Додуша и долг е, се роди 55см. А му давав 5-6пати чај околу 20мл божем за грчеви, многу напнуваше неможеше да кака. А друго ништо. Машала да се здрави и живи ќе бидат
Напиши горе на пребарувачот блистери и пребарај ги моите мислења во темата, мислам ќе ти помогнат. Твоево укажува на запушени канали.
Никакви чаеви, води или било што. Бебе што цица треба да цица. И нека си напредува дури и "повеќе". Уживајте си мајки во доењето, нема гојазни деца од доење - доењето штити од гојазност и дијабет.
Мајки малово кога цица, не секогаш ама во најголем дел од случаите ептен е размрдано, значи прво се бориме додека фати брадавица (претка цело, со устата како да си игра прво фати-пушти, се турка со рачињата, мава и се нервира) потоа ептен лакомо тегне а истовремено прета со ножиња, се измрдува цело, ќе фати со едната рака позади ме гали со другата однапред ја штипе и тегне градата, едвај го додржувам... можеби тешко му истекува млеко или што е работата што така прави (ова од старт е вака)
@lavinija28 @lovely12 Бебушките ви се супер со оглед на родилната тежина...Моево се роди 3.280 не пуштија со 3..сега на 2.5 месеци е 5.500..Вашите се родени поголеми и нормално дека ќе бидат над 6 кг и тоа не е за секирации туку супер си напредуваат..
И кај мене иста ситуација... кога малку ќе поцица ќе убие глад па се смее. А за мрдање веќе никако да се смири. Се бркаме со цицкат
@WonderGuurl и мојата така прави. Ќе цицне малку па се трга, па пак се доближува па се врти, ќе плукне, ќе фаќа со раце, се смешка, прета со нозе, мислам дека се играат ...
@Butterfly1107 @lovely12 @srce-9 еве исто, мислам кога го земам за цицање веќе разбира што следува, па почнува така да врти со главата, се клати напред назад, ја брка брадавицата со устето некогаш цица смирено, ама почесто целиот размрдан, прета со раце и нозе
А јас пак сум се исплашила дека ми се губи млекото оти ми се меки градите. Неколку вечери малата стануваше за цицање само насабајле и градите беа преполни тешки и капеше млеко, а сега станува кај 3ипол 4 па сабајле кај 7 или 8 И немам проблем никаков. Значи треба да се меки, се исплашив дека немам млеко. Денеска ја мереа имаме 2 месеци и 20 дена тежи 5900 А долга 60 цм мислам дека е супер? Сакам од тебе да слушнам мислење каетана. Само на ексклузивно цицање сме . И сакам да ве прашам како давате д3? Со к1 или омега? Рече др.ката да и давам д3 со омега и плус една капка д3 заради главчето тоа што е меко горе. И реков дека уште имам д3 со к1 да ги дотрошам ќе почнам со омега.
Здраво мајки може ли да ми кажете кои витамини ги пиете додека доите? Јас до сега само б- комлекс, конкретно ме интересира дали можам цинк и селен да пијам? Овие витамини си ги пиев и пред бременоста, а бебуш има 9 месеци и уште ексклузивно си цицаме
Јас пијам цинк редовно, пиев и цела бременост и сега додека дојам. Инаку пијам фембион 2, 2 апчиња б6, цинк 10мг и ц витамин 1000.
Здраво мајки, скоро 6 недела ќе почнеме со бебе и досега кога цица т. С ако му дојди повеќе млеко се закашла океј го исправам поминува.. Но сега овие денови почна да се закашлува и додека спие а спие настрана.. Дури страв ме фаќа од што може да ми се закашлува .. Некој со искуство?
И моето се закашлува деновиве, навечер го покривам ама нејќе, сам се открива со нозете. Оставаме прозор на кип во дневна затоа што е многу жешко.и јас се плашам, ама ретко се закашлува и нема други знаци така да ќе почекам до следен преглед.
Девојки јас ако имам едно веќе родено со ваква мака не сум се соочила, си цицаше профи, проблем никаков сум немала... Имено второво (утре си одиме од болница) еве откако се роди (утре петти ден) си фаќа циц , ама отпрва дека цезареа немав млеко, само малку колострум, сега има млеко, ама слабо ми е уште, минатиот пат ми пукаа градите на 4ти ден, сега ми се меки, а да ги стиснам прскаат... Ај кај млеко не ми е асално надојдено, ги молам во болница по малку ад да му даваат, не сакам да ми седи гладен, па го приметувам дека се случува да ми заспие на града што и да правам не се буди, а а го тргнам одма ја бара и го приметувам како цуцла си игра, не влече секогаш. И а е многу гладен нема шанса да фати града, ја брка лакомо, ама не затвара уста, не ја фаќа туку почнува да плаче до тресење на вилица и останување без здив. Го приметувам дека има со мешето проблеми, најверојатно со цревцата уште му се навикнуваат, ама ептен се нервирам што не сака да фати да цица колку има толку, туку вришти додека не му дадат ад ... Ве молам хелп, стварно не сакам да си идам дома и да мора формула да купувам, сакам ептен мн ексклузивно да го дојам.