Доење

Дискусија во 'Бебе' започната од bibitri, 28 јануари 2010.

  1. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.243
    Допаѓања:
    19.027
    Тоа не ми е јасно меки ми се градиве ги празнам со пумпа на 2 или 2ипол часа и тече млеко
    Не оставам повеќе време да помине затоа викам можно ли е да се црвени од стискање или рана фаза на маститис
    Немам ни грутки ни топчиња ни ништо а 24/7 сум под стрес само се гледам и пипкам (facepalm)
     
  2. prinstongirl2

    prinstongirl2 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2013
    Пораки:
    1.992
    Допаѓања:
    1.742
    Ставај нс перница да е исправено
     
  3. ni.na

    ni.na Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    1.632
    Допаѓања:
    1.569
    Јас имав на почетокот црвено но си се повлече само исто немаше грутки само малку топли ми беа, само еднаш два пати во ден под туш се стискав, после ден два ми омекнаа градите и мислам ок сме со лактација да не молзиш многу па да неможе да ти се воспостави лактација колку што треба па затоа ти се јавува или ти тежат многу?
     
  4. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.243
    Допаѓања:
    19.027
    Немам поима искрено на неколку различни лекари бев сегде ме гледаа чаре не ми наоѓаат
    Повеќе се вцрвени се измолзев скроз и истискав и ставив ациди борици ладно да држи
    Утре секако ќе одам кај гинекологот па ќе видам што ќе каже
     
  5. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.740
    Ехо направи?

    Него моево почна да не сака да цица ко ќе му мине првиот/силен млаз. Се нервира, се трга, мрда со главата. @Kaetana чаре?
    Е сега не сакам да и мењам цице одма, туку да исцица едната, па другата.
    Сака да е ефикасна женската, да заврши работа на брзина :rofl:
    И уште ова. Скоро 1кг има за 20 дена ставено и почна зелено да кака :worried:
     
  6. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.243
    Допаѓања:
    19.027
    Правев кога имав проблем со другата града и тогаш ми беа запушени канали а докторката така ме испрати дома со "Супер си цицајте" не ни кажа дека имам запушени канали.. едвај се спасив од мастит тогаш и таа града еве 2 недели после тоа ми е уште без млеко.
    Утре ќе видам со мојата матична.

    Другиве лекари ме испипкаа малце грутка као имаш измолзи се и толку.
    И цицајте! :!:
    Више почна лошо да ми станува секој лекар само Цицајте, цицајте и оп дај 2500ден преглед :rofl:(facepalm)
    А се измолзувам на 3ч макс до празна мека града не знам што ќе беше ова
     
    На Kaetana, PurpleMind и kukla21 им се допаѓа ова.
  7. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.503
    Нека каже и јас исти проблем имам недела дена веќе тепачки се измолзувам со рака ама џабе тоа е за пола саат само плочки се направив целата веќе крајна опција со пумпа само али така жива ненаспана и не функционална ќе бидам мачно е:whew:
     
    На kukla21 и Milkiway им се допаѓа ова.
  8. PurpleMind

    PurpleMind Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    3.606
    Истиот проблем го имам. :(
    За да си зачувам мир, откако ќе се засити од цицки, му давам ад.
     
    На kukla21, Milkiway и Brpbrp им се допаѓа ова.
  9. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.243
    Допаѓања:
    19.027
    Исто имам плочки во градиве. Мислев едина сум... За болка не знам како ти е ја веќе со плачење се стискам.

    Уште некој ден давам фора на пумпањево и ќе се повлекувам од темава со тешко срце :(
    Инаку да, ја се пумпам на саат ипол бебе јаде на 3-3,5 саати спиење имам само 20-30мин и ако има мењање пеленки спиење јок :whew:
     
    На Kaetana, Brpbrp и kukla21 им се допаѓа ова.
  10. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.740
    Знам како е. Се издавав и јас пари на времето, а дијагноза никој не кажува.

    А зошто се молзиш?
     
  11. srce-9

    srce-9 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2012
    Пораки:
    831
    Допаѓања:
    1.268
    Пол:
    Женски
    Мајки од вторник ќе почнувам да ја оставам малата по неколку часа па покрај кашички потребно е да оставам и млеко.
    Ако почнам да се одмолзувам од сега колку време може да го чувам во фрижидер без да го замрзнам?
    Количината на одмолзено млеко е сега значително помала па исто така ме интересира како можам да го мешам млекото од неколку одмолзувања во период од неколку часа? :$
     
  12. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.503
    Јас ставам тетра потопена во врела вода рацеве си ги испржив веќе али тоа ми помага 3-4 пати ставам и после масирам со прстите и каналите си се ослободуваат од топлото...али ако нема крај ова ќе мора да си се повлечеме:(
     
    На eta и Milkiway им се допаѓа ова.
  13. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.878
    Допаѓања:
    18.746
    Пол:
    Женски
    Без замрзнување во фрижидер може до 5 дена според некои извори, ама јас чував два дена максимум.
    Вака оди постапката: молзеш и ставаш во фрижидер. Молзеш повторно и пак ставаш во фрижидер ама во ново шише. И така молзеш колку ти треба. Кога сите шишиња ке се на иста температура ги мешаш. Млекото се меша ао кружно движење.
    Млека со различна температура не се мешаар никогаш.
    Загреваш или под млаз вода или во сад со топла вода, никако садот да е на огин.
     
    На eta, LivingGlam, Kaetana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.243
    Допаѓања:
    19.027
    Прво цицаше и имав проблеми триста ( запушени канали, рагади, една града без млеко...) на крај почнав да се измолзувам и да му давам и плус си јаде дохрана зошто никако не е задоволно. И така останавме.
    На почеток се измолзував зошто после саат ипол два цицање градите пак ми беа тврди
    :drunk::drunk::headbang:
     
  15. SkarletOHara

    SkarletOHara Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    1.227
    Допаѓања:
    2.887
    Дали може ѓумбир и куркума додека се дои?
     
  16. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.243
    Допаѓања:
    19.027
    Ја ставам тетра ама со пегла ја стоплувам и ја ставам и така неколку пати. Види може подобро ќе ти е од врела вода.
    Мене едната града кожата ми се излупи од врел туш што ја масирав кога се запуши.
    Веќе се осеќам настинувам од тие мокри крпи што ги бапнувам на плуќа (facepalm) :whew:
     
  17. kjofti4

    kjofti4 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2012
    Пораки:
    992
    Допаѓања:
    3.584
    Имав тт две недели после пороѓај додека не се отворат сите канали кревав постојано,сакам да ти кажам може да имаш и повеќе од две недели.. Кај мене се среди па послем месец дена пак почнав да качувам ради градите ми се полнеја, а малото цицаше но не ми ги празнеше доволно. Можеш да пиеш парацетамол
     
  18. kjofti4

    kjofti4 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2012
    Пораки:
    992
    Допаѓања:
    3.584
    Те размирам колку многу се мачиш, јас се повлеков од демава со тешко срце пред една недела.. Од самото раѓање до две недели се беше океј со градите додека се отворија каналите имав постојано тт па ајде си се отворија затеравме со цицање една недела послем проблем со градата па бебе цицаше од една града другата ја пумпав па излезе проблем и со другата града па двете ги молзев на секој 1 и 30мин, фактички молзев по цели денови за да го задпволам ништо неможев друго да направам освем да молзам и на вечер на секои 2часа станував за да има млеко кога ќе стаане, па се среди проблемо пак почнавме да цицаме една недела нов проблем со градите пак пумпање со електрична со рачна пумпа со све само да извлечам мах од мене вечери не спиени јас нервозна таман си легнала стани да се молзиш па бебе разбудисе мислам бебе не си видов тие месеци од што само на пумпа бев стимулирав многу млеко и на крај кога ради терапија морав да го откажам мислам психички паднав толкав труд и жртва направив се изнаплачив.. Па млеко не престануваше се стегав со тетри во градите болка ненормална и на крај со апчина прекина млекото послем 10дена стегање грутки правењее.. Многу сум за да се дои дете но од кога сме на ад сите сме наспани и не сме напнати.. Среќно дај боже да се средии све кај тебе и да си продолжите со доење
     
    На eta, Kaetana и Brpbrp им се допаѓа ова.
  19. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.503
    Пробав и така али само со мокра тетра помага ништо друго:(
     
    На Milkiway му/ѝ се допаѓа ова.
  20. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.740
    Јас ги оставам да се стврднат. Едино на почеток малку одмолзував колку да ми олесни
     
    На eta, Alishan30, Chuchanov и 2 други им се допаѓа ова.