После престанав да ја доам ама пак до 2 се будеше ради болести од градинка. Некогаш повеќе некогаш помалку спиев и така сегасум цела пореметена во спање
Денес точно две недели од раѓање, бевме на контрола кај педијатарката. За 6 дена имаме ставено 210гр. Док. рече дека е ок, да продолжиме со доењето како и до сега, дохраната може и не и треба, јас сакам да не и ја давам и безтоа само по 30 гр. давав еднаш или два пати колку да се залажи.
Секој саат бара да цица и многу е нервозна, викам ајде во 4ти скок сме сабајлето и направив ад кога плачеше не сакаше да пие, пред 20 мин и направив пак 90 мл со сласт си ги испи и цицаше уште 6-7 минути, зарем можно е да е гладна цело време
Му помина малце таа кризата за будење по 100 пати во ноќта на 10м ама пак станува по 2,3,4 пати...зависи кога како Од денес почнав и на работа така да има да се наспијам што да ти кажам За 10 дена годинка,кај и да ќе се поздравиме со цицето
Majki dali e vo red bebus celo vreme da povrakja otkako ke se nacica?? Bebus moj otkako ke se nacica i pokraj toa sto ke zdrigne, pak ke povrati mleko, i toa znae nekogas duri i 3-4pati da povrati mleko za kratko vreme. Bevme na pedijatar duri i kilaza slabo ima nakaceno, 3 nedeli imame inace.
Девојки, јас се придружувам на темава со активно учество, за разлика од тоа до сега што само читав и собирав искуства Породена во понеделникот царски, денес почна млекце Бебе се роди големо и силно и си почна одма силно да влече. Јас воопшто немам брадавки, но со силиконска успешно фати. Едната веднаш се раскрваре, но од двете си има млеко.. и веќе го сфаќам моментот на - цица од едната града, другата тече секако дека моментално се работи за капки само, не за којзнае колку, но сепак има Прочитав преубави совети тука и се надевам на долга дружба
Моево долго време бљуцкаше, ама само бљуцкање, не во млазови. Ако повраќа обилно тогаш можеби има некој проблем. Колку има накачено, педијатар што советуваше?
Одлично напредувала. Јас да не бидам погрешно сфатена, не се мешам и знам колку е тешко со бебе кое често бара да цица, поготово кога имаш две деца, ама тргај ја дохраната. И онака толку мала количина ништо не му менува на напредокот, а самото шише може да направи проблем. За брзо се ќе биде полесно.
За пробиотик искрено не знам што да кажам и правам. Неколку дена не и дадов биогаја користиме бидејќи давав колимил плус за грчеви и во нив пишува дека има и пробиотик,па мислев да не и дојде многу ама бидејќи ги плука нив вчера пак и дадов биогаја само без колимил па мислам дека толку грчеви никогаш немала . Не знам дали е од тоа или некако се поклопува работиве ама размислувам да не и давам веќе...
Здраво мамички, и јас сум тазе во темава Дали знаете или имате искуство кои овошја/зеленчуци доколку ги јадам може да прават грчеви кај бебенцето? Вчера на пример јадев круша и мислам дека од неа доби грчеви малата (има 10 дена) Дали на пример смеам да си правам цеден сок од портокал? Поздрав
Мајки јас сум 33 недела бремена и цело време си ја отварам темава, си читкам и се едуцирам Сакам да ве прашам, пошо читам доста тука имате проблеми на почеток со разранети брадавици, дали да мачкам ланолин уште од сега превентивно? Друго прашање, скоро цела бременост имам на брадавиците како закоравени мали жолти грутчиња, кои не ги чепкам, а знаеле и претходно да ми се прават. Од што е тоа? Треба ли да ги чистам?
Ама па не е дека не сака да цица за да му даваш АД... Да исфрлиш алергени од исхрана? Млеко, јајца, јаткасти евентуално. Имам познаничка малечката исто и е многу слабичка, еден период повраќаше, не спиеше воопшто добро, испадна нетолерантна е на лактоза, јајца. Ама таа не сакаше да се лиши и ѝ дава АД без лактоза на малата. Не знам, можеби и кај вас е нешто слично. Види со твојата исхрана дали ќе има разлика. @Lovebug01 И јас имам такви топчиња, т.е. имав, ми исчезнаа откако почнав да дојам изгледа. Ништо посебно не сум им правела. А превентивно да мачкаш ланолин исто мислам дека нема потреба. @MinnaAnne Не ми се верува од круша грчеви, јас би пробала уште еднаш да се уверам. Би ти рекла да си јадеш сѐ, па ако стварно утврдиш дека нешто предизвикува проблем, престани. Јас јадев ама баш се, и портокали и зелка и грав и луто. Можеби зависи и од бебето.
И јас имам такви топчиња и ми крвареа брадавиците ми пукаа почна уште од 12та недела. Од тогаш и почнав ланолин да мачкам на левата скроз ми се изгубија а на десната имам уште. Ама не сум одговорна не мачкав редовно. Мислам кај мене помогна ланолинот превентивно
Пробај лупи го овошјето, моето немаше грчеви само од банана, инаку скоро од се. Не јадев ништо. Најстрашните грчеви му беа од слива, кајсија и краставица.
Цитрусни овошја не, домата, краставица, праска, кајсија, јаткасти плодови не. Јас јадам печени пиперки, црн патлиџан, тиквичка, банана, јаболка, авокадо, морков се без лушпа, ние имаме грчеви и од чоколадо и кафе
Ако те болат брадавиците мачкај.Раскрварени брадавки значи неправилно местење на бебето. Има убави брошури низ интернет за позиции на доење и како да местиш бебе, па можеш да учиш како правилно да го местиш.Нормално е првите неколку дена болки, ама крв не е нормално треба да ти покаже некој како да го наместиш правилно.Кога ќе ја отвори најмногу устата тогаш ставаш брадавка и дел од алвеолата.Ако осеќаш болка пикаш мало прсте и нежно ја вадиш брадавката,никако не ја влечеш и пробуваш пак.Ќе биде ништо страшно се е тоа природна и нормална работа ќе се научиш Само треба желба и упорностАма е најубаво чувство на свет да гледаш како бебето расте од твоето млекце @Monella супер е прцле ,само напред
Од 6 месеци па сѐ до 10.5 некаде се будеше на 40 минути првите 3 саати, а после на саат време. Кај нас имаше додуша и френотомија, па вежби, па скок, па регресија... Сѐ се тоа фактори кои си го направија своето. Сега направи година, уште имаме подои навечер.. колку - не знам, заедно спиеме, многу сум уморна за да знам. Инаку спијам со цицка надвор па е самопослуга. Ако пак имаш температура и трески и топче, оди на доктор. Супер сте си, не давај. Ич не му ја мисли. На кое и да сакаш бебе дај му адаптирано, во 95% од случаите ќе го испие малтене на екс. Нема врска тоа секогаш со глад. Бебињата не знаат да кажат доста кога нешто им тече без престан. Гледај само на килажата. А тоа што зачестиле подои и твоето и на @Jana06 не е секогаш знак на немање млеко, особено ако имале достапност на града кога сакаат. Памтете - доењето е многу повеќе од млеко. Затоа, потпрете се на пелените и тежината. Видов дека за 3 недели сте ставиле 300 грама. Не е толку страшно ако се земе во предвид дека сте на сам почеток. Пиши ми детално како изгледа секојдневнието ваше - број на подои, колку долго цица, на колку време бара да цица, дали добива шише, цуцла, ... Пелените како се, колку пати мочка а колку кака.. поминав со синчето низ слична ситуација.. па можеби можам да ти дадам некој "ум"... Ако даваш АД давај директ на града со сет. Јади сѐ, не тргај храна освен ако не забележиш нешто. Многу ретко храната на мајката е причинител на нешто. Внимавај од цитруси оти ги поврзуваат со можност за пеленски осип. Но тоа значи - пиј, па ако има мака, тргни ги. Тоа е засушен колострум. Ок е. Не мачкај брадавици, немаш потреба... попречуваш во функцијата - бебето кога ќе се роди од нив се лачи течност која мириса на плодовата вода и помага полесно да ја најде градата.