Доење

Дискусија во 'Бебе' започната од bibitri, 28 јануари 2010.

  1. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.636
    Допаѓања:
    15.784
    И јас имам такви како засушени жолти лушпи на брадавиците
     
    На Ava.84 и Kaetana им се допаѓа ова.
  2. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.608
    Пол:
    Женски
    Нормално е. Колострумот се создава некаде околу 16-17 недела отприлика.
     
    На Chuchanov, azelea, Ava.84 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Emi1995

    Emi1995 Активен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2020
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    @Kaetana Извинете што касно пишам но имавме случај во фамилија и не бев во можност. Уште ми излегува од градите жолто но не го ставам на бебе да цица се плашам да не е расипано то што излегува. На почетокот фаќаше града но многу ми ги разрануваше брадавиците и после 2 часа не бев во можност да го ставам на цице дека ми крвареа и ептен ме болеа. Ставав ланолин ама немаше ефект. Е сега за лактациски сет не сум во можност да купам имам само рачна пумпа. Дали ако го ставам бебе да влече ќе го голтне она жолтото и дали е тоа штетно? Дали да пумпам додека и ако излезе чисто млеко?
     
  4. Bilbilce

    Bilbilce Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2010
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    225
    Пол:
    Женски
    Мајки што смеам да пијам ме боли грло а дојам ????
     
  5. prinstongirl2

    prinstongirl2 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2013
    Пораки:
    1.992
    Допаѓања:
    1.742
    Прополис прашај дали смеес да прскаш.. Додека бев бремена јас користев
     
  6. prinstongirl2

    prinstongirl2 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2013
    Пораки:
    1.992
    Допаѓања:
    1.742
    Мајки кажете наеднаш мн меки градитеми станааа и коа бебе трга повеќе време трга тега тега па после голта и тоа не како што беше тргни голтни тргни голтни... 3 и пол месеци сме еве два три дена душа меки сунгер и како да не течи како треба... Иначе лактација ми се воспостави претходно ими омекнаја а сега се многу меки нз зошто вака нседнаш ми стана
     
    На lavica82 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Dua!

    Dua! Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2020
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    470
    Пол:
    Женски
    Ние сме на ексклузивно доење ,имаме 25 дена и добро напредуваме.Вчера бевме на педијатар и за две недели имаме качено 700гр.Бебе е баш лакомо,ја дојам кога она ќе посака.Кога имаме грчеви маката ни е голема.Ништо не ја смирува освен цице и тоа трае долго,се случува и цел саат да ми е на града (секако не цица активно цело време)но тогаш од што се стега многу ,цврсто цица и ме болат брадавиците.И дека долго цица се прејадува и повраќа.Што да се прави за брадавиците,секој ден болката ми е се понеподнослива;(
     
  8. MinnaAnne

    MinnaAnne Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    343
    Допаѓања:
    778
    Пол:
    Женски
    Мене само Медела кремот за брадавици ми помогна. Поскап е од другите ама стварно помага и немора да се мие пред доење..
     
    На Dua! му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Bilbilce

    Bilbilce Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2010
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    225
    Пол:
    Женски
    Прашав ми рекоа никако прополис додека дојам.....само пантенол но тој долго време го нема.....
     
  10. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.608
    Пол:
    Женски
    Не може да е расипано тоа што ти излегува. Концептот на правење млеко не е баш така едноставен - во секој случај не е тетрапак па е демек " седено" во гради и не чини. Слободно дај на бебето да цица. Доколку се молзиш со рачната пумпа ќе забележиш дека млекото нема да е жолто за многу брзо.

    Многу е важно добро позиционирање на града за да не ти разранува брадавици. Џабе мачкање ако е лош фатот. Пробај како мислиш дека ти е најзгодно, па пиши како оди. Во секој случај, мислам дека ти треба добар план и концепт, кој не можеш нели да го разработиш ако не пробаш. Сетот не мора да го купуваш, можеш да го направиш сама (има многу видеа на youtube - how to make your own supplementary nursing set).

    Најважно е дали бебето фаќа града, дали сака да е на града, и да направиш концепт. И многу трпение.

    Јас би се прснала со спреј иако има алкохол во него. Ако е пиење алкохол ок со доење (а Е ок) тогаш едно спрејче со алкохол ништо нема да направи. Јас се прскав со ангал.

    Ништо не е страшно, сѐ додека не е поткрепено со намален број на мочани пелени и проблем со качување на тежина.

    Кога седи заради грчеви долго на гради, најверојатно се лизга и ја фаќа брадавицата поплитко. Тргај од града и позиционирај повторно. Не дозволувај лош фат на града. Така само ќе ти направи рагади, и ако продолжи џабе ќе ти е мачкање.
     
    На Ava.84 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Ines24

    Ines24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2020
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    130
    Пол:
    Женски
    Мој совет, кога има грчеви не и давај да цица
     
  12. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.608
    Пол:
    Женски
    Зошто?
     
  13. Ines24

    Ines24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2020
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    130
    Пол:
    Женски
    Пошто се раздразливи и ги боли си бараат цице а не се гладни, со самото тоа се прејадуваат, голтаат воздух и си прават уште повеќе гасови.
    Ти кажувам од искуство.
    И јас така а ќе почне да вриска се тегне како за цицање и оп на градата и еднаш од цел ден така снемав млеко го тргнав од градата, со нишање, пеење, гушкање си заспа и од тогаш не го ставам на града ако претходно не поминале барем час и пол од доење
     
  14. Kallias2

    Kallias2 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2019
    Пораки:
    1.677
    Допаѓања:
    3.991
    Јас само што се породив ме фати една кашлица и болка во грло и прскав прополис без алкохол. И во 8 месец од бременоста скроз истото пак и тогаш прскав 2-3 недели сигурно оти не минеше за жива глава.
    Секако во консултација со лекар и со фармацевт и во двата случаи.
    Така да знаеш безбедно е :)
     
    На Kaetana му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.608
    Пол:
    Женски
    Ако тоа функционира кај тебе ок. Но, воопшто не е апликативен совет за сите мајки и бебиња. Природата нѐ направила такви да бараме да цицаме и кога имаме грчеви со некоја цел. Прв грешен пристап во целата работа е дека сметаме дека грчеви имаат затоа што голтаат воздух. Бебињата ако се прејадуваат после тоа си бљуцкаат. Ако голтнат воздух го ждригаат или го прднуваат. Ако голтаат многу воздух можеби треба да се провери дали е во ред фатот на града.

    Во секој случај, доење со гледање на време може да е буквално погубно за лактацијата кај мајката. Затоа што ретко кога со сигурност знаеме дали бебето цица од глад, жед, утеха, грчеви. Тоа го знае само бебето. И дури и мајката да мисли дека бебето цицало пред 30 минути, никој не знае колку млеко добило. Така да такво уоброчување е контра совет.

    Патем, како што реков - природата нѐ направила такви да бараме да цицаме со причина. Во млекото има цел микробиом од пробиотици и пребиотици кои го помагаат зреењето на цревата и оформување на микрофлората, така да доењето е РЕШЕНИЕ а не е причина за грчеви кај бебињата.
     
    На SkarletOHara, Monella, dunika и 14 други им се допаѓа ова.
  16. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.899
    Допаѓања:
    34.104
    Пол:
    Женски
    Идни мамички и мамички еве како треба бебето правилно да се намести.
    Сликите ми се превземени од соба за доење на Др.Јулија која не е активна од 2016 година.
    Screenshot_20201004-165145_Office.jpg Screenshot_20201004-165153_Office.jpg Screenshot_20201004-165201_Office.jpg
     
    На SkarletOHara, mentalist.mk, Kaetana и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Izzy_0504

    Izzy_0504 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2020
    Пораки:
    1.537
    Допаѓања:
    4.289
    Пол:
    Женски
    Девојки, ве молам за мислење..
    Породена сум со царски во понеделникот. Во болница го стававме бебе на града и веднаш фати да цица. Четвртиот ден почна да ми надоаѓа млеко, а во петокот почнав да осеќам стврднување на градите.

    Во петокот нѐ пуштија дома со препорака за ад на 6 саати, а во меѓувреме да се дава да цица на барање на бебе.
    Купив ад и отидов дома.. градите топли и тврди.. бебе си цица лакомо, не се трга и нервира, претпоставував има млеко...
    После истуширање и масирање на градите под жежок туш се измолзев.. измолзев 150 мл од двете гради - малку повеќе од едната која беше потврда и поболна.
    На оваа количина на млеко, решив да не го послушам советот од педијатар и не дадов ад.. го дадов молзеното на два пати (вториот пат прво цицаше).

    Од тогаш си цица на 2,5-3 саати, еден подој од едната града, следен од другата. Си цица по 25-35 мин (го будам), си полни пеленки убаво, спие убаво..

    Ве молам за мислење и совет - во четврток ни е контрола, дали да си продолжам до тогаш вака? Немам дома услови да го измерам за да видам овие два дена дали нешто качил..
     
    На Kaetana, Kitten, 0ли и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Mila_Skopje

    Mila_Skopje Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2019
    Пораки:
    1.414
    Допаѓања:
    2.643
    Пол:
    Женски
    Апсолутно да؛ Буди го ако не станува само или ако има золтица најмногу на 3часа؛ Ќе го измееи педијатарот и ќе ти казе ама чим полните пелени правилно правиш и не ти треба ад
     
    На Kaetana и Jana06 им се допаѓа ова.
  19. K.Mari4ka

    K.Mari4ka Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    1.457
    Допаѓања:
    1.559
    Пол:
    Женски
    Немаш потреба да даваш ад ако си цица како што кажуваш, продолжи си така, за да знаеш дали качува ќе гледаш дали полни пелени на 2-3 саати мислам треба да му биде полна.
    Нека кажат сепак поискусните
     
  20. Izzy_0504

    Izzy_0504 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2020
    Пораки:
    1.537
    Допаѓања:
    4.289
    Пол:
    Женски
    Да, не станува сам, ама мал е уште и уште има жолтичка... го будам за 2,5 саати и додека го пресоблакам и го расонувам, таман му иде за цицање.
    Си полни пеленки, 3-4 пати на ден кака, секоја пеленка му е мочкана. По тоа сметам дека му е доволно млекцето :)
    Фала ви Мила и @K.Mari4ka
     
    На Kaetana, Butterfly1107, Jana06 и 1 друга личност им се допаѓа ова.