И јас кога се стегам ич не излегува и ме боли дури, излегува само ноќе кога нема цицано 5,6часа. Може да е период сега се сетив кај мене така правеше неколку дена и тоа пред спиење како да знаеше дека нема да цица подолго време,дали беше скок нз. Пиј многу течности друго не знам што би ти рекла
Е-Лактација кажува аналгин не можи, за кафетин незнам. Смее кетонал,го даваат во болница за болки од раната од царски. Витамини Б6, магнезиум..
Mami zdravo. Bebce mi e 2meseca i 1nedela i uste po prviot pregled na pedijatar pocnavme so dohrana. Na ednata grada mleko nemam ic, a na drugata nekoi 30-50 ml mozam da izmolzam ako forsiram i laktamix caj. Go stavam po malce na grada, obicno noke koga ke stane i pred da zaspie. Uste od pocetokot imav volku mleko prvite dva tri dena mi bea cvrsti nadueni gradite i tolku. Gi osekam deka mi se prazni. Dali ima apcinja nekoi za da pocne da mi se sozdava mleko?
Пробај да пиеш вода додека цица. Мојава истото го прави. Откако ќе се напијам чаша вода продолжува да цица убаво, изгледа така и надоаѓа пак млеко, не знам. А и со пумпа имам приметено дека тече повеќе кога пијам течности додека испумпувам.
Пијам ама никогаш намерно. Често ожеднувам кога цица па ќе се напијам. Ама ќе почнам насекое цицање. Ќе пробам. Фала
Млекото се создава со самата дразба, со самото цицање на бебето. Градите не се вц-казанче (извинете на споредбава) кое се полни па откако ќе се испразни нема веќе и треба да чекаш нова тура да се наполни. Со самата стимулазија жлездите создаваат млеко. Прави компресии на градите додека цица за да со твоја помош му надоаѓа повеќе млеко. Ако е многу нервозно, подигни го, прошетај го, па кога ќе се смири пак стави го на града. "Апче" е самото бебе. Млекото е на добар пат да го снема ако го ставаш само еднаш дневно да цица. Твојата количина на млеко не се променила уште од раѓањето на бебето бидејќи немало кој да стимулира надоаѓање на млеко. Колку повеќе цица- толку повеќе млеко. Само ова е решение или да почнеш редовно да измолзуваш.
Колку почесто го ставаш на града, толку почесто ќе се полни со млеко. Млекото се стимулира според потребите на бебе, со цицање или со пумпа.
Здраво мамички. Ми треба мала помош. Во болница бебуш не можеше да фати брадавица, ми беа некако повлечени и почна да цица преку силиконски. Немав млеко, па повеќе за стимулација беше на града, а пиеше млеко од шишенце. Откако ми дојде млеко и одмолзувам и ставам да цица, ама некако мрзливо цица. Скокоткам, штипкам малце ама најчесто заспива. Од вчера не сака ни преку силиконските да влече. Пробав и на голо, нема шанси да зацица, бега, а имам пупки сега. Некој совет како да се заучи да цица убаво, макар и преку силиконските брадавици? Да не се бориме вака. Додека не се навикнала скроз на шише . Прво бебе, немам искуство...
Си пробала лежечки да доиш? И мене така на почеток во раце се ми заспиваше од топлината, па легнати беше подобро
Здрави мајки, бебчето ми има полни 6 недели, последниве денови се однесува многу чудно, не сака да цица, ако цица цицаме стоејќи, и тоа ќе повлече малку и ќе заспие или ја пушта градата и плаче вришти... Откако ќе заспие по неколку минути повторно плаче, па повторно ќе му дадам да цица, плаче и на градата, се тегне, ги грчи нозете...има и грчеви, меѓутоа периодов и тие му се посмирија...не знам од што вака. Пред да наполни месец дена имаше качено 1200, сега го меревме има околу 700-800 грама, а нема ни полни 2 месеци. Очајна сум, мислам дека немам млеко, претходно ми беа преполни, но сега градите ми се омекнати за разлика од почетокот. Почнав да пијам сѐ што има за подобрување на лактацијата... Не можам да си го препознаам детето...а колку убаво си цицаше и се... Многу почнав да се сомневам во млекото, купив и ад ама не сум му дала...не сакам да преминеме на ад кога толку добро напредуваше... сама сум по цел ден, ме фаќа паника дека е гладен,ми се плаче... Претходната недела имав два дена стресни, си викам од тоа да не ми е намалена лактацијата... Самодовербата што ја имав на почетокот сега ни е никаква... дури само го проверувам дали е дехидриран...
Мајка, не паничи! Според тоа што си го пишала, супер ти напредува бепче. Одлично е и што сте само на доење, и да си продолжиш така. Градите нормално е да ти се помеки, затоа што лактацијата е воспоставена. А за бебе дали добро цица и дали е најадено, ќе следиш само преку пелени, дали ги полни. Ако си полни редовно пелени, нема што да се нервираш. Како си расте бепче, така и посилно и побрзо ќе влече од градата. А околу доењето, можеш да пробаш кога е поспано, или одма како се разбуди, тогаш да нудиш. Период е, ќе помине. За стресови, мислам дека сите имаме/сме имале, неизбежни се, колку и да се трудиме да не е така. И чисто за споредба, кај мене бебе напредуваше по 800 гр месечно, и ниту еднаш доктор не ми рекол нешто. Баш напротив, одлично е, продолжете така со доење. До сега си е супер, скоро 7 месеци сме.
Да немаш млеко, немало да ги качи тие 800 грама. А меки гради не значи дека се празни туку воспоставена лактација. Јас би рекла дека е скок во развој, читни за тоа. И без нервози, следи ги пелените повеќе
Знам дека сега паниката ми преовладува, односно стравот дека е гладен..инаку си спие убаво и навечер и вака преку ден по 2 часа неколку пати во денот си врзува, меѓутоа кога ќе стане е премногу плачлив, претходно беше многу расположено бебче...и ако го ставам на града ќе повлече малку и како да го фаќа нервоза и плаче ќе ја пушти, па пак прави со устето дека му се јаде, ќе го ставам пак, пак фати-пушти, не голта како да нема што да голтне и се нервира... Се надевам дека ќе се оправиме, зошто психички оболев и така уште повеќе си правам дополнително стрес...
Баш читав и за тоа и мислам и може дс е скок во развој...пречуден е значи, само во раце и само бара со главчето да цицс и со јазичето, а како да не му излегува ништо од градата, треба подолго да цица за да му надојде млекото, а нема трпение.. претходно го немавме тој проблем.. Полни пелени, меѓутоа ако претходно му била столоцата златно жолта, сега му е со поинаква боја, како светло жолта, за ептен зелено немам приметено.. Од тоа фати-пушти мислам дека не се ни дојадува воопшто и столицата му менува... Покрај тоа што го меревме ме фаќа страв дека од мерењето наваму дека ќе намали..