Баш чудно што ти се запушиле зашто кај мене десната е огромна што викаш ти х3 од левата и од левата со пумпа ништо не измолзувам а детево кога влече се дави дури од што не може да ја голтне таа количина на секое влечење што го прави и на страна спијам и до сега сто пати плочки ми се имаат направено ама бебе кога цица ги разбива и немам гајле,а со рака да се измолзам цела вечност ми треба
На стомак најчесто спијам. На почеток е поверојатно да се запуши канал кога надоаѓа млеко. Не се секирај со една града многу успешно можеш да го доиш.
Све што е зелено како зелка,краставица,пиперка,кобасици,сувомеснато ова не треба да конзумираш и газирани пијалоци. Риба,месо,компир,јајца(само белки) , ориз слободно можеш да јадеш али храната да не е пржена или печена или варена зачини избегнувај особено луто,бибер и лук. Не е правило ова некои и све јадат па децата немаат грчеви,јас пазам на храна па пак го искинаа грчевите И јогурт,кисело млеко смееш све што е ферментирано т.е. преработено од млеко смееш да конзумираш викаат и дека тетрапак млеко не смеело тоа стварало грчеви али јас нескафе без млеко не можам да си го замислам до сега му нема направено проблем али за кобасици,пиперки и сувомеснато моево рикаше ама кој да знае дека не смеело
@..barbie.. еве сликичка, по која можеш да се водиш Јас на се внимавав и детето ми се раскина од плачење од грчеви, нема правило. Сега се си внесувам па само во одредени периоди во денот, се грчевите.
Ова само ради грчеви да се избегнува или општо? Ја се јадам освен краставица и тоа леќи грашоци зелки...друго и газирано и сувомеснато и јајца Али па малиот ми нема грчеви т.е. го фаќаат ама 2 3 саати денски ќе се искака и толку...
Реално секаква, се додека е во умерени количини, ќе видиш и самата дека така е во практика. Не оди да јадеш еднолична храна, а на бебето му се потребни сите хранливи состојки кои единствено може да ги прими преку млекото за добар имунитет и раст, затоа треба да биде квалитетно. Сите бебиња се различни, затоа треба да се обидеш првин, еве кај синко престанаа грчевите околу вториот месец. Ако има некаква реакција ќе знаеш дека тоа му пречи и нема да го јадеш. Можеш да избегнуваш грав, леќа, зелка, грашок - воглавно она што и нам ни создава гасови, а не па на новороденче. Газирано, алкохол, луто и силни зачини не препорачуваат ниту општо, никому.
Само ради грчеви...според мене се што е во нормална граница на конзумирање не би направило проблем...сега нормално да не биде кило брокула или грав да се нафукаш па да имаш проблем храна што ти ствара гасови на тебе би му стварало и на него. Али за сувомеснато,кобасици и зелена пиперка пржена преплака детево тие три дена кога ги конзумирав знаев по тоа што на сабајле никогаш не плачеше само навечер
Да да тие зелки гравови избегавам. Ама друго ништо се јадам поготово што ми е страв братучедка костур се напрајла вика само компир јадела и ориз варен. Страв ми е да не се исушам па да припаѓам низ дома. Кај нас па навечер тера 4ч спиење преку ден му се грчевиве Е сега дали е од некоја храна или не кој да знае ќе видиме дали ќе ескалира се надевам не
Така е, истово го кажа и Др. Драгана Емел Марковска на еден вебинар. Јас пијам оризово млеко место кравјо, само за во кафе и со мусли понекогаш, не е исто ама врши работа.
Битно да е активно цицање. Ве читам сите мерите време на подој. Има некоја причина за тоа? Јас не сум мерела ни за првото, ни за ова. Ова е точно. И со првото и со ова, истото ми го кажаа. Јас спијам на страна, ама мака не сум имала. Многу ми е незгодно спиењето на грб.
Не ми излегол одговорот...цело време гледав на саат на инсистирање на педијатарот кој ми тврди дека мора од 20-30мин. Но, сега веќе не сака толку време, се трга и затвара уста, и нема шанса да и бутнеш со сила, а искрено не ни пробувам. Е сега дилемата ми е некад одма после тоа е мирна и заспива или си гледа, ама некад ми плаче, не сака цице, а цуцла прифаќа и се смирува и заспива. Затоа се прашувам да не е гладна, ама еве ја веќе 1.5саат си спие
Не е докажано дека некоја храна прави грчеви. Еве види инста на нашата Kaetana . https://www.instagram.com/p/CFX0sLesZwz/?igshid=k37gvltwa33z
И денес сме во болница јас и малиот..Значи саботата се породив,.а дури денес градите ми станаа тврди и болни и едвај истискав една капка млеко...Сестрите ми рекоа да цица малиот за да пробие млекото инаку ќе сум добиела мастит. Јас го ставам на града ама тој повлекува 3-4 пати и после ја држи брадавицата во уста и не цица... И еве сега го дохрануваа со млеко вештачко, а мене електрична пумпа ми ставаа по 30 мин на секоја града... Ми вика таа едната сестра - градите ти се полни млеко а ние со шприц гп храниме... Сега ќе се туширам и сама ќе се стискам...
Не се секирај и кај мене беше така, па еве бебе си пркна зема сила и сама си цица. Одмолзувај се за да ти олесни и да се отворат каналите, ќе си се научи да си цица постепено. Јас многу се нервирав заради истото ми беше страв дека нема да цица бидејќи ќе се навикне на цуцла. Ама не, и они сакаат топла града наместо гума. Не се секирај ќе си се средите, стресот влијае многу негативно.
Мене кога ми беа такви градите ми помагаше само тетра натопена во леген со топла вода и сами се отвараа каналите и млеко течеше исто и чајот лакта микс што го пиев и само си течеше и сеуште е така и пробај со рацете со тупаница и стискај од горе накај аеролата масирај се ќе попуштат и пумпата користија ја
Првенствено почни од тебе дали ти можеш да јадеш на секој два саати по иста количина некогаш си погладна некогаш и не исто и со бебињата зависи колку останало будно што по активно е повеќе ќе бара да цица или ако се успало повеќе после тоа нормално ќе бара да цица...желбата за храна не секогаш е иста особено како што растат така повеќе влече и побрзо празни со тоа се намалува времето на цицање едноставно не гледај на саат давај му кога сака и колку сака