Маjки сoвет....бебевo 2 дена не сака да цица, сака oд шише...успевам да фати кoга ќе се измoри oд плачење или спие... Дали е периoд или се oдбива?
Колкаво е бебето? Цица ли ноќе? Можеби е во скок. Минував таков период со моето, ама моето ни шише не фаќа. Се среди за неколку дена. Подметнував на спиење и тоа требаше скроз да го погодам моментот. Пробај во тивка и темна просторија и биди упорна. Јас живци искинав.
Ако пие од шише многу е голема веројатноста да се одбие. Тече лесно од шише, не сака да се маче. Или тргни шише скроз или земи шише што не капе само туку да треба да влече.
Развојните фази се рачунаат од термин на раѓање. Не сум многу упатена во скоковите, ја немам апликацијата, ама можно е да минува скок. Види има тема на форумов. Не знам што друго освен ова или да провериш во устичка да не има нешо да го боли. Во врска со шишето, јас би го применила советот од погоре. Оти и тоа е една од причините за одбивање. А исто беше и кај моето, плачење до зајдување. Тргање од гради и се беше во ред. Уште не ми е јасно што му беше.
Можи е депресивно дека не се дома со тебе ќеркичките, биди упорна со молзењето, нема ништо подобро од мајчино млеко. На почеток е тешко, па после дома дури фатите рутина уште потешко, па и со 2 бебиња треба само да си смирена и опуштена за да не ти се намали млекото, најмногу на стрес се намалува. Со лесно и нека се живи и здрави
Ајде малку помош. Малата последната недела е само на доење. Претходно и давав само навечер прихрана по 90мл кои ретко целосно ги пиеше, најчесто пиеше 60мл. Решив само да цица, мислејќи дека не е гладна бидејќи со сила пиеше. Денес ја мерев за 2 недели само 140 грама ставила. Родена е 2740, првите 2 месеци ставаше над 1кг месечно. На последната контрола 2 месеци и 3 недели имаше 5860гр, а денес на 3 месеци и 1 недела е 6кг. Што мислите да продолжам да давам АД? Мислам малку се 140гр за 2 недели. И да напоменам некогаш каката и е зеленкаста, а беше и настината. Се загрижив.
@Magic13 јас мислам да си продолжиш само со доење и да си направиш контрола по недела дена пак. Викаш настината била. Плус после вториот месец не ставаат како во првите два. Така да ок е. Башка не дека ќе крева секој ден исто. Некогаш ќе стагнира, некогаш ќе крене повеќе. Затоа се вади просек. Ама на подолга релација нели.
После колку дена да очекувам да ми надојде млеко. Два дена како сум породена и сеуште не ми е надојдено. Кога ќе ме стиснат сестрите излегува само капки жолто колострум. А градите ми се меки. Го ставам бебе на гради фака, тегне ама уште нема. Што можам да направан друго. Пијам вода, млеко, боза. Се раздув два дена.
Биди упорна,мене на трет ден ми дојде, неколку дена колострум после млеко. Колострумот му е доволен на бебето,дои си го.
Сакав да те означам за мислење, фала за одговорот. Мислам и таа количина што претходно и ја додавав немаше големо влијание. Не делува дека е гладна. Ќе видам како ќе се одвиваат работите.
Сега те прочитав. Дефинитивно не е гладна. Во просек во 10 подои денот 1 АД е како ништо. Фрлај го. Истата бев и јас до 3 месеци. Сега 1 и пол месец немам дадено воопшто АД. А до тогаш се лажев по 1 на 2-3 дена. После 3 месец не очекувај рапиден прираст на тежина. Секој грам во плус е нормално за педијатар. Дури и да стагнира. Само да не паѓа во тежина. Супер сте поздрав
Фала. Не знам колку млеко досега исфрлив. Направи го, не пие или одвај 60мл. Малку чудно ми беше што читав дека и во третиот месец некои рапидно одат во килажа.140гр за 2 недели ми делуваше малку. Инаку на 2 и пол месеци ја дуплира родилната тежина. Поздрав.
Еве јас се надевам дека моето рапидно ќе качи во четвртиот месец.. Ма да е жив и здрав, другото не е важно.
Мајки породена сум пред 8 дена ,првите денови ептен малку цицаше имав проблем со вовлечени брадавици па го надминавме овој проблем со силиконски брадавици е сега малиот цица ама му давам и адптирано млеко 2 до 3 пати дневно, цица и после пак плаче од ко ке го доhранам се смирува, прашањето ми е како да се зголеми лактацијста на млеко ,а пијам течности домашен компот,млеко вода чај јогурт,незнам до кој ден надоаѓа млекото.или некоја hрана што ќе го зголеми млекотои колку литри течност пиете
Здраво и живо да ти е бебенцето. Мене најмногу ми помогнаа таблетите лактил. Течност колку што можеш повеќе, над 2л. И чајот лактамикс е добар.
Здраво мами. Се породив пред 1 недела, се учиме да цицаме. Веќе 2 дена ме давам ад, бебе цица на 3 саати отприлика. Ама кога ќе се закачи на 1 града по пола саат, 35 минути не се трга. После од другата 10 макс. 15 минути цица и заспива. После следен подој почнувам од градата кај што цицал помалку и истото го правиме. Дали е ова ок, или да се одмолзувам на градата од која цицал помалку? Како е подобро за стимулација? Поздрав.