На два месеци ти кажува дека има 5500, а се роди 2840? Иако такво мерење не е баш релевантно, но еве и 5000 да е, мислам дека е супер за два месеци. Кога сте на контрола?
Па требаше да се вакц денес , ама докторлата е на одмор и ќе чекаме да ни се јават и сскав денес н едно одење..
Нека кажат поискусните, но јас мислам дека бебето не ти е гладно. Убаво си цица, активно? Дали го слушаш да голта додека цица? Држи го после цицање да ждригне за да му олесни, можеби му се спие, го мачи мешето и сл. Ако качило 2 кг за два месеци, супер е со цицањето.
Навистина не знам, мене така ми рече педијатарот. И имам млеко, дали од тоа што малечкава нон стоп цица, дали од ова што го пишав, којзнае. Пијам и лакта микс од време на време и сок од јаболко. Мене дури и чудно ми падна, што педијатар наместо да препорача чај тој алва и млеко ми вели.
Дефинитивно од тоа што цица активно има ли подобра стимулација од тоа , уживај у моментите пиј си чај сок убави се и топ сте нашиве педијатри се уникат со нивните совети на моменти
Голта да го слушам и го кревам секлгаш да ждригни.. Дај боже да е тамм да не е гладно и д се лигави само така, дај боже
Јас млеко не пијам од бебе, млечни работи исто не конзумирам, ептен ретко кашкавал пример во тост ако јадам, не сум имала проблеми со калциум до сега и плус дојам и имам млеко и повеќе од доволно. Вода само пиј и немај гајле, мене од ништо друго не ми надојде повеќе млеко туку вода по 2-3 литри дневно и супер сме до сега, само на цицање
Од алвата е, таан е тоа, а таанот се препорачува за зголемување на лсктација. Од млекото не е сигурно
Штом си имаш млеко, си цица, качува килажа супер, не ти треба вештачко да му даваш да се прејадува и да му се гади.
Од оваа комбинација ми надоаѓа многу млеко. Какаото од Европа е најубаво(свеки имаше свислион земено, па терав со ова) и исто боље е оризово млеко.
Здраво мамички, Дојдов на темата да си се изжалам,многу ми е тешко овие неколку дена. Машково почна да ме зеза со цицање три ипол месеци ми биднаа бебињава. Женскава редовно си цица и си пие дохрана а него секое нудење на града е со вриштење и хистерија а флашичката со ад ја прифаќа. Ја не се откажувам упорно му нудам града ама изгледа безуспешно. Некој совет ,на некоја вака да и се случило. На контрола ќе ги носам за две недели
И кај мене е така. Или ја лиже градата или се трга од неа не сака да цица. АД пие, и измолзено од шише пие. Секој ден и нудам да цица но без успешно Денес полниме 1 недела..
Кравите не пијат млеко а продуцираат млеко. Ниту пак било кои други цицачи на светов. Која е логиката да пиеме туѓо млеко за да произведеме ние млеко? Млечните жлезди се - жлезди и лачат млеко. Како и сите жлезди кои лачат течности - ни требаат течности за да лачиме течности. А најдобра течност е.... (wait for it)... водата! Така да.. останете хидрирани (да има што да се лачи). Бидете одмореними јадете убава разновидна храна богата со витамини и минерали (да бидат хормоните во баланс). Бидете опуштени (да може да "излезе" млекото од жлездите). Тоа е тоа. Сите работи што се "препорачуваат" за млеко (галактогоги во чаеви - анасон, фенугрик) имаат функција да ја аугментираат (зголемат) секрецијата на течности. Тие не ја зголемуваат количината на млекото сами по себе. Туку со зголемена секреција "тече" нешто повеќе (значи не кај сите мајки и не се по дифолт обавезни за успешно доење) па бебето е позаинтересирано за доење - влече повеќе а со тоа и стимулира повеќе. НО, без стимулација од бебето на гради - ништо. Јадете што сакате, џабе е. Значи - бебето е магијата. Бебето и неговото цицање. Сѐ друго е неважно. Џабе ви се чаеви ако инсистирате на една града на доење а не бива. Џабе ви се апчиња ако гледате на саат кога доите. Џабе ви се млека, алви, сокови ако кога бара бебето да цица вие му давате цуцла. ^ ова се ситуации кои можеби би го загрозиле доењето - но не мора да значи. А вие што се жалите за бебиња дека не сакаат на града - тоа е затоа што се навикнуваат на шише. Бидејќи ги дохранувате со шише, наместо директ на града. Со шишето го одвикнувате бебето од градата, фатот на цицање му се менува (станува поплиток), се навикнува на побрзо течење од шише, и после не сака на града. Пак ќе речам, не сите бебиња - сигурно ве има многу кои доите и комбинирано давате шише. Ама некои од вас нема да ја имаат таа среќа. Па на секое бунење сѐ повеќе ќе се дава шише а помалку града додека бебето не е 100% на шише. А многу е лесно да се дава директ на града. Само треба некој да ве одвикне од купување на шишиња уште додека сте трудни и ги харате продавниците по цуцли што биле исти како цицка. Сѐ се може, само треба малку да се сменат начините на кои сме навикнати. Ама навиката е страшна работа. И најтешко е да се смени. Знам. Особено кога педијатрите не ви се од помош.
Ќе ви ги пишам тука, а ќе се цитирам и кај трудниците. Чисто кој има време, нека седне, нека симне од Торент и нека изгледа: Документарци за доењето: The Milky Way - документарец за доењето како тематика. Толку емотивен, толку прекрасно и реално прикажан, за сите борби после породувањето, борби со себе, борби со системот, реалноста vs. недостатокот од едукација и стручна поддршка. Со солзи во очите го изгледав. Untying Breastfeeding https://www.nourishandnurture.in/ub_trailer.html Документарец повторно за доењето но овој пат за ефектот од анкилоглосија (подврзан јазик) врз доењето. Многу емотивен и отвора скроз нови видици во ова поле. И еве ви гратис за бебиња: тогаш беа 6 епизоди, стигнаа на Нетфликс и дел два со уште 6 епизоди мислам. Babies - страшно интересна документарна серија во 6 епизоди, која го следи развојот на бебињата од самото раѓање. Се зборува за многу испитувања кои се во тек денес и што сѐ ново е откриено, особено во поглед на "свесноста" на бебињата која сметаме дека подоцна се развива, што ве тера да се подзамислите за одредени методи на реакција како родители кои сте ги сметале за "ок"...
Има бебиња што какаат повеќепати на ден, а има и како моето што кака на 3-4 дена. Му даваш некои капки, чаеви или нешто друго? Но пак ќе ти пишам, твоето не е за ад, не крева бебе 2 кг за два месеци ако немаш млеко и е гладно.
Па обично почнуваат да намалуваат со качување иако секое бебе е различно. Еве @Jana06 имаше пишано дека 800 качило на 3 месеци. Моево има 3 и пол месеци и пред некој ден го мерев, па од истиот датум минатиот месец качил 830 гр, а претходно по 1 кг качуваше. Супер ти качува килажа, продолжи да си доиш кога ќе побара, батали ад бидејќи не ти треба, 2 кг за 2 месеци навистина е одлично. После јадење знаат да плачат бидејќи им се спие, не плачат само кога се гладни.
Почнуваат да качуваат помалку со тек на времето (нормално не е правило). Моето качи 700гр третиот месец и беше сосема нормално бидејќи пораснало во должина. Твоето супер напредува само продолжи да го доиш кога и да посака, стварно немаш потреба од ад. Затоа и те прашав во другата тема колку недели е ама не си прочитала. Има период кога одбиваат и града и шише. Трае една недела, косата ќе ти се крева, ќе се нервираш дека е гладно и ќе се врати на старо. Само доење во тишина и затемнета просторија без никакви звуци кои ќе му привлекуваат внимание. Ова многу пати е пишано на форумот. Денеска што ми кажа мајка ми Снаата на нејзина другарка го однела бебето старо една недела на прва контрола и педијатарот стар и забеган рекол доење на 3 саати. Да, да доење на 3 саати! Катастрофа.