Ќе престанат некогаш камен да се прават? Као демек кога ќе се среди лактација. 4 месец се одмолзувам и уште ми се прават камен, на 4ч се одмолзувам. Има надеж дека ќе станат меки?
Веројатно е кај сите различно. Со првото дете се додека се одмолзував (до 3м) ми беа камен. Потоа веднаш штом почна да цица омекнаја. Иако секогаш го пиеше целото одмолзено млеко. Дали беше коинциденција или не, не знам. Сега со второто уште по првиот месец се меки. Цица од почеток.
До 3 недели се молзев на 2ч, после пресеков и почна да се регулира. Ама еве и сега скоро 4 месеци, кога ќе се измолзам за да оставам, другиот ден одма се пореметува, надоаѓа поише, се стврднуваат и се губи редот, па после правам пауза ден два од молзење. Стимулираш со одмолзувањето, а на 4 месеци поголема количина млеко надоаѓа и поголем ризик за мастит. Јас би прекинала и би се пазела само од мастит и за 2 3 дена ќе се стабилизора толку му треба.
Те прочитав, имам слична историја. Првото де цицаше, де се одмолзував, па ад, нерви кинев. Сега со второто во недела ќе правиме 40 дена, од десната града цица од левата не, па ја измолзувам. 40 дена немав ништо проблем од сношти имам треска и цел ден температура пропратено со болка во лева града. Туширав со жешка вода, одмолзувам постојано, ама пак имам темп покачена. Исто така ставам и ладни облози. Чаре? Некоја некој друг совет да даде..
Исто ми се деси, далерон пиев масирав, молзев и тогаш многу стискав и после воспаление си направив. Ако е повеќе од ден, на доктор.
Или облоги од зелка или павлака со висока масленост мачкај на градата за да ја извлече температурата. Можеби ќе треба да пиеш и антибиотик, консултирај се со лекар.
Маститис. Имав и јас со првото па пиев антибиотик Оспен исто на 40дена. Имаш некаде запушен канал мора да го разбиеш. Најдобро бебето можи да ти го реши проблемот, знам дека не сака од таа града но дали си пробала фудбалска позиција. Ќе треба да правиш масажа имаш и видеа на јутуб. Најдобро е туширање со топла вода и додека се тушираш да се масираш со кружни движења таму каде што е грутката. Исто можиш и шише со топла вода во меѓувреме да држиш и да масираш.
Ви благодарам на советите. Успеав да ја измолзам и омекнам. Можам и да ја допрам, а синоќа и денес неможев. Се надевам ќе поминам со полесно. Една од патронажните ми рече течности на минимум да сведам(а јас вчера преку 4л вода испив).
Од каде зимате градници за доење и која цена се? Јас не можам да поднесам маицата што ме допира, ама педијатарот ме искара дека без градник само повеќе ќе ме болат, морало некаква поддршка да имаат
Од сара зедов два нбб имаа попусти негде по 350 беа едниот баш за доење што се одкопчува кај градата ама кога ми се полни градите не знам како да ти објаснам стега некако не ми е баш удобен другиот обичен без корпа и жица и тој ми е поудобен и да е полна градата иначе докторот е во право за пупките и моите неподносливо ме болеа на почетокот и мислев со градник ќе биде полошо но не баш не ти се трие маицата и имаш помала иритација сега се навикнав вака носам дури и за спиење да си бидат прицврстени и безбедни ако не можиш градник пробај со потесна маица да не ти е лабава
Zenski zamoluvam za pomos dokolku nekoja imala slicna situacija..bebeto mi e 4m i do sega cicase super i napredna super od pred nekolku dena e nastinata zatnata i odbiva da cica.samo koga e zaspana vo polu son faka da cica, budna nesaka nikako.. probav ednas da izmolzam da probam da i dadam go ispi bez problem. Neznam sto da pravam da prodolzi da cica nesaka voopsto ni da se priblizi na cice.
Истото го поминав тој период. Мислам дека тука негде е 4тиот скок. 17та недела скоро ич не цицаше, ама пак супер си напредна. Чекав после дремка да го дојам уште не освестен, после шанси немаше да фати. Викаш пие молзено така да не му се секирај, молзи и давај колку толку. Период е, ќе помине
Јас топло би ти препорачала да земеш маички здолни за доење тие се како со вграден градник и барем мене ми се даааалеку попрактични од градниците. Јас ги купив во Ситник но верувам дека има и во Стружанка. Исто е кај градите како градник за доење само што ова ти е фактички две во едно пошто не треба да носиш маичка.
Еве вака изгледаат на фб најдов слика ги има во мир мар. @pamelche Скроз исти се како градниците само надолу продолжува како маичка. Корпа нема, ама немаат ни градниците за доење корпа, бар јас такви не сум сретнала.
Јас купив два, ги носев 3,4 пати и ене ги стојат така, шо знам, само ме стегаат поише и ми сметаст отколку без нив. Имаш во бутици за трудници и во стружанка