Цице слатко. Ќе му поминат. Тоа било само една епизода, се надевам нема да се повтори. А искака после тоа?
Од сабајле 2 пати се искака убаво, забележав имаше многу такви бели низ каката како несварено млекце. Може се прејадува? И вчера пред да почне да плаче се имаше искакано затоа бев сигурна дека не е поврзано со грчеви ама ете. @Chuchanov Ќе успееш да готвиш, како нема. Само добра организација. Јас цело време барем ручекот си го готвев, за доручек и вечера нешто готово. Најголемиот дел печено ми е за да не морам да стојам до шпорет. Од сабајле ќе си почнеш со припрема со лупење, сецкање зависи што правиш. Е сега, на рати е готвењето ама битно убаво да си јадеш.
Ооо златооо малечко, душичка, какви се срценца кога плачат, а не знаеш што им е, ти доаѓа да се убиеш Јас пак сега на сликата кога видов црвенилото викам нем да му е алергија од некоја храна што си јадела? На цицање е само нели? Ама после те прочитав се повлекло.....не знам, следи да видиш како ќе се одвива и плачот и црвенилото. Со помин нека е само. Ќе мине. Се поминало па и ова
Мојот синко е лаком. Кога ќе претера со цицање бљуцнува. Еве го сега спие во количката, а јас правам ручек и да ѕирнам што има овде. Убав ден на сите.
Правам пилешка супа и пилешко со ориз или компири, макарони со сирење и павлака, варени јајца, кајмак, ајвар, жолта боранија. Сега засега тоа, бидејќи ретко стигнувам да направам.
Свинско печено, супа од зеленчук, ориз со пилеско или компир, супа од тиквички, зеленчук печен, макарони, печени пиперки... @Jana06 да успевам да зготвам додека спие во релна е најлесно, обично за 2 дена правам пошто сум сама
Немам сеуште млеко, а градите ми се стврднаја исто и колострум почна по малку да имам.. Прашањето ми е ако почнам да употребувам пумпа за измолзување ќе надојди побрзо или нема врска тоа?
Бебе почесто ќе го ставаш на града да цица и ќе се регулира,немаш потреба од пумпа сега за сега .Како бебе ќе цица така ќе се среди лактацијата.
@Jana06 Мене црвенилото не ми личи од напор.Во иднина при таква ситуација дете да плаче од непознати причини, раслекувај одма. Го имам видено тоа од внуката и стојам на мислење дека може да било ситно бубаче кое никогаш нема да го пронајдеш, штипнало, го здоболе, му помина, ништо немаше на болница, после излезе црвенило и се повлече. Нема шанса да поцрвени од напор баш на стомак, тие напор чувствуваат кај газето долу.
Кога му го видов веќе беше смирен и го соблеков скроз, менував пелена и боди, па си полежа малку гол. После го облеков и заспа. На спиење го проверив и немаше. Ни докторката денеска не знаеше да ми каже со сигурност од што му е.
На колку време го доите бебето и како со ноќен подој, тешко се расонува бебе грев ми е да го разбудам. Дали замрзнувате измолзено млеко и дали го мешате денешно со вчерашно пример?
Како беше страната за проверка на ризик од пиење антибиотик при доење? Треба да пијам цитерал, дали да се одмолзувам пред да цица или 3,4 саати по пиење на апчето да не цица бебето? @Kaetana help
@Sofi.ja да не се редактирам, 2 псти редактирав. Слободно можеш да доиш со антибиотикот што го пиеш, безбеден е при доење. Со помин нека е.
Девојки чај од анасон ми препорача докторка за јас да пијам, на бебе мирно меше, млеко за мене топ да ми иде, нема по аптекиве, да барам ли во билна?