Мислам дека многу му е рано за скок во развој 3 недели е старо бебето. По препорака на педијатар давам мајчино па после наредно ад 60 мл па наредно мајчино па 30 мл... дневно гледам повеќе од 2 пати по 60 мл да не е и да е почесто на града...Беше падната на килажа затоа рекоа ад
Претпоставував дека е малечко зашто сите така прават, цело време сакаат да цицаат. Штом пие максимум 30мл значи твоето млеко му е доволно. Пробувај со нов чај, овес, јогурт, сокови, вода и намалувај постепено со ад, 30мл, па неколку дена 20мл додека скроз не го исклучиш. Додека си полни пелени и си качува на килажа супер е. Ќе видиш на следен преглед.
Не кака често се мачи кога му се кака и има гасови претподтавувам и грчеви. Кака по 2 пати само ама количински, си мочка цело време и на последен преглед беше качена 200 грама за 1 недела. Фала на советите ќе применам
На моите "проблеми"со доење им нема крај Пораѓајот ми беше песна наспрема доењето...уште 3 би родила утре Кажувајте чаре:Деснава града ми ја одбива скроз ми е мека пресушена стискам едвај да прокапува нешто. Ставам бебе влече вришти влече вришти. Од левата си цица супер, активно, голта се е ок. И сега таа ми е дупло поголема од другава. Што да правам како да ги израмнам И да, во левата од која што цица имам болка на цела лева страна од пазувите надоле ми е страв пак да не е запушен канал си го видов господ
Изгледа се периоди кај децата, одбивање на едната града.Мојата исто ја одбиваше едната града.Пошто лежечки ја доев се вртев јас ама гледав неа да не и ја менам страната да мисли дека си ја цица омилената града или заедно се вртевме ама пак да лежеше на истата страна да мисли дека и е омилената града .Исто ќе ја ставев на перничка да биде повисоко и и давава од градата што ја одбива.Така некако успеваше.Ако таа лежи на десно гледав секако да биде десно за да не осети.Пробај може и кај вас ќе успее
Во едно доење ги пробувам сите позиции и стандардната лулка и таа топка што е кога од страна и јас легната до него и над него ама баш никако не сака. Исто и јас со перница за доење сум и јас се вртам према него не го поместувам. Секако ќе пробувам Прашањето ми е дали треба да се одмолзувам за левава да се намали што да и оравам не знам. Може ли хиперлактација на левава да си направам дека само од таа цица? Може глупи прашања ама поима немам
Мора да се одмолзуваш штом не може да ти ја исцица.Може да си направиш проблем.Сигурно те боли таа града Колку можеш толку одмолзи колку да не те боли ако можеш целосно супер . Хиперлактација од молзење не верувам дека ќе си направиш.Секако бебето не ја цица и не ја стимулира.Пробај одмолзи дел па понуди на бебе пак града може ќе сака Складирај си млекце кога ќе почнете дохрана ќе ви треба ако имаш повеќе
Јас имам болки во таа што ја цица и штп некогаш после подој ја одмолзувам-левата. Во таа што не ја цица-десната немам болки стискам ништо не ни тече пробувам под туш со пумпа ама јок. А левата ми е ×2 од десната и не знам како и дали воопшто би се испразниле... Значи со таа што не ја цица ми е како пред трудна да останам таа големина
А да пробаш да го прелажеш да го ставиш на десна града, ама нe во редовна позиција, туку "превртено". Види доле фудбал холд.
И таа ја пробав. Имам баш една книга со слики за доење и мислам се испробав Оно ќе фати не дека не фаќа ама не знам дали е возможно млеко да снемала многу се нервира вришти прета со рачиња. Ниту ме пецка ниту натежнува ниту капе нема нигде тврдо/грутки како другава
Малку е комплициран проблемот со десната може уште не ти е воспоставена и лактација.За овој проблем не сум компетентна , може подобро е да и пишеш на Kaetana пм па таму да ти објасни подетално или да отидеш кај некој колсултант за доење ако има таков во мк да ти ги види градите и да ти каже. Има многу жени што доат само од една града и детето напредува супер немој да се плашиш од тој аспект ако доеш само од едната градаАма ти посакувам да се среди и десната града
Немам проблеми, баш напртив ми надојде млеко, а бебе е напреднато во килажа...поентата е да цица активно, за да се засити. Секако не ја оставам гладна, само треба да се разликува глад од желба за гушкање и блискост со мајката...
Не се секирај ќе ја засака и другата града. Кога е погладна пробувај првин на таа, исто со пумпа испумпувај по малце за да ти се отворат каналите. Кај мене цела недела не можеше да ја фати левата, сега па таа и е омилена и се здосади десната Колку повеќе цица и измолзуваш на таа града, толку повеќе млеко ќе ти доаѓа. Само полека и постепено ќе си се активира
Млекото не доаѓа еднаш засекогаш, треба да се одржува, а тоа се постигнува со одговарање на секое барање града- со града, а не со гушкање. Краток е тој период, нема секогаш само да бара цицање, после ќе ми бидат и други работи поинтересни.
Со ставање на бебето на града, освен тоа што механички се поттикнува создавање на млекото со цицање односно влечење, во исто време се стимулираат хормоните одговорни за создавање на млеко. Не е само пумпај и магично ке имаш млеко, барем не за сите мајки е соодветен овој совет.
Баш читав дека повеќе ја сакаат левата. Имало подобра циркулација и тек на каналите на левата града. Бар кај мене беше така јас имав проблем со десната затнати канали грутки итн и на крај секна ја одмолзувам стискам ама нема ништо ај ќе и дадам некој ден време. Стварно чудно нити ме боли нити пецка ни натежнува. Можно ли е млеко да секне од една кога од другава активмо молзам и цица?
Секако дека ја ставам на града, фала Богу почна и да цица, кај мене беше и друг проблем имаше жолтица. Нигде не кажав да не се става на града само да се пумпа магично, туку да не се остава да спие на града туку да цуца активно
Верувај дека не секнало. Јас би рекла да ја понудиш веднаш откако ќе се нацица на првата. Секогаш понуди ја и оваа што ја нејќе. Инаку имам искуство со релактација после 14 дена. Немаше цицано точно 14, поради болнички зафаг, па пак продолжи. Најдобро ако можеш да ја одржуваш лактацијата на другата зашто премногу е малецко бебето за да сфати дека дефинитивно не ја сака Со прелажување и финти ќе успееш.