Исти сме Некогаш уште ја немам залепено пелената а таа веќе ја полни Не се сеќавам, до кога беа каките вака чести?
Да да исто навечер е посебно тешко ама па немозеш да ја остаиш во каки؛ истите маки значи сите ги терамеб
Мајки Дали некоја од вас пое тотхема? Ме интересира како ја земате. Аптекаркава вика 2ч пред доење. Мене ми препишаа 1xтотхема на ден
Колку што знам нема врска со доење, не знам зошто ти нагласиле. Јас пиев и додека бев во болница 2х1, а кога дојдов дома гинекологот ми ги продолжи затоа што изгубив доста крв при породувањето па примав 2х2. Едит: обавезно пиј со вит. Ц за да се сврзе. Јас ги мешав со чаша леден чај.
Ги пиев и јас 3 месеци во бременост 2x1 во болница не пиев па ми рекоа да продолжам сега дома. Фала не знаев дека нема врска со доењето
Практични се, со две дупки Си облакав маичка на бретели која лесно се тегне надолу (без долна маица зимно време неможам да спијам), и само тегнев маица, вадев дојка низ дупка, и кичма останува покриена Да не сака некоја на поклон пижами за доење? Голем број се, како за XL, плус долната пижама има ластик на штелување, за тазе породени.
Дали за доење би сметала маска за лице? Веќе три недели по ред за викенд се улепшавам Значи до сега имам ставено три, од ДМ ми се земени. Ама денес ми текна дека можеби не треба
Не знам зошто од шише да даваш, лично не се согласувам со советот. На линкот има многу методи кои можеш да ги пробаш, но потенцира дека во прво време (барем месец) не се прави ништо што би ризикувало недоволна стимулација т.е. што би ризикувало да не се обезбеди доволна количина на млеко. Ако решиш да даваш со шише обавезно види видеа за paced bottle feeding! Улепшавај се слободно...
Мене ми се најпрактични обични со копчиња напред. Си ги купив од waikiki многу е убав памукот и се убави и онака за пред блиски гости Ние мака мачиме со доењето. Денес ми надојде млеко ќе ми пукнат градите а мојава лепотица, ќе цицне 2 пати и се откажува. Почнува да плаче да помодрува од плачење Еве денес после 1 часовни борби на крај мора да и дадам Аптамил да се смири...Знам дека треба трпение, ама не можам да ја слушам, срце ми се кине...се надевам ќе се научиме, она да фаќа јас да давам
Немам пумпа, денес не пуштија од болница, се надевав ќе фати. Имам млеко имам и убави брадавици, ама не сака да цица. Се изморува и станува нервозна, дали 2-3 пати ќе цицне правилно. Или јас не знам да ја наместам не знам веќе што да правам...да купувам брадавици, пупма??? Да пробам рачно да се измолзам? Појма немам како сама да се молзам, да видам на нет?
Најпрво пробај да се смириш. Бебето ти ја чувствува нервозата. Додека тато чува бебе ти види го видеово и пробај убаво да го наместиш на града. Штом осети дека и доаѓа млекце, ќе се смири, па ќе си цица. Колку што можеш посмирено, колку и да ти е тешко. Вака и беше на @Alishan30 првата ноќ дома, па не даде ни ад ни молзено, си фати града бебуш.. Поискусните може подобар совет да ти дадат сабајле, и јас сум нова во ова се Тука сме што и да ти треба во секое време.
Да не си направиш проблем со градите ако ти се тешки и жешки измолзи. Јас така измолзев 30мл и му ги дадов си ги испи. Следен подој продолживме со цицање. За другово може да не се местите убаво ќе ти кажат поискусните. Со лесно!
Мајки сакам да прашам каква боја треба да е мајчиното млеко за да е добро за бебето и хранливо? После доење постојано бебето плаче и кенка, дури и да заспие се буди за 5 минути со плачење и грчеви. Внимавам на исхрана да напоменам. Бевме на педијатар ми рекоа падната е на килажа да надополнам со дохрана, кога ќе исцица од ад си спие мирно. Млекото на почеток ми беше жолто додека сега кога се одмолзувам гледам дека е бело млечно како заматена вода. Исто сакам и да прашам бидејќи и давам и пробиотик сабајле во ад, а ни препишаа и колиеф капки дали може во размак од 2 или 3 часа да се дадат или мора да помине повеќе време? Извинете на долг пост
На почеток не пиев, може некои 3 месеци. Не ми се пиеше, а и не сакав додека е помало мислев од кофеинот да не не може да заспие. Сега пијам по едно слабо нескафе во мала чаша.