Дали со зголемувањето на возраста се зголемува и времето меѓу подоите, или 2 часа е нормала без разлика на возраста?
Детево ми спие од 22ч до 7ипол, не бара цицка, еден месец утре праиме, мислам дека од тоа ми се направи блистерот, запушениот канал. Го будам, му зборам, му нудам цице, абе се врти. Еве го, спие од 21ч, мака нема. Ама за таа сметка пак, денски цица на 2 саата,3 макс. Дали со одмолзување ќе си го решам проблемот да не се запушувам?
И јас ја имав истава дилема, се плашев да не е гладна, но сфатив дека штом мирно спие, весела е и полни пелени, (сега повеќе мочкани, 1-2 какани дневно) веројатно е се во ред. Дури и да биде подолго на града, ефективното цицање трае 10тина минути, после повеќе си игра и се гушка, од што цица. Заборавив да пишам дека бебка моја е два месеци и некој ден
Ах бе, со тоа не смееш да доиш, а повеќето лекови имаат замена компатибилна за доилки. Плус ти имаш млеко, односно колострум, а тоа е се што треба когс бебето ќе се роди првите дена. Плус, хранење со шише.... За ништо ти не си крива, тоа јас плукам по болниците, ова е веќе алармантно како го загрозуваат доењето уште во родилиште Не се грижи и мојот беше хранет од шише ( иако со молзено беше, но шише е шише). Од прв ден откако го ставив на града ( по неколку дена хранење со шише бидејќи беше на кислород) тој веќе шише не доби. Советот е едноставен, само дои, ако треба и на 5 минути. Пиј течности, фати убава позиција за доење, намести го правилно и нека цица. Мало е, ќе цица, ќе заспива и пак ќе бара да цица по кратко време. Навечер ќе бидеш исцрпена, јас го земав до мене на спална за да можам да отспијам. Најважно, не давај шише. Следи дали голта, прави компресии на града, паузите меѓу подои да не бидат подолги од 2 часа. Во почеток додека се воспостави лактација, повремено може да се измолзуваш после подој. За нејаснотии, консултации и поддршка како најважно, може да ми се обратиш во ЛП, ќе те упатам на вистинското место
Не мора да го будиш, само стави го на града и со брадавицата нежно допирај го на устето, ќе си цица иако спие. И мене ми велеа да ја будам ноќе за да не се успива повеќе од 2,5-3часа првиот месец додека се воспостави лактацијата и се мачев со будењето и понервозно не ми било, ама кога почнав да нудам на овој начин навистина ми олесна, беба сита и јас наспана.
Не се откажувај веднаш, скокотни го нежно со прст за устата, чувај ја градата пред него да те почувствува,некогаш ако е цврсто заспано може и да потрае некоја минутка, но барем кај нас ни успевало да цица ноќе на овој начин.
Стана сам, кога он одлучи, се нацица. Дадов без силиконска да цица на таа града кај што е блистерот, не ме болеше за чудо. Добро е, бар не мора да се молзам
Колку е ова така, тоа е чудо едно... Единствена замерка за Ремедика ми е ова, огромен пропуст и грешка прават. Поради тоа речиси два месеци маста ми излезе за да имам млеко, си мислев готово, нема шанси да го дојам и ќе мора да биде целосно на ад. Да напоменам, ништо против немам мајки да си ги хранат со ад, јас едноставно сакав да дојам и затоа решив да сум упорна и за среќа ми успеа. Но таква збунета, прво дете, не знаев каде сум, не ми обрнаа воопшто внимание за доењето. Само ќе ме стиснеа и ќе речеа немаш млеко. Кога почнаа по малку да ми се стврднуваат градите, само ме стисна една сестра и рече рано е. Ништо друго, врска немав што значи тоа. Јас мислев дека така треба. Можеби сум виновна што не знаев како. Но ако некогаш раѓам пак, знам како треба, научив со помош овде на форумов. Секогаш ќе сум им благодарна, еве и јавно да им се заблагодарам на @Kaetana и на @Dikinzi Сега, за моја огромна среќа, малиот си цица и двајцата уживаме во тоа
Кога го носеа за цицање, ќе ми речеа нека цица 10-15 мин и викни нè да го земеме. Ниту претходно ми кажаа дека ќе го дохрануваат ниту кои се опциите за да не му даваат ад. Да ми објаснеше некој, ќе барав да го носат секогаш кога ќе заплаче. Ниту имав болки при доење, силиконски не ми беа потребни, малиот одма фати да шмука како што треба. Немав пречки за да не ми го носат на секое, мислам дека побрзо ќе ми дојдеше млеко ако ми објаснеа. За приватни болници сметам дека треба да му се обрне повеќе внимание на доењето.
Кај мене па обратно, уште првпат кога ми го донесоа се соблеков и го ставив на града и сфатив дека или нема да цица или тешко ќе се научи. Јас мислев одма ќе си фати и ќе почне да цица. Дали заради тоа или така се погодило ептен (според мене) ми се посветија. Може требало и повеќе, не знам што требаше да очекувам ама јас сум среќна за исходот. Веројатно ќе бев незадоволна доколку не цицаше сега.
Супер сте си вие, си цица малото и си имаш ти млеко, брзо ти дојде. Можеби повеќе им се посветуваат на тие кај кои не фаќаат веднаш, не знам. Но знам дека се измачив што психички што физички за да не преминам целосно на ад. Им завидував на форумов кога ќе напишеа дека им тече млеко, преполни гради, а јас со изнакупени влошки за гради стојат неупотребени, малиот трга, а нема доволно, јас со градите надвор постојано и со триста методи за да дојде млеко. И сето тоа многу, многу долго траеше. Но, за среќа, не беше џабе трудот
Знам, јасно ми е. Јас имав читано околу доење ама никаде не пишуваше колку може да биде мачно или јас немав таква замисла. Не ни знаев што да очекувам, како да се справам сама, таму кога ми збореа мислев дека се дрски и плачев нонстоп, уствари само ме учеле и објаснувале. Сакав да се откажам, една сестра ме искара, па и се налутив... Леле кога ќе ми текне сакам да одам да се извинам. Ајде за вторите ќе знаеме подобро
Ние сме веќе 3 месец ама од 2от цица помалку 7 8мин асега некогаш и 5 ндмам време даѓу менам друга града, ам научен е набрзо да цица, не е од тие што треба да сенацица и д седи мирен
Ако осетиш дека се преполнуваш обавезно измолзувај се за да не ти се направи пак грутка. Убаво што спие сега бебе, и моето спиеше како помало повеќе. Сега на 8 месеци уште не спојува повеќе од 3 саати. Едит Јас му бутав во спиење цице, цицаше мојот без да се разбуди и немав потреба често да се молзам.
Замрзни си млекото, мене ми е криво што не го сочував првиот месец бидеќи имав многу а бебе цица малку знаеш, сега пополека пополека ќе му го давав
Ми го ишмука и вториот блистер, ауу ама ко дупка иам сеа во брадавицата. А и така мапраив синоќа, се измолзив и сабајле стана мака 5ипол му го дадов измолзеното и плус цицка и продуживме, до сега. Срамови
Честитки за бебенцето, живо и здраво! Што било, поминало, ајде, без грижи во тој дел. Сега сконцентрирај се на тоа што можеш да направиш за да се средите со доењето. Првите денови се многу важни за тоа што полесно и побрзо да тргне работата! Супер што ти е најдено млекото - сега е важно да видиш со бебето да воспоставите успешно доење. Значи - ова се неколку начела кои треба да ги практикуваш за да ја постигнете целта. Доењето нека е на барање на бебето. Ако од било кои причини не бара често, ти ќе нудиш на максимално растојание од 2-2.5 часа. (се смета од почеток на претходен подој до почеток на следен). А ако бара порано - ќе даваш и порано. Практично - секое негово плачење решавај го со цицка (90% и е решението цицка). Шишиња, цуцли, силиконски брадавици НЕ. Барем не во првиот месец кога бебето треба да се научи да цица на града. Многу контакт кожа на кожа - чуда прави и за мајката и за бебето. Кога цица бебето - внимавај на фатот. Фатот треба да е длабок и да не е симетричен. Ќе ти пратам линк за позиционирање на бебето на града. https://www.lactation-911.com/how-to-asymmetrical-latch/ Дои во положба која тебе ти е комотна. При доење компресии обавезно. Обавезно. Нуди две гради по подој - менувај града само ако бебето даде знаци дека е готово со првата. Понуди на втората - ако сака ок, ако не, повторно ок. Подои траат од 10 до 45 минути... не е несекојдневно да траат долго. И не е чудно ако бара да цица често. И не е чудно ако е поплачливо навечер. Сето ова прави го - и најважно - гледај ги пелените. Тие ќе ти кажат како ви оди доењето. Бебето треба да има 5-6 тешки мочани пелени и 3-4 какани (за искакана пелена се смета пелена која има кака во количина на кругот што би ги направила со палецот и показалецот на раката). И најважно - пристапи без страв, со многу смиреност и гушкање. Многу гушкање. И многу контакт кожа на кожа. Одличен метод. Dream feed. Убаво објаснето. Пробувајте така - чуда прави ова. Ем мирни ноќи. Бебиња "нацицани". Сите среќни и весели... Супер сте си вие, и ти си одлична мајка и жена која стигна далеку земајќи во предвид каков почеток имаше. Ама да не чујам муабет од типот дека си ти виновна. Не, не си. Затоа што не е наше да се информираме за сите работи за да покриеме пропусти на установи кои не си ја вршат работата во целост! Ако е за тоа - иста бев јас. Истата твоја приказна. Истото место. Појма немав за доењето. И фала богу дека очекуваш дека тие би знаеле - затоа што тоа им е работа. Кој друг би знаел - трудницата или болнички персонал и педијатри кои секој ден се среќаваат со минимум 10 нови новороденчиња... И многу се нервирам кога читам дека сестри доаѓаат и ве стискаат и ви кажуваат дека немате млеко... Каде е колострумот кој е претерано важен за вашите бебиња? Зошто се чека да се преполнат градите наместо да се дава бебето на доење за да стимулира што порано надоаѓање на млекото? Башка кога ќе се преполнат градите ризикот од маститис е огромен затоа што бебето на почетокот не може да го отстрани тоа млеко од градите. Да не зборувам дека полни гради ви ги рамнат брадавиците и е потешко бебето да ги фати па ви сервираат силиконски и лажни дијагнози за рамни брадавици... И многу ми е жал што кога зборувам на трудници дека оваа тема е многу важна и дека треба самоедукација заради несоодветна поддршка од страна на стручен персонал - буквално ме гледаат како од Марс падната.. знам дека се преоптеретени со раѓањето на бебето. Знам дека породувањето е чин кој не нѐ остава мирни.. ама жени, породувањето е еден ден. Што потоа? Знам дека е глупаво кога им викам дека и педијатрите не ретко се катастрофа на прашање доење - и знам дека тоа им изгледа егоцентрично и безобразно од моја страна. Ама толку време имам поминато и што сѐ се немам изнагледано... на жалост со право го кажувам тоа. Многу ми е жал што сме оставени сами на себе. Многу ми е жал што овој систем не е тука за нас и нашите бебиња. Ама затоа гледам да сме тука едни за други. Затоа што единствена желба ми е да успееме да ги промениме овие моменти. Нека е и сами. Ама од нас почнува сѐ. Баш ова ми е муабетот! Како што пишала Оли! Нема врска дали сме прв пат мајки или втор, трет... Трудници... Ако запнеме да се бориме за нашите бебиња.. ако одиме на породување "едуцирани" и знаеме што сакаме и што да очекуваме, и почнеме да бараме да не се дава формула, да се дои на барање, да си ги бараме децата во соба со нас на rooming in, да инсистираме контакт кожа на кожа, да одбиваме дохранување со шише.. полека собата за бебиња ќе е празна, дохранувањето со шишиња ќе се намали... нивните навики ќе успееме да ги смениме. Барем за почеток во приватните болници - затоа што жени НИЕ сме нивната клиентела. И ТИЕ се тие што треба да се адаптираат на нашите барања. Ама сето тоа треба да почне од самите од нас. Пример кога уште во бременост ќе се избориме да не купиме шише и цуцла како "реквизити потребни за бебе".