И јас се нервирам ама не е за млекото. Млеко имам јас. Кога ќе почне да тече цела лом се правам по алиштава зошто госпоѓицава моја додека фати малку се зафаркава на почеток. Кога ја дојам заспива на цицка ја будам и давам не сака повеќе устата ја има запечатено. Додека е така во раце спие ја ставам на кревет се буди. И одма плачење вриштење. Ја земаш во раце трае и разгледува наоколу. И после почнува нервоза да и доаѓа не сака ни во раце ни ништо плаче, кенка. И така седиме цела ноќ будни. Не се издржува веќе. Еве синоќа во 12:30 ја доев до 2:30 не заспа. Во 2:30 заспа пред 4 пак стана. И не спиеше до 9 скоро. И како да го послушам јас тој совет од педијатри на 2,3 часа јадење. Кога мене ми требаат 2 часа да ја успијам па таа ако спие 2 часа се собираат 4 часа . Не можам со сила да и давам кога не сака. Често кога цица фаќа па ме турка плаче пак фаќа пак турка и плаче. И така во круг. Дури помислив нешто не е во ред со моето млеко. Да не немам не го сака или не и е доволно. Направив ад и тоа не го сакаше. Нервозна сум во тие моменти кога ништо не ја смирува, не знам што да и правам. Како немајка се осеќам.
На различен педијатар бев. Прво за 12 дена ја имаа измерено околу 400 грама ама со алишта ја мереа. После тоа после 5 дена на друг педијатар ја мереа ама без алишта само 90гр демек качила. Малку било. Не знаеш веќе кого да слушаш.
https://www.tinyhood.com/courses/br...WLggWhFC9ragLs-U_KTd6_hEqZ2yeemsaApykEALw_wcB Еве ви многу убави часови за доење. Free of charge се.
Преку ден повеќе спие. Како? Да се измолзам или? Кас имам силен млаз на млекото и таа брзо цица лакомо, за околу 15-20 мин е готова. Но нон стоп се засркнува од брзање.
Од денот на раѓање се тие 10-14 дена. Првите 4 дена треба губи. Супер ако твојата одма качила. За бебиња само на доење од прв ден оди поспоро.
Не. На педијатар го носиш и го вагаат (целосно како што си е облечено сосе памперс сосе алишта комплет). Му даваш да цица и цица додека си се нацица. Веднаш го стават на вага пак по цицањето. Разликата од втората и првата тежина е подој
@Erika.greeneyes Скроз исто мајка, саат сон немаме врзано со сопругот. В раце спие, на кревет никако. Еден саат спие на мои гради, еден на негови, одвај успеав да се избањам. И цел ден ќе си ја држам, и цел ден ќе си ја дојам, само трошка сон ми треба зошто веќе ми се лоши. Се надевам ќе се средиме за некој ден, се трудам да бидам смирена, да не се нервирам ама без сон не се функционира.
Прво паднала 110гр. На последниот ден во болница ми рекоа дека само мојата качила килажа и тоа 50гр за еден ден. Таа цицаше и од мене и тие сестрите ад и давале. После 2 дена од тоа веќе ја имаше родилната. Значи 5тиот ден од раѓање. Јас го жалам сопругот на работа оди без спиење. Јас веќе нервозна сум. Раце ми паднаа. Ми треба сон. По час два само ако спијам. Преку ден се успива јас кога јадам се туширам и сл. Кпга сакам и јас да спијам со неа не спие каков малер. Не е еден ден, ние повеќе од три недели сме. Вие колку имате?
Е затоа сме мајки. Ќе се средите и со спиењето, нека направат месец, два. И моево тогаш на две- три недели после пладне беше само на града. Никако поинаку! И тоа траеше подолг период, ама затоа си воспостави лактација, си надојде млеко и сега еве 5 месеци си тераме така. Се е минливо, само треба трпение.
Се пазам демек со јадењево, и пак многу грчеви има. Ако станува збор за грчеви не знам ни сама. Нема запек, ама се мачи додека се покака. И цела се собира се грчи. До колку месеци трае ова?