Полни да, напреден е во килажа убаво на последниот преглед, ама минатата недела осеќав дека се полнат а сега не и затоа се испаничив.
Дој си го во лежечка позиција и ќе одмараш, јас така ко будала на почеток, демек да не сум го навикнала бебе на спална да спие и секое доење седев ко блесава на фотеља по 2 саати за да го стаам во креветче. На крај се истоштив толку многу што немав сила за ништо и го ставив на кревет со мене. Си доиме легнати секоја вечер и сега имам сила за се.
9 месечно бебе може да се одбие преку ноќ или за неколку дена? Дали е возможно јас да го одбијам и како? И мн ми е итно прашањево.
Малата ми е родена 4100 на 21.03 испишана 3850 за 15дена имаше 4000 педијатарот вика супер е на ексклузивно доење сме но после секое цицање ми блуцка ја поткревам да ждригне но пак ми блуцка одкако ќе ждригне а цица некогаш на 2-3 сати на ден а навечер на 3-4 часа незнам што можам да превземам за да не блуцка и незнам дали на кг накачува а инаку си е весело бебе полни пелени но вчера од 12-16часот памперсот и беше сув дали некоја имала вакво искуство
Zdravo Nie sme na 21 april pravime 9 meseci Prvo Sise ne saka da prifati sekakvo imam probano Gradite mnogu mi se meki stegam ima mleko se moslam oddvaj 1 ml sakam uste da e dojam ... pijam mnogu voda sega 2 dena pijam caj za doilki od HIPP procitav i za caj od kim . Vtoro Kako se pravi po kolku se pie ... i sovet za do poveke mleko Ve molam pomognete
Мами едно прашање... Малово престанав да го дојам пред 2 месеци. Вчера од градата од едно место кога ја потстиснав многу нежно ми излезе течност како млеко ама погусто. Денес пробав повторно, но само малку водичка како со крв ама ептен малку една точка, после тоа само како водичка. На ехо бев во јануари беше уредно. Од што може да е? Застојано млеко или загноен канал?
Во какви кесички го чувате млекото во фриждер и од каде ги зимате? И од фриждер млекото пред да го дадете, дали го топлите или како го давате?
Многу течности. Чај за доилки, капсули Лактил, јогурт, Овес, безалкохолно пиво. Сите овие работи и ден денес ги конзумирам. Бебе е 8 месеци со три оброка. Нормално е да нема толку многу млеко како што имало пред немлечна храна. Ако е бебе почесто на града тогаш би имало поголема стимулација.
Кога бев на ехо на гради откако ми прекина млекото, докторката ми кажа дека нормално било да се случи од градата да потече млеко на стискање или пак туширање со топла вода. Болка некоја имаш ли во градите? Јас би се обратила на доктор поради крвта во исцедокот.
Бојата на застоеното млеко е нормална да биде и жолта и проѕирна, но не и со крв. Ако си сигурна дека било крв направи еден ехо преглед. Жлездите и каналите се активни дури и по пет години после прекин со доење, затоа најдобро да не се стискаат градите.
Во плитко ги чував во шишенца. Медела идеа комплет шише со цуцла и плус капаче да не мора цуцла да ставаш или поевтини се Lansinoh имаа 4 шишиња за околу 900 ден само со капаче, а цуцла да си докупиш можеш ако сакаш, ќе ти пуштам линк ако не најдеш. За во длабоко имаш ќесички разни медела, авент, лансинох, провери на различни страни различни цени имаа. Пример авент во сетек ги имаше пред некој месец и најевтини беа, после се лансинох, па медела мислам најскапи беа.
ми треба помош околу вечното прашање, како да знам дали имам доволно млеко? бебето ми е 4 месеци, на ексклузивно доење, до сега напредува супер, не сме имале некаков проблем, јас на почетокот имав и хиперлактација и дури молзев и замзнував млеко, се до оваа недела осеќав како градите ми се полнат помеѓу подои, или приметував кога бебе цицало од таа града дека е помала( празна), при туширање со топла вода обавезно ми течело млеко, оваа недела нагло осеќам дека градите ми се меки , при туширање не ми тече млеко и ако пробам да измозам, а бебе цицало немам млеко ич( што предходно не било така) знам пошо молзам цело време за да и дадам капки и пробиотик бидејќи така не ми ги пие, прашањето ми е бебе не ми делува дека е нервозно, полни пелени како и предходно, поише мочани, будејќи веќе некој период кака на 3-4 дена, не можам да сфатам дали имам млеко или снемувам? знам дека меки гради и тоа што не можам да изнолзам не значи дека немам млеко, но сепак осеќам дека млекото нагло ми се намали. почнав веднаш со чај за доилки, сок од јаболко, земав и таблети лактил, ставам бебе почесто на града, искрено би сакала да продолжам да ја дојам, а многу ми мава на мисла да не ја изгладнувам и дали цица доволно ? навечер спие од 9 до 7 станува 2 пати измеѓу за цицање( мм вика ако е гладна нема да спие) не знам многу ми е на мисла , знам и дека при менструација може да се намали, ама јас уште немам добиено.. ми треба некој совет или некој со сл искуство како да знам дали снемувам млеко, дали бебето е гладно, дали да пробам да дадам ад ?
Ако полни пелени немој да се секираш. Или е веќе воспоставена лактација како што треба, па затоа градите не се преполнуваат или може ќе добиеш. Јас добив кога направи 4 месеци, таа недела беше нервозен и приметив многу помеки гради. Во секој случај најдобар показател ти се пелените
Немаш простор за паника мама. Се воспоставила лактација.Нормално е да не се полнат и да се тврди како на почетокот. Колку побарувачка толку понуда. Градите си се научиле колку треба. Не е на одмет што си пиеш чај и капсули. Бебе ако е гладно ќе е многу нервозно и нема да полни пелени.
Да знаеш колку пати истово сум се прашала. А исто на почетокот измолзев млеко пола фриз наполнив и уште ми стои. Јас добив пред недела дена и готово реков секна, а нема врска. Имало периоди кога ми биле така, ептен меки па после неколку дена пак да ми се преполнат, дури после циклусов морав и да се измолзам еднаш што не ми се случило задњи 3 месеци, а памуче беа неколку дена. Само моментот што викаш дека кога стискаш нема ништо, не ми е познат, може не шприцале, по некоја капка имало, ама па и не дека проверувам цело време и не секогаш ми капе на бањање. Во секој случај ако крева на кг, има мочани пелени (не каки и мојата кака на 3-4 дена), не плаче и е спокојна не би се грижела. Ад не би нудела. Кога ми беше на мисла дека снемувам не пиев чај за доилки и капсули ми беше страв зошто се преполнував на почетокот, ама леден чај, вода, компоти, овес и често ставање на цицка практикував. Кај педијатарот првиот пат кога се жалев дека ми се меки ми рече се штитат од мастит, така да може и си се воспоставила лактација.
Мајка имаш доволно млеко,бебето ти полни пелени и спие навечер. Гладно бебе нит спие ни полни пелени,плаче дури вришти. Ние сме 5месеци меки гради имам веќе два месеци на туширање не тече, не ги притискам и не одмолзувам јас не сакам да стимулирам добро ми е вака без флеки по алиштата и да не се плашам да излезам подолго од дома. Ако ти е мисла додека цица бебе тргни му ја градата ќе видиш дека сеуште шприца. Јас ја слушам кога влече како и тече во устето. Не пијам ништо освен вода. Менструација и јас не сум имала сеуште. Не се секирај мајка
фала ви мами се надевам дека сте во право и дека е веќе воспоставена лактација, па затоа не се преполнуваат градите веќе . инаку пробав одмрзнав од моето замрзнато и дадов после цицање, не сакаш да пие, така да веројатно не е гладна , чисто да ми биде мирна душата сега бевме на педијатар ќе ја однесам пак за две недели да видиме тежината