На пoчетoк кoга пoчнав да jа дojдам првите 10 секунди ептен ме бoлеше пoтoа се навикна градата. Внимаваj да не е oд неправилнo цицање.
Нема да можеш да извадиш со пумпа онолку колку што може да исцица млеко. Но ако успееш да извлечеш макар 10-20мл млеко со пумпа да знаеш дека дефинитивно имаш млеко! Сите по болнициве форсираат Ад но ако гледаш дека имаш млеко, батали го вештачкото. Инаку мислам дека 50мл е многу, нека ме поправи некој ако грешам, но новороденче има оброк од 20-30мл. Терајте на почеток со силиконска па откако ќе научи да цица постепено ќе ги тргнеш. Ако имаш барем мали брадавици биди сигурна дека со цицањето бебето ќе ти ги извлече и полесно ќе му биде. Болката на почеток е нормална, мора градите да се навикнат на новонастанатата ситуација, мене и со двете деца почетоците ми беа многу болни. Секое бебе кога ќе се роди мора прво да научи да цица, а во исто време и мајката ако ѝ е прво бебе
Градите те болат затоа што ти надоаѓа млеко. Со тек на време ке ја снема болката. Првите секунди додека влече и доаѓа млеко е така. За недела две ке се нормализира. Јас не би давала ад воопшто. Ако имаш и неколку капки млеко, бебе ке си влече и ке надоаѓа. Уште една позитивна работа кај доењето е што не мора да мислиш кога цицало. За ад мора да внимаваш, ама цицка даваш кога сака. Не може да цица премногу. Може во момент да се прејаде, ама и на пола сат да цица, не значи дека активно ке голта, може сака близина. Другарка доеше 2 месеци со силиконска и после ја тргна, бебето сега си цица без.
До 4 саата. Имаш рамни брадавки ? Ќе те боли одприлика 2 недели, нормално е,никој до сега не те влечел за брадавките ,нежни се, и наеднаш толку шмокање ѓи иритира. Ќе се мачкаш со тоа после секој подој, се додека не сетиш дека веќе не те боли кога ќе фане. Јас првите денови тупотев со нозете од болка. ( Да не сфати некој погрешно..иако бебето правилно цица,брадавките од толку влечење се иритираат, на некои жени од тоа иритирање и не мачкање им пукаат. ) Треба од сабајле, јас го кинам малиот дел, и другото директно во уста го ставам.
Мамички ај некоја да ме посоветува зашто ќе полудам со ова доењево.. бебево е околу 16 недели и од самиот почеток сме само на доење на килажа добро качуваше пред 2 недели бевме на контрола но сега за 16 дена има качено само 150гр(дома ја мерев) а и овие две вечери ми плаче на цице, ќе повлече, се нервира и плаче најверојатно нема а не и достигнува, пробав со пумпица откако цицаше и немаше ни капка па едната вечер и дадов 60мл ад го испи и заспа а синоќа 90мл и пак заспа престана да плаче, денес истото ми го правеше пред 2 саати и испи 100мл ад а претходно и цица. Што да правам? Дали ми е намалено млекото или не и достигнува веќе??
Женски мое бебе е истражувач на мајка, па преку ден кога има околу све и свашта не ми јаде. Пробав во темно, не ја бива. Всушност кога е буден не јаде убаво, само ако заспие на цице гледам дека доаѓа до тоа мрсното млеко, иначе све тоа воденото го пие.. Навечер цица 2 3 пати убаво и после сабајле кога ќе стане 2 3 подои не сака да јаде скоро ич. Педијатар ми рече да укинам ноќни подои, а мојов само тогаш јаде убаво. Не знам дали не ми јаде преку ден заради ноќните подои и ако ги укинам дали ќе почне да јаде, или ќе си продолжи исто па неухранет ќе ми биде. Некоја слично искуство?
Ќе помине болката, ќе се навикнеш. Јас си ја траскав главата од ѕид на почетокот додека цицаше, знаеше крв да ми пушти, ама се мачкав со ланолин и постепено поминува. Издржи. Инаку за ад, да не те демотивирам, ама повеќето мајки што комбинирале завршиле само на ад. Не ме сфаќај погрешно, ако бебе не цица убаво и не му е доволно нормално дека нема гладно да го оставиш, ама треба прво да пробаш и да си самоуверена дека ќе цица, па натака ќе бараш чаре ако не ја бива. Мене ми препорача доктор само навечер пред спиење ако ептен вришти да давам еднаш ад, не давав ич, една недела само го доев упорно и на контрола веќе беше напреднат па се окуражив. Ставај го на града цел ден, тоа ви е работа сега. Во меѓувреме гледај пелени мокри. Дали доењето е успешно не можеш да видиш ако мешаш ад во игра, ќе те збуни. Мојов цицаше по саат ипол на подој, се чудам како издржував, сега 10 минути не можам да се здрвувам. Со среќа.
Не дека ќе ја послушам, барем додека не му воведам 3 оброци, освен сам ако не си ги укине. Инаку ми рече, здрав сон му требало на бебето, да се навикне декс ноќта е за спиење. Демек ќе се навикне да станува, до школо ќе ти се буди. Ние возрасните навечер сме имале потиснат глад бидејќи сонот преовладува. Не е битно тоа, прашањето ми беше дали заради тоа што навечер 3 пати си го дојам убаво не ми јаде преку ден, дали некоја има такво искуство..
Нема врска,ноќе за ноќе ,дење за дење Мислам дека бебето е во фаза кога го открива светот и затоа дење е поинтересно се друго од цицање. Пробај стави некој интересен ѓердан за да не се врти наоколу и би требало да цица. Кај го носиш на педијатар?
Мислам дека нема врска ноќните подои со денските. Мојот има 3 оброци и ужина, па пак навечер станува 2-3 пати за цицање и си цица преку ден без проблем,ж исто 2-3 пати. Пробај на тивко да бидете и кај мене не цица ако има врева од тв или ако збори мм.
Си мислев дека не треба да отстапувам никако од тоа доктор што кажал... Како и да е, решив дека ќе се доиме по цел ден ако треба. И така и почнав, на секое плачење (освен мењање пелена) му давам цице и цица сигурно 1 саат. Ако се најаде и заспие ок, ако плаче уште тогаш му давам дохрана. Мочка многу често и конечно каката му стана таква како сенф, вртеше малку накај зеленикава претходно. И јас го нејкам адаптираното многу грчеви има и многу се мачи. Ама ќе видиме сега до среда на контрола што ќе кажат. Како изгледа тоа масното млеко што го спомнувате? За сфаќање погрешно таман работа, фала ви на сите што се трудите да помогнете јас затоа и прашувам, не за да ме потапшате по рамо
Да, на и во темно го носам, едноставно не сака кога е буден да јаде. Битно навечер нека се најаде, тоа е тоа. @Sofi.ja кај Лилјана Којиќ. Се слушнавме по телефон, ми изнакажа многу работи што теоретски држат вода, ама за мое бебе не. Преку ден на пример, ако не е во раце нема да спие. А ако не е наспан хорор е приквечер. Така да сигурно нема да ја послушам, она нема да ми го смирува бебето. Беше во регресија и не спиеше навечер, па мм ме набуцка да ја прашам за совет. Јас немаше ни да ја прашам, моето бебе си го познавам најубаво, сигурно нема да го оставам да вришти, така заспива само со нишкање, ама за ноќниов подој ме замисли, па реков да прашам..
Во скок е и правиш огромна грешка што даваш ад. Не може да снемаш млеко во 4ти месец туку така. Овој скок мене ми беше најнапорен, гладен а не сака да цица, ке цицне и ке пушти, се е поинтересно од цицка итн. Стисни заби и ке помине. Со ад само ке придонесеш да се намали млекото, спреми се да се бориш со нецицање две недели и ке си се врати на старо. Сите бебиња се истржувачи, сите ја поминуваат таа фаза. Занимавај го со играчки, што е можно пошарени. Ако не си противник на мобилни, пушти му цртани и песнички додека цица.
Женски, вода се дава кај бебињава и ако да од кога? Ние дека само цицаме, мислам имам читано дека не мора но вода ни чај, ама не знам дали сум во право...
Твој избор е. До 6 месеци можеш слободно на ексклузивно доење, можеш вода и чај по малку, нема да се деси ништо и да дадеш и да не. Вода обично кога ке почне да јаде цврста храна.
@MilaSs12 се надевам дека е скок, само овие три пати и имам дадено ад. Сега цицаше и од двете гради но по малку и земав со пумпица не извадив ништо а плаче не знам што да правам. И вчера овој период немав. Ви се случува ли на сите во исти период од денот да немате млеко или ова само кај мене
Вода не да не мора туку не смее до 6 месеци. Му го исполнува стомачето, не е гладно, а не е нутритивна, значи може да му паѓа тежината ако му даваш вода. Млекото е скоро 90 проценти вода, се задоволува и глад и жед само со млеко и во најжешки денови на лето. Чај единствено само ако има проблем со грчеви, посебен чај против грчеви во многу умерена количина. А само за така, никако до 6 месеци не. И светска здравствена организација се против давање вода пред 6 месеци.