Мајки, ние сме стари 4 недели и последната недела за време на доење, малата прета со нозете и рацете, се тегне со главата и испушта некои звуци како 'ржење. Имам чувство како да дојам некој див ѕвер хахах. Ве молам за совет..дали е скок во развој или грчеви не знам..до сега не сме имале ваков проблем.
Јас сум под стрес, до денес имав вага и го мерев пред и после цицање, ми препорачаа од болница да земам вага и да го следам бидејќи ми се роди пред време, да пратам како напредува. Ја вратив денес бидејќи беше изнајмена од аптека и сега незз дали доволно е најаден, брзо ми заспива и се молиме стално, незз како да знам дека јадел доволно. Како знаете вие?
И јас ја имам истата мака,се молзам и Ад и гледам колку давам но како што качувам грамажа се потешко ми е. Имам млеко но не во изобилие и одлучив да цица па ке каже вагата на два месеци.
Јас не давам АД, бидејќи имам доволно млеко, ама колку јаде немам појма, па баш денес се погоди кога ја вратив вагата и на следниот подој час и половина цицаше и не заспа како и секогаш бараше уште Кога почна да качуваш грамажа
Ти тече цело време? Мене само кога цица и кога се одмолзувам, од другата тече. За надвор ставав влошки,дома ни прслук не носам. Како се заседнавме дома,ќе ми останат непотрошени
Па и ја за дома прслук не носам. Затоа веќе преку глава ми е нон стоп да буричкам во маичка и да ги барам влошките. Милион пати дневно да се поднаместувам. Иначе да, скоро цело време капе. Само после цицање кратко време не капе. Како ме затера, ми се чини дур ја одбијам вака ќе продолжи.
Исто бев додека не а одбив. Буквално ако ја земав малата во раце и да ја потпрам на мене почнуваше да тече млеко од мене.
Мајки син ми е 8+ и му излагаат тројки. Се лигави и е нервозен, што не е вообичаено за него. Пред некој ден го сетив како ме касна додека го дојам ама беше црвено местото и потоа немав проверено. Денес што да видам мало парче колку сусам месо ми нема на пупката, оние белине околу пупка што се. Ме боли многу, го дојам и незнам што да ставам.. Матичен е затворен, гинекологот не ми крева слушалка.
Значи исто. Кога ја држам, ако ми се помести влошката и двете утоп сме. Јас па мислев ќе се среди со време, значи да не се надевам...
Не е рано за 3ки? Околу градата, мене на секој заб и ги раскрваруваше и правев вака. После доење ја мачкав пупката со млеко и така шетав да се исуши, па одпосле ланолин и тоа така да се исуши. Значи само мора да ти е гола, ако ја покриеш се ствара како влага и нема да зарасне брзо.
Да, фала и две феминки ми пишаа пп истово па веќе почнав. Инаку не знам дали е рано, ама не можеш да ги сопреш само излагаат заби. На 4+ два долни кеца наеднаш му излегоја и од тогаш... Лудница