Доење

Дискусија во 'Бебе' започната од bibitri, 28 јануари 2010.

  1. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.608
    Пол:
    Женски
    Јас не слабеам. Двата пати од болница се вратив скроз ослабена (овој пат дури и минус 3-4 кила од пред да останам бремена) ама со нервози со доење (да не речам на раб на депресии) се удавив во јадење благо и глупости, и ете така сега си се тркалам.

    ---

    За течење од градите - доцна го дознав ова - хаакаа, многу го испофалија мајки дека го собира целото млеко што тече од другата града, и баш потенцираа дека не се работи за малце млеко, туку за поголема количина. Така си собирале и складирале наместо да молзат.

    https://www.ebay.de/itm/Haakaa-Silicone-Stillen-Manuell-Brustpumpe-100-Essen-Grad-Silikon-15x9cm/143571102288?_trkparms=aid=1110001&algo=SPLICE.SIM&ao=1&asc=20161006002618&meid=6438b99e56734396ba243e2d3506f3c6&pid=100694&rk=3&rkt=28&mehot=none&sd=164210286744&itm=143571102288&pmt=1&noa=1&pg=2386202&_trksid=p2386202.c100694.m4598

    Многу ми е криво што не го открив порано, можев да си соберам наместо да се пумпам и да се замарам.
     
    На dunika, Jana06 и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  2. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.878
    Допаѓања:
    18.745
    Пол:
    Женски
    Јас прв пат гледам нешто вакво. Колку млеко ми течеше, ке сум нахранела тројка. После секој подој менував влошка, често влошката фул и алишта лом. :!:
     
    На Kaetana му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.799
    Пол:
    Женски
    Еј баш ти фала, добра идеја. Имам рачна пумпа може да ја искористам за ова, само ќе тргнам еден мал дел.
     
  4. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.608
    Пол:
    Женски
    Haakaa-та прави вакуум на градата и така седи. Ако можеш да ја приспособиш некако пумпата, супер. Јас пробував и не ми беше згодно. Немав место.
     
    На Jana06 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Dikinzi

    Dikinzi Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2019
    Пораки:
    2.597
    Допаѓања:
    6.161
    Пол:
    Женски
    Не сум го знаела ова, и баш е супер, мене п. сестра ми викаше ако можеш собирај го во шише или шолче, нека ти поддаде некој, и викам маж ми е на работа, плус сондругото дете сум дома. Е ми вели, тогаш другото нека ти донесе , аха викам година и пол е :D сигурно ќе донесе :rofl:
     
    На dunika, Kaetana, lovely12 и 2 други им се допаѓа ова.
  6. lovely12

    lovely12 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2012
    Пораки:
    838
    Допаѓања:
    1.099
    Пол:
    Женски
    И јас се растеков ептен... ако не цица 2ч... веќе 3ч течат двете како чешма да сум пуштила. А денес додека го доев пробав со капаче од шише, малку поголемко шише и капачето е широко и некако успешно се наполни пола.
     
    На Dikinzi му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Mami3

    Mami3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2020
    Пораки:
    1.669
    Допаѓања:
    2.815
    Пол:
    Женски
    Bevme denes za vakcina i bebe e 6800,super napreduva,1kg na mesec...zasega presrekna summ!
     
    На eta, Kaetana и Dikinzi им се допаѓа ова.
  8. Dikinzi

    Dikinzi Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2019
    Пораки:
    2.597
    Допаѓања:
    6.161
    Пол:
    Женски
    Што му правиш на тоа млекце ? Го пиеш ?
     
  9. srce-9

    srce-9 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2012
    Пораки:
    831
    Допаѓања:
    1.268
    Пол:
    Женски
    Бебево се смири малку од носење нон стоп во раце но од вчера упорно го цица рачето цело време. И давам да цица но ќе цица некое време и пушта потоа пак цица раче дури се слуша силно цмок цмок како да е гладна и нудам пак но несака.
    Ја ставаше раката во уста но не ја цицаше. Градите ми се многу меки издишани некако. Синоќа мислам дека ги испразни и двете. Денска гледам има млеко не да нема но можно ли е да не и е доволно а јас да мислам дека имам млеко?
    Кога стиснам потекува млеко но не во млаз.
    Инаку вчера полневме 2 месеци, мислам дека има втор скок?
     
  10. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.608
    Пол:
    Женски
    Како напредува? Колку пелени има полни?
    Само тоа е знак дека бебето е ок. Сѐ друго е ирелевантно. Градите мора да се меки и издишани, а ако не се такви, значи дека лактацијата не е средена, и постои голем ризик од маститис.
     
    На Dikinzi и srce-9 им се допаѓа ова.
  11. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.608
    Пол:
    Женски
    За сите бремени жени, жени кои само што се породиле, како и за сите останати кои сакаат да читнат повеќе за доењето, се надворзувам на постот што го напишав со корисни сајтови и податоци кои верувам ќе ви се од голема помош.

    https://ibconline.ca/

    http://www.nancymohrbacher.com/

    https://kellymom.com/

    https://themilkmeg.com/

    https://www.llli.org/


    На било кој сајт од овие да расчепкате, ќе добиете одлични податоци за сите прашања кои ве мачат.


    Е сега, се надворзувам и на прашањето околу тоа како да воспоставите добра лактација, и да си ги одговорите сите прашања кои бескрајно многу нѐ мачат сите нас на почетокот на доењето.

    Цел свет, целата стручна фела се согласува дека еден од важните фактори за доењето претставува контакт со бебето веднаш после раѓање. На жалост, тоа во Македонија не е баш изводливо (навистина не знам од кои причини), НО, на ваше место, каде и да се пораѓам, би прашала дали е можно да ми го дадат бебето кога ќе се роди, да го стават на мене, да не брзаат со мерење и миење, едноставно да нѐ остават да се гушкаме, и бебето да го направи првиот контакт со градата, кој во принцип се случува многу спонтано после раѓањето кога е ставено во прегратки кај мајката. Контактот кожа на кожа после раѓањето го смирува бебето, му го регулира шеќерот во крвта, помага да се лачи окситоцин кај мајката, помага да најдојде млекото кај мајката побрзо, ја регулира телесната температура на бебето многу подобро од било каков друг вид на терморегулација... Кога мајката од било кои причини не е во состојба да биде во контакт со бебето, бебето се дава на таткото. Не знам дали ова вака ќе остане во МК, бебињата да се разделени од мајките, и до кога ќе се девалвира присуството на татковците на чинот на породување како неважно, но, ако вие како мајки и трудници не почнете да го поставувате ова прашање, веројатно никогаш нема да се смени.

    https://www.canadianbreastfeedingfoundation.org/basics/skin_to_skinb.shtml

    Сепак, ајде да видиме према нашите услови како може да се изведе ова поврзување. Значи, побарајте да го имате бебето најбрзо што можете во болница. Побарајте да ви биде ставено на града. Побарајте помош од персоналот со фатот на бебето на градата. Пробајте да инсистирате да не ви даваат шишиња, пумпи, силиконски брадавици, туку инсистирајте да работат со вас да фати бебето како што треба.
    НИВНА ОБВРСКА е да ви помогнат. Проблемот е што не сите се стручни да го направат тоа. За среќа, во МК има и доста добри лактациски консултанти како и IBCLC кои верувам ќе сакаат да ви помогнат и да видат што е проблемот доколку имате таков.

    Се враќаме во болница. Доколку можете, бебето нека биде цело време со вас. Верувајте, два или три дена во болница нема да ви бидат воопшто никаков одмор без бебето. Креветите се неудобни, вам сѐ ќе ве боли од породувањето... и тој сон што демек би го добиле тоа кратко време во болница нема да ви биде доволен кога ќе се вратите дома со хаосот што ќе ве чека со бебето. По цена на тој сон, најдобро е да сте цело време со бебето, да инсистирате да ги вршите обврските околу истото (пелени, доење) во рамките на вашиот капацитет (зависи нели од состојбата во која сте). Но, таа самодоверба која ќе ја добиете во болница додека сте „под надзор“ дека сѐ што правите е во ред, и те како игра улога кога ќе дојдете дома со бебето. Делува на тоа да сте смирени, да сте одморени... особено пак, доколку во болница сте инсистирале бебето да е само на доење, и се востанови дека почнало да качува килажа пред да заминете дома. Но, за да ви надојде „доволно“ млеко, мора да има и повеќе од „доволна“ стимулација на градите.

    Првото млеко, наречено колострум, го имаме сите затоа што се формира во текот на бременоста околу 16 или 17 недела. Така да, нема мајка која нема колострум. А тој и те како му е доволен на бебето во првиот ден, два од неговиот живот. НО, она што треба да го правите во првиот ден, два од неговиот живот е бебето да ви е на града речиси нон стоп и да влече и да стимулира. Колку поголема стимулација имате, толку побрзо ќе ви најдојде млекото.

    За тоа колку млеко имате и дали му е доволно на бебето. НИКОЈ не знае колку млеко имате, но дали му е доволно на бебето, ќе покажат пелените а потоа и напредокот.

    https://themilkmeg.com/how-to-monitor-your-babys-growth-wellbeing-and-breastfeeding-in-isolation/

    Реперот е 5/6 мочани пелени во текот на 24 часа, како и 3/4 какани пелени. Следете ја и бојата на столицата на бебето. И таа ќе ви каже што е и како е.

    Колку гради од подој? Колку сака бебето. Ако сака една, ја заврши и не сака веќе, тогаш една. Ако бара уште а не ја сака истата града, тогаш понудете ја другата. Ако инсистирате на една града, и наметнувате т.н. block feeding а имате хиполактација, проблем е дека постои ризик уште толку да се намали млекото кај мајката! Не грижете се за водлесто и мрсно млеко. Еве што викаат експертите за тоа:

    https://themilkmeg.com/do-i-really-have-to-worry-about-foremilk-and-hindmilk/

    http://www.nancymohrbacher.com/articles/2010/6/27/worries-about-foremilk-and-hindmilk.html

    Најважно е да пробате да сте одморени, добро хидрирани, да јадете добра и разновидна храна, и да имате што порано а и што повеќе контакт со бебето кожа на кожа, особено во првиот месец и пол додека лактацијата се воспоставува кај мајката.


    Околу чаеви, пред породување не се потребни, бидејќи сите чаеви функционираат на пат на зголемена активност на жлездите, што значи го потпомагаат лачењето на млекото до жлездите, но за да има млеко во жлездите, одговорен е пролактинот, кој нема врска со чајот, а има огромна врска со стимулацијата на градите од страна на бебето. Градите не се одржуваат никако посебно. Најважно е да НЕ се тријат со фротирка (како што имав некаде прочитано како совет)!

    Бебето се дои строго на барање. Не се гледа на саат никако. Ако бара на 30 минути и од тие 30, 15 цица, ок. Како сака тоа. Сѐ е ок. Има бебиња цицаат поинтензивно, има бебиња цицаат на поголеми растојанија. Она што се препорачува е во првите 6 недели да се дои на барање на бебето, но не подоцна од 2.5 часа. И се препорачува да се дои и навечер, дури и бебето ако спие. Сѐ со цел да се среди лактацијата кај мајката и да се воспостави успешно доење. НО, сето тоа секако ќе зависи и од мајката и бебето.

    За крај на постов, кој се прашувам дали воопшто некој ќе го прочита :) би ви пратила супер линкови од разговори со Dr. Newman, кој одлично објаснува многу дилеми околи доењето.

    https://www.youtube.com/channel/UCbOXIaIqeY-hGYKrZRIXL5g

    А и кај него на сајтот има многу видеа каде што е објаснето дали бебето цица, дали бебето само „дреме“ на града и како да му помогнете ако е тоа така.

    https://ibconline.ca/breastfeeding-videos-english/

    Доста е од мене. :)
     
    На Annath, Thallia, Panovic и 22 други им се допаѓа ова.
  12. srce-9

    srce-9 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2012
    Пораки:
    831
    Допаѓања:
    1.268
    Пол:
    Женски
    На контрола сме следниов понеделник, тогаш ќе видиме каоо сме со мерките.
    Инску има мочкани пелени а немаше какано од вчера попладне до утрово кога имаше какано зелено а потоа уште еднаш какаше жолто.
    Би требало лактацијата е воспоставена но некогаш ептен ги осеќам празни а некогаш капе од нив.... инаку ми помина и циклусот кој го имав добиено деновиве
     
  13. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.618
    Допаѓања:
    35.539
    Пол:
    Женски
    @Kaetana После тие 6 недели дали има шанси да се добие повеќе млеко? Или што успееш да направиш првите шест недели, тоа е.
     
  14. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.608
    Пол:
    Женски
    Секако дека има шанси. Многу почести стимулации, power pumping / feeding и други техники помагаат околу количината. Но треба време, упорност. Има некоја зависност и од староста на бебето, но не во првите месеци од животот на бебето. Ова зборувам за пролактинот.. исто важен фактор е и окситоцинот, кој е одговорен за излачување на млекото од градите њ со тоа и празнење и испраќање сигнал дека треба да се наполнат пак. Затоа релаксација, одмореност и поврзување со бебето се огромен фактор во доењето и количината на млеко.
     
    На Среќичка, dunika, Dikinzi и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.462
    Допаѓања:
    183.582
    Пол:
    Женски
    Оли, млекото се создава според побарувачката.
    За некој ден моја бебла ќе праи 10 месеци. Последно кога беше 8 мес. значи на периоди кога се буди ноќе често и цица, градите се стимулираат дополнително да произведат спрема потребата на бебето. Последно во 8ми месец имаше таков период кога градиве пак ми пукаа од млеко, цели тврди и преполни оти стануваше често. И плус денски нон стоп е на града сеуште. Во случај да сакаш да доиш ти го пишувам ова, секое шише ад го зголемува ризикот од намалување на млекото оти тоа е стимул на градата помалку за лачење на истото.

    И кожа на кожа, голи. Сега и топло е тамам. Остаиго го по пеленка извади маичка и галете се. Нема подобар стимул од тоа.
     
    На 0ли, dunika, koritsaki и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Dikinzi

    Dikinzi Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2019
    Пораки:
    2.597
    Допаѓања:
    6.161
    Пол:
    Женски
    Те прочитав, се што мислев,мислам и ќе мислам..само што не можам до толку да се изразам како тебе..алал да ми ти е :clap: :hug:
     
    На Kaetana му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Bilbilce

    Bilbilce Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2010
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    225
    Пол:
    Женски
    Денес бевме на контрола на педијатар и др ми ги препорача капсулите лактил за повеќе млеко за да можам да ја исфрлам дохраната од ад млеко и да бидеме само на доење. Некоја од вас искуство имала ли со таблетиве како се пијат и дали помагаат за повеќе млеко
     
    На Presrekna му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Presrekna

    Presrekna Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2019
    Пораки:
    2.195
    Допаѓања:
    12.939
    Пол:
    Женски
    Јас сеуште ги пијам. Бебе ближи 10 месеци. Задоволна сум бидејќи ги прекинав некое време и ми се намали млекото. Исто и чај за доилки пијам.

    Никогаш не ми протекло така млеко како чешма, нити капка од добро стоење освен кога слегува млекото неколку капки од другата града. А од друга страна прележувањето 3 мастите. Ама пуста желба за доење ме направи челично упорна и сеуште цица бебуш.
    @Kaetana секоја чест за постовите
     
    На Kaetana, Mami3 и Bilbilce им се допаѓа ова.
  19. Bilbilce

    Bilbilce Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2010
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    225
    Пол:
    Женски
    Да и јас ќе пијам во комбинација со чај за доилки. И мене ми е најголема желба да го тргнам ад млеко и да си бидеме само на доење и затоа се што ќе слушнам и што ќе ми кажат правам само за млеко да имам
     
    На Presrekna му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Presrekna

    Presrekna Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2019
    Пораки:
    2.195
    Допаѓања:
    12.939
    Пол:
    Женски
    Гледам бебето ти е малечко а убаво напредува. 500 гр за недела е повеќе од Супер. Моето најмногу од вториот до третиот месец 900 грама стави и др секогаш ми велеше Супер е.
    И јас на почеток 1-2 месеци давав АД еднаш во денот и поретко почнав да го давам па го отфрлив. Потоа до 6 месеци беше на ексклузивно доење.
    Пробај помалку и поретко АД да даваш. И да знаеш секое плачење, будење и ќемчење на таа воздраст не е од глад. Бебето бара близина, топлина, сигурност.
    Моево се го интересира сега наоколу, лази, се исправува И пак има периоди во денот кога плаче за мене се мази и гали, бара града кога за млеко кога за игра.
     
    На rainbowmama и Bilbilce им се допаѓа ова.