^^ Кај мене по изгледа најрано почнала да опаѓа косата. Ние денес правиме еден месец а јас веќе ја запушив туш кабината. Немам долга коса ама и таа што ја имам ќе треба да ја кратам, влакна имам и по облека, перница, страв ми е да не дојде некое и до беба.
Нема врска дали е глад или блискост - дај ѝ да цица, и не му ја мисли. Многу е нормално во овој период да е такво доењето - интензивно, да трае долго, и бебето да бара да е често на гради. За чувството- тоа е кога ти надоаѓа млеко, затоа и ти протекува. Можеш да одмолзиш малку колку да ти олесни. Или дај на бебе да цицне малку, ако ти е мака да се молзиш.
Најчесто околу третиот месец почнува, мене почна после три и пол месеци. Ептен ја скратив претходно за да не ја дрпам со чешлање и паѓа, но не ми паѓала толку во прамени. Како што читав тука на форумов, очекував многу повеќе да паѓа. Или па не дошло уште големото
Не се секирај ќе се среди Нема врска доење,со ова дојам,првото ми беше на АД,исто со двете во 3 месец кога влегоа прамени вадев/вадам. Ама за месец,два се средува Тоа до хормоните е додека се вратат скрос во нормала Првиот пат мнг се исплашив,исто ја скратив на фризер ама пак си паѓаше.. Изгледа страшно дека ќе окелавиш ама ќе се врати во нормала не се секирајте
И мене почна околу 3 ипол месеци да ми паѓа косата и тоа многу до кај петтиот месец и еве сега скоро 5ипол месеци има доста е намалено. Не ми паѓала така во прамени, а и доста нова коса имам, па цела сум антени Мислам дека влијаат и витамините што ги пијам, конкретно јас пијам прегнакер.
Девојки пишав во соодветната тема ама нема одговор па да се пробам тука. Имаме соор ,јас на брадавицата десна бебе на образите и после 2 недели нистатин не ни помина,со сода се мијам јас ,на неа ми е страв да и чистам усте, а и не го ни отвара.. помош ,совет некој како сте се справиле?
Јас се миев со чај од камилица после секој подој и мачка ланокин на медела, од нистатин повраќање бебе, мајка ми со фаза и го чистеше мене страв ми беше бебе тогаш беше 10 дена
Ние имаме сличен проблем, само има и жолтица. Педијатарот ми кажа да не ја оставам многу долго да мјацка, подобро да се изгладни и после убаво да се нацица
Здраво мајки, јас ко тазе мајко на 2 дена бебче морам да си прашам. Денес не пуштија млеко уште немам доволно денес дома цел ден е на града но неколку саати не се смирувашр му дадов ад 15мл и си отспа, сега цицаше пак па спиење и пак од одново. Но незнам дали голта кога цица и дали му е доволно веројатно штом се успива со цицање е ок? Ме плаши и што од 12 кога не пуштија до сега немаше мочкана пелена само една какана страв ми е да не го дехидрирам да не му е малку млеко од града иако се успива да не треба да давам ад иако заспива со цицање? Фала вии
Јас не би правела така од милион и една причина ама една која е најважната е дека може да влијае на воспоставување на лактација кај мајката и да резултира со проблеми во напредок.
Нистатин кај тебе на брадавици, капнувај капки и кај бебето или капни на стерилна газа и истриј со прстот (грдо е ама тоа е). Или можеш и со малку сода во вода па да брцнеш со газата во водата и да го исчистиш устето на бебето. Кокосово масло можеш да се намачкаш ти во меѓувреме ама измиј пред да дадеш на бебе. Мора упорно. Млекото е блага средина - многу поволно за кандидата.. па мора да сте упорни. Затоа никако млеко твое да се мачкаш.
Бебето е на ад и на доење комбинирано бидејќи немам доволно млеко за да го задоволи. Со што можам да го зголемам млекото? Пијам чај за доилки, течности, но не гледам некој напредок. Бебето често го ставам на града, се измолзувам но повеќе од 25 мл од двете гради не сум измолзила овие два дена... пред тоа имав млеко дури течеше преку улошки за гради.
Не знам да ти кажам како да зголемиш, јас пиев чај само на почеток, а течности пијам многу од секогаш. Само сакав да ти кажам дека јас воопшто не можам да измолзам млеко. Последен пат кога пробав искочи некои 5мл од двете гради, а млеко имам на претек за моево лакомо 5ипол месечно бебе. Мислам дека веќе не ти тече зашто ти се воспоставила лактацијата. Од темава што сум читала овес помага.
Можеби затоа не тече, градите ги осеќам меки и бебето е нервозно после цицање одма бара пак значи не е најадена. Ќе пробам со некој друг чај ако не. Фала ти
Можеби е во скок и затоа е нервозно и после цицање, не мора да значи дека немаш млеко. Чај Хумана мене ми помогна, пиво безалкохолно пијам секоја вечер по една лименка, овес накиснат во јогурт или во оризово млеко, бел ориз. Ни мене не ми тече, но имам млеко. Колку му даваш ад?