Доење

Дискусија во 'Бебе' започната од bibitri, 28 јануари 2010.

  1. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.878
    Допаѓања:
    18.747
    Пол:
    Женски
    Овде велиш дека треба да се научи да разликува желба за глад од желба за гушкање. Кај бебиња од неколку месеци тоа е невозможно. Доено бебе не треба да се воведува во ред со ограничување на оброци. Ставаш на цицка кога сака колку сака. Ако го гушкаш, од каде ке знаеш дека не сака да цица?
    Прво понуди цицка па тогаш гушкај, тоа пробуваме да ти посочиме. Заспиено бебе во принцип не бара гушка, а ако видиш дека дреме на цицка, секако ке го тргнеш.
     
    На Annath, Осе, Kaetana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.202
    Пол:
    Женски
    Само да те дополнам... Цицањето е гушкање за бебето :)
     
    На eta, Annath, Butterfly1107 и 3 други им се допаѓа ова.
  3. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.878
    Допаѓања:
    18.747
    Пол:
    Женски
    Да, цицката му е се на бебето. И храна, и љубов, и утеха, и спокојство, и близина.
    Тој период на висење на цицка трае кратко, навистина нема потреба да се укинува. За мене нема поголемо уживање.
    Еве сега, цица и кога е при крај, го спушта газето за да продолжи со играње.
     
    На Annath, Kaetana, Kitten и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.608
    Пол:
    Женски
    Многу е важно колку стимулација имаш на таа града? Колку време ја одбива? Како се одвива подојот? Мораш да ја стимулираш, без разлика дали кога молзиш има нешто или не излегува.

    Млеко ќе имаш, не може од никаде некаде да престане. Барем не ако имаш стимулации.

    Мало бебе се стимулира да цица активно преку дотокот на млеко, со примена на компресии за време на подојот.
    А за сѐ друго веќе одлично ти одговориле.
     
    На Ava.84 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.245
    Допаѓања:
    19.028
    Од старт ја одбива. Иако редпвно го ставав прво на таа па после на другата. Скоро никогаш не слушав дека голта од таа повеќе како цуцла му беше. Имав затнати канали грутки бев на ехо едвај ја вратив градата во нормала за на крај да остане без ич. Стискам но ништо не прокапува. Прво под туш ,па молзам, па ставам ладни облоги. Секое фаќање на таа града е вриштење.
    А левата ми е два пати поголема. Таа ја цица и ја доизмолзувам ако не е до крај исцицана.
    За стимулирање рачно правам масажи за сега
     
    На Chuchanov му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.608
    Пол:
    Женски
    Значи осеќаш ко да цица само од една?

    Давај ја десната на секој подој. Би рекла ниту на почеток, ниту на крај. Пробај да ја подметнеш на средина на подој - кога не е скроз сито, но и кога не е веќе гладно. Исто така пробувај навечер на ноќни подои во спиење.

    Стимулирај после секој подој, без разлика дали има капка две или ич.

    Со разликата на градите се гледа дека има разлика во производството. Без грижа. Бебиња успешно цицаат и од една града. Во принцип како што сме несиметрични, така и градите ни се несиметрични. Ништо чудно да имаш многу повеќе млечни жлезди во левата. Ама не значи дека немаш во десната.

    Би рекла пробувај да стимулираш на секои 2-3 саати и да ја подметнеш колку можеш, а во меѓувреме, не се секирај премногу. Гледај како му оди на бебето со левата твоја overachieving града. :)
     
    На Kitten, Milkiway и Alishan30 им се допаѓа ова.
  7. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.245
    Допаѓања:
    19.028
    Фала многу на одговорот.
    Бевме на лекар не видоа се сме ок со цицањето. Градата нема млеко а левата превише.
    Наводно сум претерала со течности а не знам како со низок притисок и крварење да намалам течности.
    Дохрана не ми исклучија наводно да продолжам бебе е големо и бара многу повеќе а не можам повеќе левата да ја форсирам зошто ќе си направам дополнителен проблем од хиперлактација...
    Отприлика на кратко тоа е .
    Подој на 2ипол часа со бебе што ни топ не го буди ни свеж воздух ни соблечено по пелена... :sweat:
     
  8. I.Ta

    I.Ta Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2020
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    46
    Пол:
    Женски
    Majki dali ako sum nastinata smeam da go dojam bebeto? Vcera bev potenko oblecena koga izlegov nadvor i denes gledam nosot mi se rastece. Sto da pravam i sto smeam da pijam od lekarstva?
     
  9. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.586
    Пол:
    Женски
    За само од една града , золва ми 9 месеци дои дете така,дете родено 4200 гр. А за на два и пол часа моето бебе беше во болница 14 дена ,млеко одржува измолзувајки се секој ден на два часа . За кога ја земав она да спие по 3-4 часа ,колку и да се обидував да ја будам ( првите два дена беше тоа ) после се откажав викам што ќе ја малтретирам кога стане стане па ако треба ќе ја дохранувам тоа е.
    Ама вагата кај педијатарот рече не треба. Детето само си знае кога е гладно ,кога му се спие... само прати го .Продолжив така завчера правевме два месеци ,освен цицка друго не сака...ни чај ни капки дури ,си напредува убаво. Полните пелени и вагата прати ги исто .
     
    На eta, Kaetana и Milkiway им се допаѓа ова.
  10. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.586
    Пол:
    Женски
    Јас имав период со течење нос.
    Чаеви ,потопло облекување и маска за доење ,да не и дишам директно за да не ја настинам неа
     
    На I.Ta му/ѝ се допаѓа ова.
  11. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.878
    Допаѓања:
    18.747
    Пол:
    Женски
    Смееш да доиш. И јас бев настината и доев. Бебето добива антитела од млекото.
    Мене прополис ми помага најмногу. Можеш парацетамол. Супи, чаеви, витамини, од кои Ц обавезно, и тоа е тоа.
     
    На Kaetana и I.Ta им се допаѓа ова.
  12. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.245
    Допаѓања:
    19.028
    Фала ти многу за одговорот.
    А што правиш со градите 3ипол 4 часа ? Нели ти се преполнуваат? Мене ми викаат не смеам над 2ипол часа т.е. да ги одмолзувам да ми олесни.
    И што да правам со пумпа да шетам дека спие бебево?
    И мене друг доктор ми вика никако будење. Освен при жолтица нели. Бебево денски ми е будно а ноќе спие си врзува 3ипол 4ч со едно будење за ранење и пак продолжуваме со спиење ...
     
  13. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.586
    Пол:
    Женски
    Ако те боли измолзи ако не не ,со молзењето правиш стимулација за да се создава повеќе млеко. Исто и моево спие така навечер . Е сега некогаш сами течат од преполни ама нема гајле ,само проверувај да не ти се направат грутки. А за другата ако сакаш пробај уште и со шише не прочитав дали си пробала. Шише врела колку што можеш да издржиш вода и со него масирај ја градата од под пазувите до брадавици ,од вратот до брадавици,од долу исто па пумпа , може ќе има ефект.
     
    На eta, Kaetana и Milkiway им се допаѓа ова.
  14. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.245
    Допаѓања:
    19.028
    Фала ти на одговор. Тоа ми беше нејасно бидејќи мме исплашија со маститис.
    Тоа со шишињата со пареи со туширања го правев до скоро, гинодзатнав каналите не го ставав на таа града само ја стискав да ја одзатнам и ради тоа не е стимулирана за млеко. Треба само бебето на града или пумпа. Така да пумпа ќе биде оти на града џабе се потиме и ја и он. Гледа нема и вришти и пак може да се разрани на крај.
    Дури на момент смешна сум си со сторииве. Ова за мене квантна физика испадна ]:)

    Алал да ви е на тие што од старт успеавте ексклузивно да доите. Симнувам капа :bow::l:
     
    На ivance.. и Izzy_0504 им се допаѓа ова.
  15. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.586
    Пол:
    Женски
    Види јас 14 дена бев без бебе само пумпа ,првите дена само по 5 мл измолзував ,разочарана в крај. Зошто ?
    Дека никој не ми кажа дека така треба уствари толку им бил желудникот на бебињата. Како поминуваше времето се повеќе измолзував. Така да и само со пумпа може. После она прво се чудеше како треба ,навикната на шише нели. Ама од вториот пат почна да си цица до сега само со доење сме ти кажав ни чај ни капки не сака ,шише никако цуцла пак ич
     
    На Milkiway, Kaetana, Jana06 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Angie29

    Angie29 Активен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2020
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Здравo..Денес се породив имам вовлечени брадавици ќе ве замолам за некој совет.Фала
     
  17. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.799
    Пол:
    Женски
    Ова и мене ми се деси :D Во болница втор ден уште немав млеко и му даваа дохрана. Ми го носат и го отварам картонот си читам што како и гледам претходниот и денешниот ден дохрана по 3-5мл :o Се напнав, си викам дали се нормални овие бебето гладно ми седи. И кога прашав ми објаснија уствари колкаво желудниче има бебето и колку му треба на почеток.
     
    На Milkiway и Осе им се допаѓа ова.
  18. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.608
    Пол:
    Женски
    https://www.llli.org/breastfeeding-info/inverted-flat-nipples/

    Честитки. Читни тука има многу методи за извлекување.
     
  19. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.608
    Пол:
    Женски

    Како утврдија дека нема млеко?
    Не верувам дека немаш ич. Може да е намалено ако си немала стимулација на таа града. Ама со стимулација ќе успееш да дојдеш до максималниот потенцијал на твојата града. Инаку да, и од една се дои (прашај мајки на близнаци), и не е воопшто страшно. Ќе видиш како ќе оди. А не се откажувај од десната, рано е уште. :)
     
    На Milkiway му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.245
    Допаѓања:
    19.028
    Ме прегледаа кога ја стискам нема ништо. Секако нивен совет исто пумпа рачно молзење т.е. стимулација и бебе на града ако успеам.
    Секако до тогаш од левата (fingers)
     
    На Kaetana му/ѝ се допаѓа ова.