж пред да размислувам за други алтернативи.
    Што и да е, верувам ќе го надминеме.
     
    На Lolipop23, duffi, Mia Fuentes и 8 други им се допаѓа ова.
  10. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.622
    Пол:
    Женски
    На почетокот јадеше оброк од 150гр и после 15мин беше на цицка.Додека да се навикне дека тоа е оброк. Меки гради не значи дека немаш млеко, 6м доиш не се замарај :hug:
     
    На Ladyyyy567*, Happyinlove и Kaetana им се допаѓа ова.
  11. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    20.064
    Допаѓања:
    328.423
    Пол:
    Женски
    штом си вовела оброк значи еден подој со тоа кратиш :).И временски го поместуваш доењето.Нема да нудиш пак цицање после оброкот.Нормално е преку ден да се меки градите имаш воспоставена лактација.Навечер се полнат кај сите :D.Навечер и не треба бебе често да цица тоа е време за одмор и за тебе и за бебето
     
    На Happyinlove му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.608
    Пол:
    Женски
    Исто беше кај мене. 180 грама каша и пак бараше одма да цица. Не дека количински ќе цицаше многу.. малце ќе цицнеше од навика и ќе се смиреше..
    Самото ќе почне да си ги развлекува подоите. Му треба време за транзиција.
     
    На Happyinlove и BabyT* им се допаѓа ова.
  13. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.622
    Пол:
    Женски
    Од тебе читав најдобри совети околу доењето и многу ми е криво што вака ти налага ситуацијата ама ти се дивам колку си упорна. Знам дека ќе успееш :)
     
    На Lolipop23, hello-kitty.90, Kaetana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.917
    Допаѓања:
    203.159
    Пол:
    Женски
    Исто како моето, големото - цицаше, плус дохрана. Значи и адаптирано пиеше. Килажа не качуваше во рамките на очекуваното, секогаш под просек. Колку се нервирав... првиот месец цел месец, само 300 грама качи. После одвај по 600, ама вака жилаво, весело, пргаво, главата ја држеше сам од раѓање. Се роди 2760, со 2700 од болница излеговме, на месец дена одвај 3 кг. Дуплираше родилна на пет месеци, а на годината имаше 8600г. Ама активен, лази, се врти, станува... цврсто дете. И ден денес е таков - има осум и пол години, килажа ко за 4годишно дете, одвај 22кг. Ама активен ненормално, јаде често и бавно. Со ова сакам да ти кажам дека мора да има деца и под просекот со килажа. Не се сите по ист калап правени. Битно е да напредува, макар и минимално, да не губи на тежина.
     
    На Lolipop23, duffi, Spidy и 5 други им се допаѓа ова.
  15. NEA

    NEA Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    332
    Допаѓања:
    531
    Пол:
    Женски
    Не ги пијам
     
  16. srekice

    srekice Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    4.105
    Допаѓања:
    10.418
    Пол:
    Женски
    Ееее сестро, ист проблем имам и јас, само што ние сме 5 месеци и уште не се врти на коленици:D
    Цицкава ја влече по цела спална, јас само вриснувам. Нокти и гребаници сум цела, ги фаќа пупките со прсти и мислиш станици мења|( и кл гумена бомбона ја стиска и се тегне:@
    А гледа цицка со две раце ја фаќа(facepalm)
    Тешко нас
     
    На marchi-cool и supergirlmb им се допаѓа ова.
  17. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.608
    Пол:
    Женски
    Тоа е.. и мене ми е криво.. и јас се обвинував дека толку вложив во себе, толку сум посветена и тука на помош и поддршка на мајки, а сум толку беспомошна кога се работи за моето бебе...

    Искрено, со првото бев незрела и си мислев дека ќе си дојде онака спонтано. Не беше така. Затоа се посветив на дополнителна едукација на темата. И после прочитани книги, и теоретско познавање од проблематиката, и доста примери со доста мајки, факт е дека кога си ти засегната, не е исто.

    Со второто мислев дека ќе тргне супер работата, затоа што ги имавме сите работи што ги немавме со ќерката.. седење заедно, бондинг, доење уште од само раѓање, и навистина.. млеко добив многу побрзо. И овој пат немав проблем со количината. Немавме проблем ни со фатот. Ама жолтица, нервози, и дури овој пат мислам дека пристапувам на доењето исто од друг агол... психичката состојба на мајката, нервозите, напнатоста, интензивните мерења, па не дај боже и проблеми здравствени кај бебето.

    И покрај сѐ, во милион наврати се засекирав дали постапувам правилно, па покрај патронажната консултирав и мојата Ла Лече Лидерка која дојде да нѐ види, ми се јавува секој 3 ден да ме праша како сум.. IBCLC со допишување... советничка за доење.. читам и се доедуцирам.. ама ете. Не било да тргне работата и покрај сите услови. Само што овој пат имам доволно искуство да знам дека не е до количината (и се молзам, и го слушам како голта, и пратам пелени)... па совети од типот дај адаптирано не држат вода. За право не ни имам некој таков притисок тука.

    Толку луѓе инволвирав околу мене, затоа што не сакам да испадне дека се работи за мој каприц, мое его, и не сакам да сум заслепена од мојата желба да успеам да го дојам и ова дете.. затоа што се грижам за бебето, и не сакам да ризикувам бејби блус и хормони да ме исфрлат од колосек...

    Искрено, во даден случај се засекирав и за тоа колку сум дволична. Се нервирав кога бев бремена што ме пикаат во секакви статистики дека дебела, па нели, со гестациски дијабет по дифолт, или со прееклампсија, гојазни деца и сл... и правев муабет дека сите сме засебни и не мора да значи дека ако статистиката вика едно, дека така и ќе биде... а сега паѓам во депресии и плачам ко блесава дека детето не ми е по статистички криви на развој. А пустото жилаво, будно, весело, моча, држи глава, се врполи и активно цица...

    Не знам што ќе испадне од мојава приказна, ја пишувам ете, како нестандардна. Кој ќе е расплетот, не знам. Но сигурно ќе е во прилог на здравјето на моето бебе. Каков и да е.
     
    На Lolipop23, mal.ecka, Presrekna и 7 други им се допаѓа ова.
  18. ☁сон☁

    ☁сон☁ Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    404
    Пол:
    Женски
    Сепак мм трчаше денес по брадавици на медела, бебка се трудеше да влече од тие на авент, ама па и многу плачеше, одма по цицање, рачињата пикнати во уста.
    Со тие на медела од одма се врати во нормала како во болница, си цица и спие :)
     
  19. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.500
    Пол:
    Женски
    офф ... Сум напишала не смееш на молиш (facepalm) сакав да речам не смееш да молзиш.
    За тие што користат силиконски брадавици,читам во последните коментари, само да знаете дека така има многу големи шанси да влече и воздух што ја влошува состојбата со грчеви.
     
  20. day.dreamer

    day.dreamer Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    361
    Допаѓања:
    900
    Не е точно дека со силиконските има повеќе грчеви. Јас сум од почеток со силиконски еве веќе 3ипол месеци и на прсти може да избројам колку пати сме имале грчеви.